Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.01.2013, 13:07

Нова група 10.000 пензи��нери на бесплатна бања

Повикот за користење на услугата ќе биде објавен утре, а пензионерите ќе можат да ги доставуваат барањата до 14 февруари

Нова група 10.000 пензионери ќе ја користат услугата бањско-климатска рекреација. Повикот за користење на услугата ќе биде објавен утре, а пензионерите ќе можат да ги доставуваат барањата до филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до 14 февруари. Услугата може да се користи еднаш во период од 17 март до 30 ноември во траење од седум дена.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој рече дека услугата бањско-климатска рекреација е дел од Проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија“, кој четврта година по ред го реализираат Владата и Министерството во рамки на програмските актвности за обезбедување социјална заштита и социјална сигурност на старите лица.

Тој посочи дека потребата од продолжување на проектот произлегува од интересот кој корисниците на пензија го искажале со користење на услугите во 2010, 2011 и 2012 година, а досега бањско-климатска рекреација користеле околу 30.000 пензионери.

- Бројот на поднесени барања во претходните години покажува дека корисниците на пензија го поддржуваат овој проект и се задоволни од досегашниот развој и неговата имплементација. Услугата опфаќа шест полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, здравствен преглед, трошоци за превоз во висина од повратна автобуска карта од местото на живеење до установата, а пензионерите кои користат паричен надомест за помош и нега од друго лице имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација, рече Ристовски.

Потенцира дека лицата-корисници на пензија кои во 2010, 2011 и 2012 година користеле бањско-климатска рекреација не може да ја користат оваа услуга и годинава и додаде оти за реализација на овој проект во 2013 година обезбедени се средства во Буџетот на Република Македонија и зависно од интересот што ќе биде покажан, постои можност од дополнително проширување на опфатот на пензионери.

Услугата бањско-климатска рекреација како и претходните години пензионерите ќе ја користат во Здравствената установа - природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД Негорци, Гевгелија, Друштвото за бањски туризам и телесна рехабилитација „Дебарски бањи Цапа“, Друштвото за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација „Катлановска бања“ и Здравствената установа АД „Цар Самоил“, село Банско, Струмица.

- Министерството со овие установи веќе ги потпиша договорите со кои се регулираат правата и обврските на двете страни за користење на услугата. Владата и Министерството и натаму остануваат посветени на развојот и унапредувањето на активностите поврзани со прашања од секојдневниот живот на пензионерите, на унапредување на социјалниот живот, олеснување на пристапот на социјалните права и соработка преку невладиниот сектор, додаде Ристовски.


Статијата е прочитана 621 пати.


Испрати коментар



МПЦ разединета, а повикува на единство
Опозицискиот марш собра повеќе десетици илјади луѓе
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Груевски распали пак
Интервју
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
Македонија во винска офанзива



cobe, 13.01.2013 14:39:45
Приземна битка за гласови...........беден народ, бедни гласови.................
mile, 13.01.2013 15:19:15
topla voda nee za stari bolni penzioneri im go unistuva srceto....na ovoj nacin misli vlad ada gi otkaci penzionerite sto poskoro..
Mirko, 13.01.2013 16:19:29
Zar vlasta misli, deka e toa besplatno? Taka samo se cini, oti nikoj tamu ne odi so 100 denari vo dzep. Potrebni se pari za pat, za novi pizami i drugi drembuliji, a i za dzeparlak. Ne se odi nikade tuku-taka, a treba da se misli i za zivot posle banja. Pak vlasta podmackuva glasaci. Sekoj mozi da mi ponudi besplaten prestoj vo Amerika od 10 dena, ami pat i ostali trosoci da bidat na moja smetka. So moji 10 iljadi penzija toa moze sa stori edino David Koperfild, poznatiot iluzionist.
Бургас, 13.01.2013 20:10:37
Ова не е популизам ова е нешто повеќе.На овој народ така му и треба нека се бањаат само на чија сметка паѓа тоа и дали и тоа е од позајмените пари кои ќе ги враќаат нивните правнуци но тогаш тие ќе бидат во рајот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |