Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.08.2012, 17:27

Бранителите ги скараа Груевски и Ахмети

Вчерашниот ден драматичен за Владата: ДУИ се закани дека ќе ја напушти коалиција. Присуството на Рикер предизвика дополнителни шпекулации за политичката ситуација

Наум Котевски



ДУИ ќе ја напушти Владата доколку Законот за бранителите помине во Собранието без во него да бидат вклучени и борците на ОНА и нивните семејства, тврдат високи функционери од албанскиот партнер во власта.

Предлог-законот, кој би требало денеска да влезе во собраниска процедура, според ДУИ, го крши таканаречениот Мајски договор.

„Доколку Законот се усвои, а не поминат амандманите на ДУИ, ќе има промени во коалицијата“, се закани генералниот секретар на „интегративците“ и министер за животна средина, Абдулаким Адеми, во изјавата за порталот на албански јазик „Порталб“.

Според ДУИ, и во 2011 во текот на преговорите за формирање на Владата ВМРО-ДПМНЕ се обврзала во овој мандат да не се покренуваат прашањата околу конфликтот во 2001 година.

ОД ВМРО-ДПМНЕ, пак, на заканите на ДУИ одговорија кратко со ставот дека партијата води принципиелна политика базирана на идеолошката платформа утврдена од партијата и членството.

„Таа платформа и тие политики добиваат свој легитимитет на секои избори. Чиновите од типот полагање цвеќе на споменик во Слупчане не биле, ниту се дел од политички договор меѓу партнерите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-законот за бранителите, според наши извори, наводно е подготвуван подолго време и требало да и' послужи на ВМРО-ДПМНЕ како предизборно оружје, но последните настани со положувањето цвеќе од страна на министерот за одбрана Фатмир Бесими на споменикот на УЧК во Слупчане, го забрзале поднесувањето.

ДУИ за случајот Слупчане потенцираше дека намерата била простување и помирување, додека од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека тоа е само перчење пред сопствениот електорат, со цел добивање краткорочни партиско-политички поени, на сметка на меѓуетничката доверба. Премиерот Груевски, во својата жестока реторика, меѓу другото, го нарече Бесими, со кого не сакаше да се поздрави на парадата на АРМ во касарната „Илинден“, приватно лице, а официјален Вашингтон истовремено го пофали потегот на министерот како храбар и визионерски. Додека во полн ек се шпекулациите дека и на двете партии им одговара овој случаен или договорен раздор, со цел да предизвикаат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, со силна аргументација пред сопствените гласачки тела, проструи и информацијата дека Али Ахмети и Никола Груевски се повикани во Амбасадата на САД на помирување. Таа „трилатерална“ средба, сепак, не се случи. Двајцата лидери вчера се сретнаа со помошник-заменик државниот секретар на САД и поранешен амбасадор во земјава, Филип Рикер, но одвоено. Прв Груевски, а по него и Ахмети. Барем според официјалните изјави, на средбите немало разговори за скандалот во Слупчане. Ниту Ахмети, по средбата со Рикер, не се осврна многу на случувањата во коалицијата, но кажа дека деновиве немал средба со Груевски.

Инаку, најголемата опозициска партија во македонскиот блок СДСМ завчера се изјасни дека нема да го менува ставот и дека ќе го поддржи Законот за бранителите. Извори од СДСМ, сепак, нагласуваат дека е чудно што сега се предлага Закон за бранителите, а во 2008 година беше одбиен предлогот на Достоинство, со образложение од премиерот Никола Груевски, дека тој ќе го оптовари буџетот за 300 милиони евра. Ако тогаш немаа пари, од каде ќе најдат сега, вели нашиот соговорник.

Амандмани за Законот за бранителите, кој, според ДУИ, треба да го носи името „Закон за жртвите во конфликтот 2001 година“, освен ДУИ подготвува и партијата на Руфи Османи, НДП.

И за оваа партија, предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и нивните семејства, е уште една потврда за популистичката и во основа антиалбанска политика на Владата.

„Ваквиот потег на Владата не придонесува во подобрувањето на политичката атмосфера во земјава. Напротив, иницијативата за усвојување на ваков закон, 11 години по конфликтот од 2001, има за цел да ги поттикне меѓуетничките тензии, нешто што носи добивка само за власта, но не и за обичните граѓани на оваа држава. Законот, во форма и содржина, е целосно спротивен на духот на Охридскиот договор и, п��ед се', промовира нееднаквост меѓу граѓаните поделувајќи ги на ’бранители’ и ’терористи’“, велат од НДП.

За ВМРО-Народна, пак, ставањето на Законот за бранители во собраниска процедура е само уште еден показател за исплашеноста на ВМРО-ДПМНЕ дека ја губи власта.

„ДПМНЕ имаа цели шест години да им ги дадат правата и бенефициите на бранителите кои се пропишани и со сега постојниот закон. Но, наместо тоа, бранителите континуирано беа потценувани и свесно оставени на маргините на општеството. Нивните барања и предлог-закони во 2008 и 2010 година беа целосно игнорирани. Сега, кога рејтингот на ДПМНЕ вртоглаво паѓа и им се одбројуваат деновите, не бираат средства кого се' уште да излажат и изманипулираат за да дојдат до ново гласачко тело бидејќи старото гласачко тело континуирано ги напушта“, велат од Народна.


Статијата е прочитана 2555 пати.

Испрати коментар



Владин тим во Америка по инвеститори
Деветмина прогласени за кодоши побараа судска заштита
Не постои опасност од Ал Каеда во регионот
Балканот нов фронт на милитантниот исламизам
Што сака да чуе Америка



jovan, 22.08.2012 00:21:58
Ova moze da e del od igrite koj ni gi prireduvaat 6 godini. Denes se karaat, utre DUI najavuva izleguvanje od koalicija, zadutre se zavrsuva so dilovi i tenderi. Ako ne e, togas e uvod za predvremeni izbori na koj ke igraat na kartata na ekstremen nacionalizam. Demek ja branat Makedonija od Albancite, pa ke baraat masovna podrska od glasacite za 60 i kusur mesta vo Parlamentot, a vsusnost ke bide cista alcnost za gola vlast, i golem strav od gubenje na vlasta. DUI isto taka ima potreba da se predstavi pred Albancite kako partija koja ne e samo privezok ma VMRO. Ostanuva uste prasanjeto, kade e vo seto ova SDSM i opozicijata. Sega za sega, NIKADE. Nesto vo stilot, sakam da pobedam, molam boga da ne pobedam, bidejki ako pobedam neznam sto da pravam i od kade da pocnam so sreduvanje. Bilo koj da e na Vlast/dojdi na Vlast, mu predhodi strasno teska i odgovorna rabota so mnogu trud, i zrtvuvanje, a za vozvrat nema i netreba nisto da ocekuva. Na mnogumina takva Vlast ne im e interesna.
dosta vise-gi naucivme, 22.08.2012 01:00:27
jasno ni e sve, diganje rejting pred lokalni!! klosarska drzava, klosarski politiki..
ez-mani, 22.08.2012 02:05:43
pravoto na skoj narod e da gi uzhiva svite chovechki prava zagarantirani od gospod,i sekoe diranje i omalovazhuvanje na pravata na eden narod predstavuva rushenje na sozhivotot a so toa i rushenje na mirot.teroristi ne mozhe nikoj da gi nareche pripadnicite na eden narod,vo sluchajot vo makedonija imashe na dvete strani zhrtvi koji nevino gi dadoa svoite zhivoti mislejqi deka se vo pravo.no lupche gorgievski togashen premier na republika makedonija go zapali fitilot na omrazata mislejqi daja podeli makedonija na bugarski i allbanski dell pod parollata deka ja brani makedonija,i na kraj se zapisha kako bugarin.ako se saka bratski da se zhivee vo edna drzhava treba da se pochituvaat principite na ednakosta taka shto na neprijatelot na makedonija mu se zatvaraat vratite.a ako se odi slichno kako shto pravaat politicharite na grcija prema svoite sogragjani togash i vo makedonija gjavolot qe go igra oroto na omrazata i zloto.
kole, 22.08.2012 02:26:43
Нешто малку читнав од законот. Конкретно, дефиниција на “бр��нител“. Отприлика - униформирано лице кое во период од тој до тој , и т.н. Со други зборови, законот се однесува само на “бранителите“ од последното (што дури ни војна не беше, затоа што не се прогласи вонредна состојба) пушкарање во Македонија. Она што ми е нејасно е, ЧЕКАЈТЕ, зар ваква е праксата и во другиве држави?!? Па зар не се бранители оние што се во Авганистан на служба, на пример? (нема ранети или загинати таму, колку знам, пу, пу... )И, ако таму некому нешто му се случи, кој ќе го чува човекот? (ќе треба нов закон ли?)
marika, 22.08.2012 10:25:41
ohridskiot dogovor e vestacki i kreiram od grci i amerikanci jasno deka nema idnina...mnogu dobro vi rece dpa potreben e nov dogovor...ili uste pojasno vo kaza manu vo 2001 potrebna e podelba se drugo e iluzija,fantazija,ideal a zapazete i vo samiot konumizam veleja ideal e ideal a ne vistinata i praksata...
pile, 22.08.2012 11:08:10
Vo uslovi koga vo Drzjavata cii institucii sestt godini se dlaboko partiziraat, so presmetka so se` sto nee clen posebno na DPMNE,od Javno pretprijatie do Ustaven Sud,kade profesionalizmot vo rabotata se izdignuva na nivo na lojalnost sprema liderot na partijata,kako i vo uslovi na somnitelni apsenja so doza na politicko zamolcuvanje so sudski procesi koi, od poveke kako vnatresni taka i megjunarodni relevantni institucii se ocenuvaat kako nedemokratski, koga edna od osnovnite Ustavni temelni vrednosti, vladeenjeto na pravoto od strana na Stejt departnmentot na SAD e potencirana kako neuspeh na izvrsnata vlast za 2011 godina,potegot na dvata koalicioni partneri za raskinuvanje na vakvata druzjba e ocekuvan a posebno koga zastojot na patot na evrointegraciite na zemjata e evidenten.Da ne mislat liderite na dvete najmnogubrojni parlamentarni partii vo Sobranieto deka semeto na razdorot bez niv nekoj ke go sobira so makotrpna rabota kako sto veli G-din Jovan vo komentarot.OSTAVKA
MENE, 22.08.2012 11:11:54
BRANKO e kriv
jovan, vlada @, 22.08.2012 11:16:28
Кога не го носеше овој закон ВМРО-ДПМНЕ тогаш сите се бунеа зашто не се носи,сега кога се става овој закон за посебни права за бранителите од 2001 година одма се крава врева дека овој закон е контра одговор на инцидентот од Слупчане.Ќе повторам уште еднаш па и да е што има тука лошо,знам ќе кажете лицемерие,довјни стандарди и ред други битни и небитни забелешки но според мене јас ја гледам поголемата слика од целава ситуација а таа е конечно решавање на правата на овие лица кој несебично ја бранеа државата кога и беше најпотребно и небеа како „ПАТРИОТИТЕ ОД ХАЛКИДИКИ И ДРУГИТЕ ПЛАЖИ НА ГРЦИЈА“ кој СДМС ги користеше за криење или бегање од обрската за служење во армијата на нивните истакнати членови и сите дргуги членови на СДСМ кој се криеа по селата низ Македонија кога на државата и беше најтешко.И сега види парадокс тие се првите што се опираат зашто се носи сега овој закон,демек било лицемерно и се користело за довибање на дневно политчлки поени? Па и да е што има врска битно е ...
Ован&невлада, 22.08.2012 12:39:16
Ме изнасмеја,навистина мислиш дека ќе добијат бранителите нешто,а да не добијат „онашите“?! Море, пиперевка ќе играте,кога си го дадовте г..т под кирија! Е.дпмневчиња , „антички патриотчиња“! Ни плажите во Грција не ви помагаат!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што пр��ват денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |