Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
30.11.2012, 15:04

Албанија се пере од скандалот



Официјална Тирана се обиде да ја поправи штетата, излегувајќи со помирувачка изјава дека нема и никогаш немала територијални претензии кон соседите

Големоалбанската изјава на претседателот Сали Бериша, што беше дочекана како скандал во Грција и во Македонија, предизвика згрозеност и во дипломатските кругови кај нас, како порака која е спротивна на амбициите за влез во Унијата и штетна за стабилизирањето на регионот. Два дена потоа, по прославата, и официјална Тирана се обиде да ја поправи штетата, излегувајќи со помирувачка изјава, т.е. со тврдењето дека нема и никогаш немала територијални претензии кон соседите.

„Албанија и нејзиниот народ немаат територијални претензии кон сосе��ните држави“, изјави албанскиот претседател Бујар Нишани во Тирана. „Во целата наша историја, дури и во многу тешки моменти, Албанија и нејзиниот народ никогаш немале намера да присвојат територија од своите соседи“, додаде тој одговарајќи на новинарско прашање.

Во средата шефот на грчката дипломатија во последен момент го откажа присуството на одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, откако пред полетување од аеродромот добил транскрипт на говорот на Бериша во кој повика на „национална независност на сите албански страни од грчкиот град Превеза до Прешево и од Скопје до Подгорица“.

Грчките медиуми денеска ги цитираа оценките на тамошни дипломатски извори дека изјавата предизвикала криза во албанско-грчките односи, а истото иако не беше кажано гласно, се случи и со Македонија, по откажувањето на посетата на нашиот претседател Ѓорѓи Иванов. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 5764 пати.

Испрати коментар



ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



mile, 30.11.2012 18:25:53
Laze Berisa isto kako nasiot minister Zoran Stavreski.........
Mizi Mitro!, 30.11.2012 19:34:17
Da im veruvame koga cvece ni nosat ili koga oruzje odnosat? Ma dajte vece so takvi naivni opravduvanja. Zarem celiot makedonski narod ne vide na lice mesto shto se sluchuvashe i seushte sluchuva do konechnata cel. Dosta mizevme!
Pero, 30.11.2012 22:17:20
Ne se sekirajte, i vie nema da izdrzite dolgo cim vikate deka religiozni mesani drzavi se neodrzlivi i kaj vas pola se hristijani pa bidete sigurni ke dojde denot koga Albanija ke se rasturi vnatresno. Na povidok e religiozna vojna vo svetot, a glavnata uloga ke ja imaat IZRAEL, epa braka vreme e... Lets the game start!!!!
Kultiviran Balkanec, 30.11.2012 23:25:52
Deka Tirana se pere od skandal, toa e dosta preuvelichana konstatacija. Nema granici shto mozhat eden ist narod da go drzhat razdelen vo tri drzhavi. Albancite i ponatamu kje izjavuvaat deka nemaat teritorijalni pretenzii, no faktichkata situacija e taa, deka tie se vekje obedinteti i gazdi vo Zapadna Makedonija i Kosovo.
prijatel, 30.11.2012 23:49:03
Ovie pa vcera progledaa, sega ke osvojuvaat teritorii. Bog da cuva..
jovan, 01.12.2012 00:04:55
Se koregirale zatoa sto se vmesale Grcite, pa gi fatilo prpa. Za nas bas im e gajle. Ovde ke izjavuvaat i pravat sto sakaat doprva. Ke se uverite na prolet sto vi spremaat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |