Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
26.12.2012, 16:13

ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР



Спикерот Трајко Вељаноски изрази жалење за инцидентот со новинарите и најави дека ќе поведе постапка за да утврди кој е одговорен за тоа

Даниела Трпчевска

„Ако сега не се санкционираат они кои користеа сила против новинарите, постои опасност во иднина и другите да добијат сила и уште пожестоко да се осмелат да се пресметуваат со новинарската фела“. Ова е ставот на претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, кој пред неколку дена беше сведок на немилите случувања во парламентот, кога новинарите беа отстранети од галеријата каде што ги следеа превирањата околу донесувањето на буџетот за 2013 година.

Селмани и членовите на ЗНМ вчера поднесоа претставки до претседателот на Собранието, до Народниот правобранител и до МВР, со барање да се утврди кој стои зад бркањето на новинарите и оневозможувањето професионално да ги извршуваат работните задачи. Во меѓувреме новинарските здруженија, невладините организации и новинарскиот синдикат испратија писмо до Меѓународната федерација на новинари, во кое ја опишуваат ситуацијата во земјава, ги известуваат дека со инцидентите во понеделникот се прекршени Уставот и законите и меѓународните стандарди и од нив бараат поддршка за новинарите да можат непречено да работат.

„Штетата е направена, сега се на потег институциите да го спасат нивниот образ и образот на земјата пред светот“, вели Селмани.

Тој од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски очекува да се огради од непрофесионалното однесување на собраниските служби, а од МВР бара да се открие идентитетот на тој што ја издал наредбата да се користи сила против новинарите, без никаква основа.

„Бараме да се поведе постапка за утврдување одговорност и санкционирање на сите кои беа вклучени во акцијата против новинарите. Слична постапка очекуваме и за припадниците на обезбедувањето кои покажаа насилно однесување“, изјави вчера Селмани. Тој изрази верување дека најголемиот дел од вработените во полицијата се професионалци и дека ќе го препознаат непрофесионалното однесување на нивните колеги. „Очекуваме да се дистанцираат од нив и да ги санкционираат“, вели претседателот на ЗНМ.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вчера изрази жалење што новинарите беа отстранети пред почетокот на седницата, посочувајќи дека одлуката ја донело надлежното собраниско обезбедување за да не дојде до поголем инцидент. Тој ќе побара да се поведе постапка од надлежните институции за да се утврди одговорноста за настанот.

 „Собранието секогаш било максимално транспарентно, а јас лично, како претседател секогаш се заземам за отворен и професионален однос кон новинарите. Имајќи предвид дека беше најавено оти опозицијата нема да дозволи буџетот да се донесе и беа најавени протести и инциденти, побарав од обезбедувањето да обезбеди редовен тек на седницата“, вели Вељановски. Тој додава дека, откако се случил првиот инцидент и тој како претседател на Собранието морал да биде извлечен од пленарната сала, обезбедувањето донело оцена дека галеријата мора да биде празна за да не се случи некој поголем инцидент.

„За оваа оцена, кога станува збор за присутноста на новинарите, како претседател изразувам жалење. Ќе побарам да се поведе постапка од надлежните институции да се утврди одговорноста за настанот, при што сакам уште еднаш да апелирам дека и понатаму ќе се заземам за максимална отвореност и транспарентност на Собранието“, вели Вељаноски.

Премиерот и претседателот на државата изминативе денови изразија жалење за „немилите случувања со новинарите“, но ЗНМ одлучи да ги напушти преговорите со Владата. „Апсурдно да се разговара за подобрување на состојбата на медиумите кога на терен ни се случуваат вакви настани каде што се демонстрира сила против новинарите. Сега е моментот кога треба да се рече стоп на неодговорното и незаконско однесување кон новинарите“, објаснува Селмани.


Статијата е прочитана 884 пати.


Испрати коментар



Грција се подготвува за Метју Нимиц
Политичката агонијата ќе потрае
ДУИ и ДПА алиби за политиката на ВМРО-ДПМНЕ
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите



posmatrac na tragikomedija, 26.12.2012 17:57:08
Sto da se sankcionira? E Naser,Naser, a kade ti zivees? Stetata e napravena i taa so nisto i nikogas nema da moze da se sankcionira. Vo EU da vlezeme, so maltretiranje na novinarite vo sobranieto? Aj eden slicen primer vo istorijata ? Za Rajhstagot vo 1933, toa veke go znaeme.Drug nekoj po taze.
jas, 26.12.2012 18:04:03
ovoj pa veljanovski se pravi mutav na sila pa site znaat deka toj izdal naredba do obezbeduvanjeto da gi isfrli novinarite i opozicijata pri sto koristele i prekumerna sila i bile povredeni nekolku pratenici megu koi i edna bremena zena ova go nema nikade takov cinizam
хехехехехехехех, 26.12.2012 19:01:02
Способнос е ова е способнос,Велјановски сега ке ги казнит исфрлаците на новинарите,а новинариве лазат оти биле избркани ,срам да му е лазговци,ем новинари ем лазжат. хахахахахахах е ова ова немам зборови не ми се верува за сто се способни овие ем неписмени ем способни за глупости лелелелелел . Ем црни грујо се нареде пред време ем е загризен е ова ти са вика ,лагата боде боде
Кадавер, 26.12.2012 21:04:51
мене друго ми е интересно; новинарите ако се слободни а не пајаци на сдсм, нема да молчат ѕа тоа што сдсм го прави со застрашување на новинари. Па колку тужби има сдсм против новинарите, а еве сега Човекојадецот живи луѓе што ќе јадеше сега ќе пука, ама на новинарот кој го водел раѕговорот и жив го разоткрил му се заканува со кривични ?? па нели новинарите и медиумите се слободни, која Демагогија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Недела
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (39)
Зошто Јованка бараше масерка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Интервју - Нема да дозволиме насилство врз медиумите
Во Собранието се прекрши домашното и меѓународното законодавство. Практично, се случи цензура, бидејќи некој реши да им ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |