Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
30.07.2012, 14:39

За мнозинството македонски граѓани интеграцијата во ЕУ и НАТО нема алтернатива

За 61,4 отсто од граѓаните во Македонија, без разлика на етничката припадност, членството во ЕУ и НАТО е стратешка ориентација на државата

Мнозинството граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност (61,4%) сметаат дека членството во ЕУ и НАТО се стратешка ориентација на државата и не гледаат алтернатива на евроатлантските интеграции.

Тоа го посочуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) спроведено со теренска анкета од 19 до 26 јули на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници, во врска со ставовите на граѓаните за надворешната политика на Република Македонија и односите со Европската унија, во поглед на стратешката ориентација и постигнувањата на Владата на тој план.

Прашани за исправноста на надворешната политика на државата, граѓаните се поделени. Околу една третина или 30 отсто сметаат дека надворешната политика на Македонија се води во вистинска насока, 33,6 отсто сметаат дека таа се води во погрешна насока, 23,8 проценти од испитаниците се неутрални, a 12,6 отсто немаат мислење за тоа.

По основ на етничката припадност, кај етничкитe Македонци, 33,7 отсто изјавиле дека надворешната политика се води во вистинска насока наспроти 29 процени кои сметаат дека се води во погрешна. Кај етничките Албанци, пак, 42,6 отсто од испитаниците имаат перцепција дека насоката е погрешна, наспроти 20,6 отсто за кои таа е вистинската.

Прашани за посветеноста на Владата на интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, 43,2 отсто од анкетираните сметаат дека не прави се што е неопходно за интеграциите, наспроти 37,6 отсто кои го сметаат спротивното. Од испитаниците, 47,3 осто сметаат дека проширувањето не е приоритет за ЕУ, наспроти 34,6 отсто кои мислат дека е приоритет за Унијата. На мислење дека ЕУ не сака Македонија да стане нејзина членка се 44,3 проценти, наспроти 38,4 отсто од анкетираните кои сметаат дека Брисел сака да станеме нејзина членка.

Постои етничка поделеност во перцепцијата за посветеноста за членство во ЕУ. За етничките Македонци, ЕУ не е посветена на членството, за етничките Албанци Владата не е посветена. Вкупно 41,8 отсто етнички Македонци сметаат дека Владата прави се што е потребно за интеграцијата во ЕУ (и НАТО), а повеќе од половината оценуваат дека проширувањето во овој контекст не е приоритет на ЕУ (52,7 %) и дека ЕУ не сака Македонија да биде нејзина членка (51,3 %). Од друга страна, 56,8 отсто од етничките Албанци сметаат дека Владата на Македонија не прави се што е потребно за интеграцијата во ЕУ (и НАТО), ка��о и дека проширувањето во овој контекст е приоритет на ЕУ (52,7 %) и дека ЕУ сака Македонија да биде нејзина членка (57 %).

Секој четврти граѓанин смета дека Македонија ќе стане членка на ЕУ за шест до 10 години и заедно со тие што се поголеми оптимисти, секој втор граѓанин има очекување за членство за десет години од сега. За разлика од нив, секој петти граѓанин смета дека Македонија нема никогаш да стане членка на ЕУ.

Извештајот од истражувањето во целост може да се преземе од веб страницата на МЦМС.


Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар



НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот
Активни пожари на Кожуф и во Конче
Намален бројот на работниците во индустријата
Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ
Грција банкротира уште во март годинава
Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница
Половина Индија остана без струја
Грчките коалициски партнери никако да се договорат за мерките за штедење
Помошта на Франција за домашната автоиндустрија е легална
Ограничено движење низ Националниот парк „Маврово“
Во Македонија, генерално, се почитуваат верските слободи
Пожарите во Македонија ставени под контрола
Сончево со слаб до умерен ветер
Нема опасност пожарот да ги зафати куќите во село Долно Дупени
Жежок септември за името
Од идната година помала основицата за пензија
Обид за убиство во Сенокос
Зајакната безбедноста во бугарската нуклеарка „Козлодуј“
„Галуп интернешенел“ - Македонците најрелигиозни во Европа
Бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денари по литар
Кривична пријава против едно лице за предизвикување шумски пожар во Струмичко
Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Тетовско
Тројца загинати во две сообраќајни несреќи
Двајца турски војници загинаа во судир со курдските бунтовници
Брејвик порано или подоцна ќе биде ослободен
Прием на Македонија во НАТО како дел од поширок план за регионот
Басеску останува претседател
ОН бараат безбеден пристап до Алепо
(ОБНОВЕНО) Активни пожарите во Струмичко и во Василево, локализиран во Ресенско
Сончево и многу топло
Железничкиот сообраќај со Грција прекинат поради превртени вагони
На 1 август почнува полнењето на ХЕЦ „Св. Петка“
Сирија нема да употреби хемиско оружје против бунтовниците
Комплетна климатизација на Детската клиника во Скопје
Повторно активен пожарот кај Струмица, гори и во Василево
Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица
Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Охрид
Прва Црвена листа на габите во Македонија
Над два тони марихуана пронајдени на гробишта во Мексико
Митинг на СДСМ во Охрид
Србија во ЕУ само ако го признае Косово
Велосипедист загина во Тетово
Сервер го поздрави македонскиот предлог за соработка со Грција
ММФ и предвидува на Шпанија уште подлабока рецесија
Меркел и Оланд „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“
СДСМ на средби со граѓаните на Охрид и Дебрца
Седум нови индустриски зони во следните месеци
Полицијата откри 46 илегални танчерки
Обезбедени 144 милиони денари за учениците од ранливи семејства
Tоплотен бран од жолта фаза
Локализиран пожарот на патот Струмица-Валандово
Реактивиран пожарот кај Струмица
Сончево со умерен ветер
Црвенковски - Што разговараше државниот врв со Бан Ки-мун?
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
(OБНОВЕНО) Убиен 53-годишен маж во охридското село Орман
Аврамопулос „разочаран од провокативните изјави на Груевски“
Он-лајн нарачки на услугите на „Македонски телеком“
Вашингтон повика на директни разговори меѓу Атина и Скопје
Исполнувањето на ветувањата останува приоритет на Владата
(ФОТО) Свечен пречек за контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ од Авганистан
СМК со резерви дека Грција ќе ги штити човековите права во ЕУ
Вељаноски задоволен од работењето на Парламентот
Активен, но под контрола пожарот кај Два Пата, Струмица
Јанкулоска - Многукратно расте ефикасноста на МВР
Еквадор бара гаранции од Британија за Џулијан Асанж
Избрана новата српска Влада
Арачиновец ветувал и наплатувал за лажни вработувања во МВР
Самарас се сретнa со претставниците на „тројката"
Пожарот кај Богданци активен, но под контрола
Пентагон ja минимизира улогата на Ал Каеда во Сирија
Груевски без коментари за името, го кани Самарас на средба
Пожарот кај Свети Николе ставен под контрола
Херитиџ предвидува македонско членство во НАТО на следниот самит
Cончево со умерена облачност
Македонец од Австралија е менаџер на фабриката Дрекслмаер
Иран го обвини Израел за атентатот во Бургас
(ФОТО) Бан Ки-мун во посета на Собранието
Убиецот од Колорадо „вложил“ илјадници долари за крвавиот напад
Брејвик праќа писма на екстремисти



Миле - Охрид, 30.07.2012 16:16:00
Би било многу интересно да се знае ставот на нарачителите на анкетата, на смислувачите на прашањата и на нејзините спроведувачи по однос на прашањето за името. Ги прашувам да ми одговорат. Дали сте за прифаќање на шовинистичките уцени за промена на името на Република Македонија како сеопфатно решение за сите проблеми во државава? Од резултатите на одговорот на ова прашање јасно ќе се види „што сакал писателот да каже“ со анкетата и прибраните одговори.
pile, 30.07.2012 17:24:26
Seuste visokiot procent na gragjanite vo Republika Makedonija za bezalternativnost na opredelbata za evroatlanskite integracii na zemjata e rezultat na dokazjaniot sistem na vrednosti vo Evropskatya Unija so pruzjanje uslovi za obezbeduvanje na blagosostojba i ekonomski progres na idnite generacii, kako i so ramnopravnoto clenstvo vo NATO so obezbeduvanje na podolgorocen mir i bezbednost kako vo zemjat taka i vo regionot, a so toa i podolgorocna politicko opstestvena stabilnost.No dali zemjata rakovodena od Vladata na Gruevski i Ahmeti gi ispolnuva predvidenite uslovi za pridvizjuvanje kon EU ako se znae deka od 2005 godina nema napredok kon EU, a vo Evropskite izvestai za napredok za precki vo reformite se citaat iminja na Ministri od Vldata koi posle skoro edna godina nemaat doblest da si oddat od funkcijata.Ili ocenkite za neuspesnata borba protiv organiziraniot kriminal vo visokite strukturi na vlasta, ili drugi negativni ocenki vo odnos na covekovite prava,diskriminacijata i dr.
evro-makedonec, 30.07.2012 19:28:25
Toa e vmr-ovcarska anketa, brojkite ne se tocni. Site znaat deka ovcarsko-divjackata vlada nisto ne napravi za evro-atlanska integracija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Преглед на освојувачи на медали - 3.ден
По третиот натпреварувачки ден 37 држави имаат освоени медали...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |