25.03.2012, 17:41 Патувачките шоуа ги заменија големите реформи
Докажани рецепти за привлекување инвеститори или само перцепција дека нешто се прави за подобрување на економската слика
Нина Нинеска-Фиданоска
Никола Груевски и Зоран Ставрески во Катар, Владимир Пешевски во Германија. Не запира ударничкото темпо на летечки лов по странски инвестиции. За нецели три месеци, Катар е четвртата дестинација која владиниот врв ја избра за претставување на одличните можности за инвестирање во Македонија.
Докажани рецепти за привлекување странски инвеститори или само креирање перцепција дека нешто се прави за подобрување на економската слика? Ќе донесат ли реална корист овие патувачки шоуа или ќе останат запаметени само како бесцелни трошења на државните пари? Не стивнуваат дилемите, особено што власта покажува дека нема намера да застане со ваквите скапи инвестициски презентации.
Се наметнува и едно друго прашање, дали можеби помина времето на „големите економски реформи“ кои на Владата на Никола Груевски и' беа најсилна карта во освојување на симпатиите на граѓанството, па останаа на располагање само далечните промоции на инвестициските можности? Атрактивните даноци, регулаторните гилотини и мноштвото други „реформски потфати“ веќе не се главна тема, напротив, роуд-шоуата се тие што убедливо го заземаат приматот.
„Кога дојде оваа гарнитура на власт во 2006 година, главен адут и' беше привлекувањето странски инвестиции. Се сеќаваме на оној балон над Владата ’Инвестирајте во Македонија‘. Таа потрага по инвестиции траеше околу две години, па потоа како да се заборави. Сега, пак, откако веројатно се потрошија другите играчки, и во отсуство на нови, власта и' се враќа на старата играчка, ловењето инвестиции“, коментира Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет.
Тој го критикува трошењето огромни суми државни пари за овие патувачки шоуа, без никакви претходно направени кост-бенефит анализи. „Како и за се' друго, и во поглед на патувањата, оваа власт не троши колку што треба, туку колку што може и колку што има. Притоа, не прави анализи околу ефектите, ниту се труди да најде поевтини начини за привлекување инвестиции“, вели овој аналитичар.
Инаку, владина делегација предводена од премиерот веќе е во Катар. Груевски ќе се сретне со емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Во состав на делегацијата е и вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, како и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, Виктор Мизо.
Делегацијата вчера го посети „Катар холдинг“, катарски владин инвестициски фонд, чиј делокруг на работа е инвестиција во јавни и во приватни компании во секторите енергетика, индустрија и инфраструктура, телекомуникации и технологија, недвижности, трговија, земјоделство и стоки. Овој фонд е втор најголем на светот, а неговата капитализација изнесува 400 милијарди долари. Владината делегација имаше средба со менаџерскиот тим на фондот предводен од Хусеи Ал Абдул, претседавач на Бордот на Фондот, и Ахмед Ал Суед, главен извршен директор. По Турција, Индија и Малезија, Катар е четврта дестинација годинава од владиното роуд-шоу.
Уште една владина делегација, со истата цел - привлекување странски инвестиции, е во странство, но овој пат на европска почва. Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, во следните три дена ќе престојува во Германија, каде што ќе ги претстави инвестициските можности на Македонија. Првиот бизнис-форум требаше да се одржи вчера во градот Улм, а потоа ловот на инвеститори продолжува во Штутгарт и во Диселдорф. Покрај Пешевски, на пат во Германија заминаа и министерот за странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.
А во меѓувреме, меѓу едно и друго патувачко шоу, овде се чини како дека се случува напад врз сите сетила за тоа колку многу инвестиции ќе дојдат во следниот период.
Премиерот Груевски пред да замине за Катар објави дека две американски и една германска компанија од автомобилската индустрија донеле одлука за инвестирање во Македонија. Нивните фабрики треба да бидат стационирани во Тетово, Струга и во Скопје, а сите заедно се очекувало да вработат околу 4.000 луѓе.
Според Узунов, наместо факти, „овде станува збор само за сервирање перцепции“, веројатно како оправдување на големите трошоци за промоциите по светот. „Колку луѓе ви кажале реално дека се вработиле в�� некоја фабрика“, прашува професорот.
Според последните податоци на Народна банка на Македонија, минатата година во земјава биле инвестирани 303 милиони евра, што е двојно повеќе во споредба со претходната 2010 година, но, сепак, помалку во споредба со земјите од соседството. |
|
Статијата е прочитана 3986 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Ристо, 26.03.2012 03:27:23 | Народов вика Мижи Асан да ти баам. Толку прошетаа по светот, чинам во секоја дупка и што е ефектот??? Инвестициите повторно бегаат во Србија, Албанија и останати земји од регионов. Исто беше и со милијардата на Циле. Евтин трик за широките народни маси. |
| jimmy1, 26.03.2012 05:58:10 | Cirkuzot Grujos na turneja niz svetov. Po se izgleda dega nema so sto da ne lazat poveke, ( site lagi gi ispotrosija) sega patuvaat niz svetot baraki novi poglavja za novite lagi. Izgleda site go imaat gledano filmot Put oko svijeta za 80 dana a nivniov ke bidit za 360 dena. |
| Ivica, 26.03.2012 06:34:37 | Si gi zavrsija reformite doma,podgotvija teren i kako logicen prodolzetok na seto toe so direktni kontakti lovat investiii vo stranstvo ...nema nisto nelogicno vo seto toa!
Bidejci toa e dolgorocen proces koj na pocetocite bara mnogu napori a rezultatite se efektuiraat i stanuvaat vidlivi pred krajot na procesot,ajde da im dademe sansa,da vidime sto ce napravat,a cost-benefit analizata site zaedno ce ja napravime na slednite izbori i taka i taka procesot do togas ce bide vo poodminata faza pa istata analiza ce bide mnogu porelevantna!Vo medjuvreme gradjani na Makedonija,da im dademe podrska na vakvite napori,da se odlobodime od predrasudite a trosocite za nivnite patuvanja sto site zaednicki gi podnesuvame da gi svatime kako investicija vo nasata idnina...so pozitivna misla vodeni,da se nadevame deka eden den site zaednicki ce gi uzivame benefitite! |
| wd40, 26.03.2012 07:33:07 | Ako stignavte da dobivate sovet od Uzunov .... cccccc |
| Istocna Makedonija, 26.03.2012 09:48:14 | Nesporni se patuvanjata na najvisoko drzavno
nivo za privlekuvanje na stranski investicii!No,
kolku li avioni se okupirani,kolku ova cini narodni pari vo oficijalno-turistickite turi na mnogu drugi
delegacii od ponizok rang.Se naigravme,vreme e
da se prosetame,gratis na drzavna smetka! |
| Roul souto prodolzuva, 26.03.2012 10:36:28 | Roul souto prodolzuva i slicno na veselenata se siri kon beskonecnosta. A sto ubavo nasta ekipa e kadrosana onaka nasmeana pred onie maketi, da ti e milina da gi gledas. Ne znam dali emirot Al Tani ce im se revansira za cadenjeto sto mu go priredija vo Alaksandar Palas?Se nadevam ne e zlopamtilo. |
| Македонец, 26.03.2012 10:40:30 | Реално, од 198 земји во светот кој така ad-hoc би дошол во Македонија... повеќето не ни слушнале за нас... тоа е исто како јас да имам фабрика и произведувам, и чекам во канцеларија да дојде некој да ми купи од тоа што го произведувам... никогаш никој нема да дојде... за да дознаат дека постоиш треба да си нападен и да се рекламираш... како вика старата поговорка: од дома седење девојка (дечко) не се наоѓа... |
| Mudrec, 26.03.2012 10:45:53 | Pa ako nema kjar od patuvanjata, od kade duplo investicii vo 2011? Ke imate li doblest da priznaete deka ste zgresile ako se ostvarat najavite? |
| Daliborka, 26.03.2012 12:34:40 | VMRO dojdoa na vlast zateknaa haos vo site segmenti promenija mnogu raboti i se uste rabotat na promeni ne odi toa taka ednostavno za se e potrebno trpenie i vreme.Sega patuvaat po svetot baraat stranski invecsticii sto ima vo toa loso efektite ne se odma vidlivi i za toa e poptrebno trpenie i vreme.Zatoa ne kritikuvajte poglednete i na realnosta vo oci.Vo nasata drzava bukvalno nisto ne bese napraveno dodeka SDSM bea na vlast gi pametime samo po zatvoranje na fabriki i ostaveni luge na ulica i sega sto pravat se vo opozicija i pravat cudni koaliciranja Zernovski-Georgievski makata gi spoila haha kakva maka pusta zelba da se dojde na vlast i povtorno da se krade ama ovoj narod e mudar i znae koj laze a koj sozdava i se bori za pravata na svojot narod. |
| Трпе, 26.03.2012 12:59:07 | Од толку многу инвеститори кои ЌЕ,Ќе,ќе дојдат кај нас глава ке не боли.Ако народот нема ќар,барем ќар ке биде шетањето на нашите бладини функционери.Сега има шанса нашиот пастир да го видиме облечен и како шеик.Радувајте се македонски народе на власт ке имаме и шеик.Навалете и вие странски инвеститори во РМ и9ма ефтина работна рака.Тие не барат многу ке се задоволат со лепче и солце.Абреее македончееее,што ли ти ме снајдеее....Од главата че е.. |
| Лукав, 26.03.2012 12:59:11 | Мудрецу, кажи една инвестиција во 2011 година,од тие дуплираните! |
| kabirbedi, 26.03.2012 14:00:51 | Vo Ohrid postojat pogoni i obuceni kadri za proizvodstvo na delovi za avtomobilska industrija od bivsa Zastava a ovie gospoda imaat namera da otvoraat fabrika vo Struga, po koja logika ve molam... |
| Реален, 26.03.2012 14:07:29 | Имавме доволно време да се увериме во неспособноста на Груевски и неговата лоповска дружина дека едноставно не ги бива за дуинг бизнис. Шест години зарем не е доволен период?! Па Грујо кога се бореше за власт викаше дека старите не чинеле затоа што четири години државата стоела во место (пошто нели пред тоа пак Грујо беше на власт). А сега вика дека 6 години му се малце, па бара 20 години за да ги остварел проектите? Па кокошка да ставиш во премиерската фотеља (т.е. да нема воопшто премиер) побрзо ќе ја бидне Македонија. Инаку мудрецот го споредува нивото на инвестиции во 2011 со нивото во катастрофалната 2010, кога беа драстично намалени, така што колку и да биле мизерни инвестициите во 2011, тоа ќе се покаже како плус над уште по мизерната 2010. Доста со спинови, лопови! |
| bitola troa skolovan, 26.03.2012 14:17:35 | Gledam pristojni komentari na odobruvanje na potrebnoto vreme za cekanje na investiciite,sto me raduva sto seuste ima ludje koi ke preostanat da docekaat.Sto so tie koi od siromastija ke izumrat.Samo preku eden primer ke ve zaprasam koj odgovor da im go kazeme na bitolskite transporteri na ucenici koi milion i dvestailjadi evra pobaruvaat od drzavata.Premierot go dade najadekvatniot odgovor na negovata politika kon domasnite stopanstvenici a toa e ke im ispratam avtobusi vo bitola i dosta so tie problemi.Za zal ne kaza koga ke plati.I da ne redam sto se trpat domasnite firmi,zavcera se rastovarija 12o inspektori so avtobusi vo Bitola da gi ceslale firmite.Vo okupacija ne bilo vaka.Togas sto rabotat vo kancalariite uste edna reka vo ministerstvata i UJP.......Neka ima samo inspektori i ispolnuvanje na stavkite vo budzetot od kazni nisto drugo. |
| koco amsterdam, 26.03.2012 15:12:52 | Ostajte go premiercevo, trgnat e ... po patot po koj odel Ace voinot, samo uste Bukefal mu fali pa da ja oseti originalnosta na voenite odnosno investiciskite pohodi. Junak mashala, nema sto. |
| Ljube, 26.03.2012 21:09:58 | Respekt! |
| Стариот Бате, 26.03.2012 21:50:48 | Ко мали деца пред убави играчки. Глумат лудуло. Вештачи се церат, а во суштина не знаат зошто. Само уште Ташковиќ и фали за се да биде во ред. Мизо, мизеријо бедна. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите | |
|