Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.01.2013, 17:22

Интервју: Гудрун Ш��ајнакер - ЕУ не затвора очи околу Македонија

Со оглед на контрадикторните информации за актуелниот спор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тешко ми е да оценам дали една од двете конфликтни страни е повеќе или помалку одговорна, вели амбасадорката

Слободанка Јовановска


Празниците ги поминавте во Македонија и бевте сведок на драматичните случувања во pарламентот. Да ја повторам дилемата на Карл Билт - има ли место во ЕУ за држави како нашата? Може ли да се простиме од препораката за преговори?

Случувањата од 24 декември сигурно не оставиле добар впечаток во странство. Ако не се решава конфликтот меѓу владината партија и опозицијата, тогаш тоа навистина би можело да влијае и врз шансите за македонскиот пристап во ЕУ. Меѓутоа, навистина се надевам дека двете конфликтни страни брзо ќе најдат решение.



Легитимен ли е парламент без опозиција и дали бојкотот што го најави таа на локалните избори е соодветен одговор за ситуацијава? Што ќе значат за земјата избори без опозиција?

Важечкото право, а пред се' Уставот определуваат за она што е легитимно во овој случај. Македонските правни експерти и експертите по уставно право можат и мораат да го оценат тоа. Би било навистина жално ако опозицијата не учествува на локалните избори во март. Граѓаните на една земја мора да добијат шанса да гласаат за сите партии во државата.



Од германска перспектива, иста ли е одговорноста на власта и на опозицијата околу политичката криза во земјата?

Со оглед на контрадикторните информации за актуелниот спор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тешко ми е да оценам дали една од двете конфликтни страни е повеќе или помалку одговорна. Сега и двете ја сносат одговорноста да најдат излез кој, според мене, може само да биде компромис.



Иако сите се согласуваат дека проблемите најдобро се решаваат низ дијалог, во Македонија него очигледно го нема. Како во вакви околности може да се дејствува со демократски сретства?

Не би се осмелила да оценам дали тука не постои дијалог или не може да има. Демократските правила им се познати на сите учесници. Сега е важно да пријдат едни кон други. Дијалог речиси не е можен кога секоја страна инсистира на своите максималистички позиции.



Според вас, што е тоа што ја дели Македонија? Морал ли е, или политички и интелектуален дефицит, тоа што ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не изрази поинакво мислење и не се огради од тепањето на пратениците?

Не е моја задача да им препорачувам на владините партии како да се однесуваат при конфликт со партиите што се застапени во Собранието. Мене ми се познати само многу различните толкувања за она што се случи и се воздржувам од искажување на мислење. Тоа што се случи, се случи. Би поздравила доколку брзо се најде можност за повторен дијалог.



Како ја оценувате состојбата околу медиумите сега и дали остранувањето на новинарите од парламентот го делегитимизира дијалогот што се води со Владата?

Сигурно остави лош впечаток во странство тоа што медиумите мораа да ја напуштат салата за седници, а потоа и сите пратеници од една партија. Медиумите оправдано протестираа против тоа. Тоа покажа дека медиумите се во состојба да ги застапуваат своите интереси и истите да и ги пренесат на јавноста. Тоа е добро.



Дали затворањето на очите на Брисел пред проблемите во Македонија прати погрешна порака - дека и вака ќе дојдеме до препораката за преговори, бидејќи има одлука да се турне нашата држава?

Не разбирам што мислите кога велите „затварање очи“. Сигурно во Брисел не се затвораат очите пред разновидните проблеми овде во земјата. Препораката е мотивација, охрабрување за сите политички актери, како и за македонски граѓани да сторат се' во полза на пристапните преговори со ЕУ. Мислам дека на поимот „турне“ не му е местото овде.



Добро ли е за нашата евроинтеграција вицепремиерката Теута Арифи да ја напушти оваа функција среде дијалогот на виско ниво со ЕУ?

Мојот впечаток е дека г-ѓа Арифи е многу ценета од домашната јавност и во странство. Тоа се однесува и на Германија. Досега, таа со голема компетенција ги извршуваше своите сложени задачи. Секако дека би била загуба ако таа се посвети на други задачи. Меѓутоа, во политиката такви промени се нормални. Важно е наследникот или наследничката да п��одолжи со тоа што г-ѓа Арифи и нејзиниот тим сработиле досега и со истиот ангажман да се заложи за македонската евроинтеграција.



Ќе го зголемат ли скептицизмот во Берлин случувањата во парламентот?

Надлежните експерти во Сојузната влада внимателно ги следат случувањата во македонското Собрание. Конечно, ред е одговорните македонски политичари да преземат се' за да, врз основа на овие случувања, не се развие скептицизам во однос на вашата држава.



„Дојче Банк“ е една од двете банки во светот што најчесто стојат зад заемите на македонската Влада, кои беа причина за блокадата на буџетот.Нели ве плаши можноста да ви се повтори грчкото сценарио и овде?

Не ја коментирам политиката на „Дојче Банк“, која не е државна институција. Меѓутоа, се надевам и претпоставувам дека македонската Влада и претставниците на „Дојче Банк“ знаат што прават.



Каква новогодишна порака би им дале на македонските граѓани, кои очекуваат тешки денови во новата година?

Во своето новогодишно обраќање сојузната канцеларка Ангела Меркел им најави на граѓаните на Германија дека, со оглед на тековната европска финансиска криза, ќе претстојат тешки времиња. Но, истовремено таа апелираше до сите да не губат надеж, туку да ги прифатат тешкотиите како предизвици и заедно и солидарно да ги решат претстојните проблеми. Истото би сакала да му го препорачам и на македонскиот народ: луѓето и овде можат заедно и солидарно да ги надминат тешкотиите кои се реалност. Како што се вели: „Каде има желба, има и начин!“


Статијата е прочитана 2037 пати.


Испрати коментар



МПЦ разединета, а повикува на единство
Опозицискиот марш собра повеќе десетици илјади луѓе
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Груевски распали пак
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
Македонија во винска офанзива
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања



Itar Pejo, 14.01.2013 00:15:26
Gospogava veli: neznam, ne sum odtuka. Site se krivi. I tepacot i tepaniot. Kako trgna rabotava mene se mi se cini deka Makedonija ce ja zafati sindromot Mubarak. Narocno ako Nikola, so nickosana opozicija, izglasa avtenticno tolkuvanje za imeto. Ce ostane 30 godini na vlast, kako Mubarak. Zatoa i pocna da go zatrupuva plostadot so spomenici. Prazen plostad, kako Tahrir, e mnogu opasen.
Влајко, 14.01.2013 00:50:24
Очигледно новинарката не ги доби одговорите кои ги посакуваше од амбасадорката. Остана со куси ракави. И ова е објективно новинарство?!? На новинаркат и пречи што ВМРО-ДПМНЕ не се оградила од „тепањето“ пратеници... А не и пречи што СДСМ не се огради од Наташа Савова што дивееше и кршеше чаши во Собранието на РМ? Што го фрли Уставот на РМ на земја? не и пречеше што Макрадули ги кинеше каблите од телефонот на работната маса на претстедателот на Собраниоето? Не и пречеше што Бишевац и оној другиот ги кршеа мониторите? Не и пречеше што Цветанка Илиевска фрлаше со лампиони по обезбедувањето? Што Горан Минчев седна на фотељата на претстедателот а Шеќеринска, како поранешен вицепремиер за евроинтеграции на масата? Тоа, Слободанке, не ви пречеше? Е па во оваа држава, на големо изненадување на СДСМ, има многу луѓе на кои што тоа им пречеше.
pile, 14.01.2013 01:32:08
Со оглед на контрадикторните информации за актуелниот спор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тешко ми е да оценам дали една од двете конфликтни страни е повеќе или помалку одговорна, вели амбасадорката.(G.S.) Sto ima kontradiktorno vo denesnata izjava na Pretsedatelot na Zdruzjenieto na novinari na R.Makedonija za radio slobodna Evropa, koga izjavuva deka na 24.12.novinarite bile nasilno proterani od Sobranieto, a se gledase i od kamerite vo Sobranieto.Sto ima kontradiktorno vo nezapazuvanje na procedurite za debata po bugjetot na komisiski sednici tuku istiot da se nosi nadvor od procedurata po skratena postapka.Pa nosese eden drug parlament nad 100 Zakoni po skratena postapka pa diplomatskiot kor ne reagirase vaka.Najverojatno Radmila Sekerinska i pratenickata na koja i bese odzeman mobilniot da ne dokumentira lazjat.Odgovornosta za neidentifikuvanje na prekrsitelite za vidlivite Ustavni i Zakonski povredi samo pretstavuva podrska za vakvite stetni politiki na aktuelnata vlast po ugledot i R.M
Buntovnik, 14.01.2013 08:48:50
Pa po ovaa intelegentna izjava, tacno mozam da razberam zasto ve stavile(kaznile) da bidete ambasador vo makedonija.
Miki, 14.01.2013 09:47:27
Najgolemiot paradoks e sto ako opozicijata opstoi (a mora) na svojot potpolno legitimen stav ke mu pomogne na Pastirot uste malku da gi prolongira evrointegraciite - nesto sto nemu najmnogu mu odgovara! Amerikancite i Evropjanite se zapletkuvaat vo turlitavata sto samite ja zgotvija zatvorajki gi ocite pred ovdesnata diktatura - pa sega i nim ne im e lesno, dotolku poveke sto gledaat deka otporot namesto da gasne zema zamav! Verojatno dilemata im e dali da mu dadat na ovega odvrzani race da gazi uste pobrutalno ili nesto sosem sprotivno..ke vidime skoro!
ilo, 14.01.2013 10:16:36
Namesto komentar vo vrska partiskite pozicii na novinarkata samo ke dve reproduciram dve nejzini prasanja i odgovorite na ambasadorkata: 1. Дали затворањето на очите на Брисел ...прати погрешна порака - ...да се турне нашата држава? Не разбирам што мислите кога велите „затварање очи“. Сигурно во Брисел не се затвораат очите пред разновидните проблеми овде во земјата. .... Мислам дека на поимот „турне“ не му е местото овде. 2. „Дојче Банк“ е една од двете банки во светот што најчесто стојат зад заемите на македонската Влада, ....Нели ве плаши можноста да ви се повтори грчкото сценарио и овде? Не ја коментирам политиката на „Дојче Банк“, која не е државна институција. Меѓутоа, се надевам и претпоставувам дека македонска Влада и претставниците на „Дојче Банк“ знаат што прават.
Of mori babo !!!, 14.01.2013 10:37:54
A,,bre a sto se cudite gospoza ic ne ja interesira zatoa e i postavena kako ambasador ..baba mi sekoas vikase nisam cula nisam videla ..a site zamrseni raboti od nea ..poteknuvaa...!!!
Nekoj, 14.01.2013 12:00:54
Cudno, Ambasador, demokrat, zatvara oci pred nasilstvo koe se sluci vo Prlamentot.Ambasadorkata sigurno znae deka pratenicite od opozicijata ne gi dobile kartickite za identifikacija vo Sobranieto,na web sajtot spored izjavata na Sekerinska ne bil objaven Predlog budzetot.Izjavata na Ministerot za finansii Budzetot se nosi i negovoto odnesuvanje vo Sobranieto zar ne se znak deka stranskite misii znaele sto ke se sluci imajki go na um faktot deka imase uste nekolku dena vreme do krajniot rok za donesuvanje na budjetot.Koj i kolku aminuval na vakviotnacin na odnesuvanje na vlasta ke vidime.
Bockalo, 14.01.2013 12:22:57
Vaka da otvaravte oci ili barem polivina od ova gospogjo(EU), koga trebase da se primat grcija ili bugarija, EU nemase da bide vo kriza, a nie kje bevme so vas!!!
Do Vlajko, 14.01.2013 12:51:17
Gospodine Vlajko, Vie ste prav genije vo sporedbite na stetite sto gi napravija; Sekerinska, Mincev, Makraduli i dr. so ona sto go prezivea opozicijata, novinarite i site nie graganite koi budno i so golem revolt,zagrizenost i razocaruvanje gi sledevme onie crni scenarija na vlasta. Znaete li kolku ke ja cinat, drzavata, site ovie materijalni steti, sto gi napravi opozicijata, milioniti del od stetite sto se napravija i se pravat poradi posledicite od crniot ponedelnik, 24 Dek., kako materijalni taka i nematerijalni.
profesorka, 14.01.2013 12:56:37
Dosta glumevte ludilo. Kaj vas da gi isfrlea na kloci pratenicite od opozicijata, ke padnese vladata kako kruska. Ako e i od EU, mnogu e.
Zoran, 14.01.2013 13:43:51
Koga ke razberete... Deka nieden ambasador ili pretstavnik na nekoja zemja nema da zeme strana za ednite ili drugite ako ne e vo interes na taa zemja. Ednostavno nie ne sme od nikakov interes za niv golemite demokratii . Neka se svrti MK kon Rusija i da vidite kako preku noc se stanuva zemja vo fokusot na interesiranje i ke ne molat da bideme primeni i vo EU i vo NATO. Ama, na koj mu e potreben EU i NATO (drustvoto na najgolemite diktatori)
Stojko, 14.01.2013 17:28:25
Кога Германија не си го испочитува својот Устав и ги прати своите војници надвор од своите граници, да ја нападнат СР Југославија (всушност Србија), зарем да очекуваме дека ќе се секираат што е погазен наш Устав, Деловник на собрание и др. процедури. Затоа, сосема е јасен нивниот став - цитирам: ...Мене ми се познати само многу различните толкувања за она што се случи и се воздржувам од искажување на мислење. Тоа што се случи, се случи. Би поздравила доколку брзо се најде можност за повторен дијалог.... бла, бла, бла.......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |