13.01.2013, 17:25 Груевски распали пак: Бранко се плаши!
Премиерот смета дека лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, се плаши од немањето поддршка од народот и ја повика опозицијата да се врати во парламентот и да разговара низ дијалог, а не со тепачки
Наум Котевски
Неколку часа по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која беа одбиени сите барања на опозицијата, премиерот Груевски се огласи со остри напади врз Црвенковски и врз чекорите што ги презеде СДСМ по насилното исфрлање на нивните пратеници од дебатната сала во парламентот.
„ВМРО-ДПМНЕ се залага за одржување на редовните локални избори. Тие се наша законска обврска нешто што граѓаните го очекуваат и ние ќе бидеме целосно посветени, како и во минатото, да имаме фер, демократски и слободни локални избори на кои граѓаните ќе ја изразат својата слободна волја и ќе се определат за градоначалници во кои најмногу веруваат дека ќе придонесат за нивната општина“, рече Груевски.
Премиерот потсети дека уште на минатите избори пред година и пол рекол дека е подготвен за засилен мониторинг.
„Не само засилен, туку цел ОБСЕ нека дојде во Македонија и нека ги следи сите избирачки места и сите избирачки кутии постојано, плус уште колку сакаат време по завршувањето на гласањето. Ние сме подготвени да ги пречекаме, да им го овозможиме тоа, да ги поканиме, пред се', како држава.
Тој посочи оти власта е отворена за секакви нови идеи и барања од опозицијата во однос на избирачкиот список со цел да не им се даде повод на политичките противници дека нешто се прави нелегално.
„Иако веќе и претставниците на опозицијата пред камери објавија дека избирачките списоци се веќе прочистени, ние сме подготвени доколку дојде нова идеја во врска со нив целосно им стоиме на располагање. До сега ги прифативме сите нивни идеи вклучително и онаа неколку дена пред гласањето да не се дополнува Избирачкиот список со луѓе кои во тој период ќе извадат биометриски лични документи, иако тоа според мое длабоко убедување се коси со човековото право да гласа и да биде вклучен во Избирачкиот список. Сепак, за мир во куќа, што се вели, да не им даваме алиби на политичките противници дека нешто сакаме во последен момент да направиме нелегално и неетички така што и тоа барање го прифативме“, рече Груевски.
Во врска со нападите на опозицијата дека оваа власт по настаните во Собранието на 24 декември нема легитимитет да спроведе фер и демократски избори тој рече: „Легитимитет дава народот на избори. ВМРО-ДПМНЕ победи три пати на парламентарните избори организирани во изминатите шест години, а секој обид од СДСМ да се покаже нелегитимна оваа власт е само обид за манипулација со граѓаните, кој нема да им успее. Приказната дека 24 е некаков нов момент, во кој се губи легитимноста е само вадење на неуспешниот обид на Бранко Црвенковски и на неговите приврзаници да направат насилно узурпирање. Тие и сега се обидуваат низ хаос да ги изманипулираат граѓаните“, порача Груевски.
Според него, Црвенковски се плаши од немањето поддршка од народот и од крајот на неговата кариера.
„Посакуваме и повикуваме опозицијата да се врати во парламентот, таму каде што и' е местото, таму каде што треба да има дијалог и треба да се решаваат проблемите. Да седнеме и да разговараме да најдеме решение за сите проблеми, но низ дијалог, а не со тепачки, боксови, кршење чаши и не со тегнење и кинење на миркофоните, со закани, навреди, клевети, како што доликува во секоја демократска земја. Да се врати во парламентот и секако да си излезат на локалните избори, да не бегаат од локални избори. Јас на почетокот кажав дека овој обид што го направи Бранко Црвенковски практично е обид за избегнување негово лично соочување со нов неуспех на локалните избори, со нов пораз на СДСМ, негов личен пораз со кој тој лично потоа нема да знае што да прави“, изјави Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите барања на СДСМ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го одби барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во март и ги повика опозициските пратеници да се вратат во Собранието. Една недела откако опозицискиот СДСМ и неговите коалициски партнери ги изнесоа своите барања, како услов за решавање на политичката криза, владејачката партија се произнесе дека не го прифаќа барањето за формирање техничка влада, бидејќи „нема потреба од предвремени парламентарни избори, затоа што такви ��е одржаа пред една и пол година“. Тие ги повикаа социјалдемократите да се вратат во Собранието и да учествуваат во неговата работа.
Ваквите ставови партијата ги усогласуваше во саботата навечер кога се одржа седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија потсетува дека во земјава пред една и пол година се одржаа предвремени избори по барање на опозицијата. „Тие избори беа изведени во целосна фер и демократска атмосфера, што впрочем беше и потврдено од целата меѓународна заедница. Би сакале да укажеме дека Република Македонија во само шест години веќе три пати одржа парламентарни избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. (Н.К)
СДСМ: Локалните избори стануваат бесмислени
Нема враќање во Собранието, кое по инцидентите на 24 декември не е место за нормален политички дијалог. Локалните избори во ваква ситуација немаат смисла и неопходно е тие да се одржат заедно со предвремените парламентарни избори.
Со овие оцени СДСМ експресно го отфрли повикот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се врати во институционалните рамки на дејствување и низ дијалог во Собранието заеднички да се бараат решенија за сите предизвици на државата и политичкиот амбиент.
„Ниту едно соопштение не може да го избрише фактот дека ВМРО-ДПМНЕ, со настаните пред и на ’црниот понеделник’, свесно ја укина институционалната политичка дебата, го прекрши Уставот, законите, деловникот, процедурите и ја суспендираше парламентарната демократија “, велат од СДСМ.
Тие сметаат дека е наивно да се преправаат дека власт која на ваков начин ги злоупотребува институциите може или сака да организира слободни, фер и демократски избори. „Затоа, за да се избегне понатамошно продлабочување на политичката криза единствено решение е да се врати изгубениот легитимитет на институциите. Тоа не може да се случи само на локални, туку преку слободни и фер предвремени парламентарни избори“,
велат од СДСМ. (Н.К)
|
Статијата е прочитана 4720 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Siljan, 14.01.2013 01:16:13 | Ako lokalnite izbori vi se bezsmisleni,ednostavno,ne izleguvajte na izbori.Ne se sekirajte,nikoj toa nema da go primeti,samo napred,kon novi porazi. |
| Коста Стоименовски, 14.01.2013 01:31:19 | Македонија влегува во опасна „игра“ базирана на огромните суети на лидерите на двете најголеми партии во државата! На основа на многу елементи (институциите на системот, парите, медиумите, судството, полицијата, синдикатите, црквата, ССК, инстант-бизнисмените итн.) може да се тврди дека лидерот на владејачката партија е во предност! Впрочем тоа го покажаа и најновите анкети на ИРИ! Власта има разработена мошне обмислена и прагматична шема за купување на гласови, при што посебно внимание посветува на пензионерите, земјоделците, најранливите социјални општествени слоеви. Партијата функционира како ординарна племенска заедница чии членови се заштитени како „бели мечки“ кои, пак, возвраќаат со нагласена лојалност кон партијата и нејзиниот лидер. Оваа власт ќе падне тогаш кога ќе снема пари за сервисирање на спомнатата шема! |
| pile, 14.01.2013 01:47:40 | „Посакуваме и повикуваме опозицијата да се врати во парламентот, таму каде што и е местото, таму каде што треба да има дијалог и треба да се решаваат проблемите.,,Opozicijata ,,Sojuz na idninata zaedno so neopredelenite glasaci, a ne SDSM, ke se vrati vo parlamentot ama da bese prva godina na vladeenje na familijata i Gruevski so Ahmeti.Koga populizmot bese vo zacetok, a sega veke premina vo nasilstvo protiv opozicijata i rusenje na Drzjavnite interesi.Ako opozicijata nemozjese nisto slicno da prevzeme koga se poklonuvavte na kartata na Golema Makedonija pred spomenikot na revolucionerot Goce Delcev i gradevte alibi politika na sosedna Grcija ili koga od prethodnite budjeti netransparentno gi trosevte parite na gragjanite,kao i koga izdvoivte nad 500 000 Evra za filmot treto poluvreme za da izgradite alibi politika za otpor za vo EU od strana na sosedna Bugarija,ili koga posle fijasko na NATO i EU integraciite javno ne se proiznesuvate koja e alternativata,sega MORA.OSTAVKA |
| respekt, 14.01.2013 02:39:13 | Жими мајка ,,ке бидеме целосно посветени, како и во минатото, да имаме фер локални избори на кои граганите ке ја искажат слободно својата воља...,, рече Груевски. После настаните од 24 декемри и овие ставови на Груевски, очекувам да нема предвремени парламентарни избори а локални избори ке организира и без здружената опозиција, ке стокми спонтана контра опозиција(за да пред мегународната заедница има покритие за посветеноста за фер избори) и оп -- еве ти уште една изборна победа. Се плашам странциве(кои никако да ги дешифрирам)да не напишат,,со мали недоследности, изборите беа фер и демократски,,. Што се однесува до здружената опозиција, излегување на било какви избори под ОВИЕ ОКОЛНОСТИ, за нив би значело не само сигурен изборен пораз, туку и политичка смрт. П.С. Знам Груевски зошто не сака предвремени парламентарни избори (нели сигурно победува).Како докажан демократ и почитувач на човекови права, не сака со клоци да ги тепа пратениците од опозицијата уште ЧЕТИРИ години. |
| CELE SYDNEY A.U, 14.01.2013 03:23:26 | Uste edna nevidena glupava izjava na Nikola.Pa covece od kogo da se plasi Branko pa ti namesto da ja vodis drzavata ti celo vreme se zanimavas i si optereten ai celio MAKEDONSKI NAROD go opteretuvas i go zakrvuvas so toj Branko.Kazuvas se plasi pa zosto togas na 24 mart ne go resis toj problem so raspisuvajne NEOPHODNI PARLAMENTARNI IZBORI pa kak sto laes i go lazes narodoi velis ajde site vo kupce. NARODE MAKEDONSKI svati samo so ZAMINUVAJNE NA NIKOLA VRTIKOLA I BRANKO kako politicari MAKEDONSKIONAROD mozi da se pomiri ida izlezi od ovaa kriza. IZBORI
|
| ФЕЛИКС, 14.01.2013 08:18:25 | Премиерот воопшто не е во право кога обвинува за изборна плашливост.Па минатото (кое го нервира г-дин Соколовски)говори многу кој тоа таму е плашлив,храбар или нешто трето.Па драги мои кога ќе се сетиме кој тоа ,,фанал џаде у познат правец,,на председателските избори 2009г.и истури некого да го ,,окрка изборниот стап,,.Па нели преклани имавме невидена смелост со митингашко-собраниски јуриш за предвремени избори.Па се изнаслушавме жолтеникави пароли од типот,,ајде на избори,подај рака,,За на крај кога позитивно беше одговорено и рачно и ножно пак некој ,,уватио џаду,,.Ова инаку се историски евоцирачки моменти кој ги доживуваат некои кој тефлонски неразбрале да историјата се преповторува кога од историските нешта не се научило ништо.Е таквите се само за тв дуел и ништо друго. |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 14.01.2013 08:25:29 | Потребно е сите до еден што се во власта и оние што претендираат за власт, да достават лекарски уверенија дали се салам, дали умот ги крепи. Исто и пратеник да не може да влезе во Собранието без лекарско уверение. Тоа да го доставуваат на секои 6 месеци. |
| Miki, 14.01.2013 08:28:36 | 1. Koj ne se pojavuva na TV bez desetina ,,vernici,, zad nego? 2. Koj ne izleguva na ulica bez triesetina ,,sifonjeri,, okolu nego? 3. Koj zatvora polovina grad da pomine 500 metri so kola? 4. Koj ne smee da se pojavi na duel so bilo koj opzicioner? 5. Koj se odnesuva nasilno kon poslabite (tipicna odlika na plaslivec)? Ne e tesko da se pogodi, neli? |
| ISMAIL, 14.01.2013 08:40:36 | ДПМНЕ на 24.12.2012 го лапна мамецот што интелигентно и пресметано му го пушти СДСМ,ги истепа пратениците и новинарите,само ДПМНЕ си даде автогол,а сега нека им објасни на луѓето дека тоа е нормално.Во која држава е нормално да ги исфрлиш новинарите,а потоа да ги истепаш пратениците.Никаде,ни во КОНГО.Е Груевски,на се му иди крајот,па и на твоите лаги и замајувања,не си Ти дораснат да се носиш со Бранко.Оди Ти по селана и купувај ги со пари гласачите,ама тие гласачи не се доволни за да се остани на власт |
| Mirko, 14.01.2013 08:53:41 | Gruevski so svoite cinicni izjavi, se poveke gubi. Od eden premier ne se ocekuvaat takvi zborovi za eden bivsi Pretsedatelot na drzavata. Branko dostiga se sto moze eden politicar da dosegne vo svojata politicka karijera, za razlika od Gruevski. Siguren sum deka, Crvenkovski nema nikakvi politicki ambicii, nego samo se stavi na celo na opozicijata, a za spas na demokratija vo Makedonija. Gruevski treba da svati deka e vlasta slatka i deka toa udira vo glava i go pravi i ono sto nee. Koga covek ke pocne da misli deka e najpametan i najpocituvan, treba da si pobara pomos, ili dobro razmisli sto pravi.Tuka se raboti za drzavata i neizinite interesi, a toa ne sala i igracka-placka. Kako papagal se povtoruva deka e na vlast so dobiveni glasovi i fer izbori. Dali e toa taka? Mozno e, ali so fiktivni zaposluvanja, davanje maslo, seker, na penzioneri po nekoj denar, kako i na socijalci. Nasite gragani se bedni i siromasi, pa e lesno da se potkupat so sitno nesta, samo da prezivuvaat. |
| Nekoj, 14.01.2013 08:56:24 | Gradjanite koi dojdoa na Marost, pokazaa ogromna pocit kon Branko i Sojuzot za idninata.Tolpa od narod mirno i dostoinstveno isprati poraka do vlasta i site onie koi se trudat da go potcenat nivniot intelekt.Politickiot analiticar Bozinovski, Karakamiseva, Latas i kompanija ,treba dobro da se zaprasaat sto pravat i da se zasramat.Nasiot covek domakin znae sto e cest i obraz ,znae ga nagradi i kazni. |
| девичанецот, 14.01.2013 09:05:39 | По се изгледа дека му се ближи крајот на Б.Ц во политиката. Неизбежна е таа појава, пензионерот треба да е свесен за тоа. |
| jovan, 14.01.2013 09:07:02 | Na Crvenkovski karierata odamna ke mu bese zavrsena ako VMRO ne go voskresna od *mrtvite*. So kriminalnoto i prostacko odnesuvanje(platena propaganda, manipulacii, lagi, samofalenje, nosenje na nepismen i poslusen kadar na funkcii, partnerstvo so najgolemite kriminalci vo drzavava koj po potreba se i SDSM i se drugo, zadolzuvanje, kic i paradi i da ne gi nabrojuvam site gluposti i maloumnosti), pridonesoa ogromen del od narodot da bara nekakov spas, pa makar i vo *losiot* Crvenkovski. Narodot definitivno saka i bara Idrizovo da bide naseleno so novi *faci*. Ne e cudo VMRO da gi *preduhitri* SDSM pa za da dodatno go izmanipulira ovoj zaslepen narod, ke pocnat oni da apsat nivni(nepotrebni). Veke se *suska* deka Amdi Bajram moze da bide zrtvuvan, i nekoj drugi sitni klovnovi, za da pokazat deka i oni se borat protiv kriminalot vo Vlasta. |
| Трпе, 14.01.2013 09:35:47 | Денес со современата техника се гледа кој е повеке уплашен.Еве и Л.Горгиевски го повика Грујо на дуел.А Грујо се крие под маса.Само треба да не му се дозволи да побегне од државата. |
| Bogomil(ec), 14.01.2013 09:42:52 | Груевски распалува и разгорува. Ние граѓаните, колку и да сме маргинализирани во случувањава, имаме некое вродено чувство за да процениме што е коректно, што е разумно, а што бруталност и дилетантизам. Комедија од владеење. Тие де бодат со сите остреци со кои располага системот, вклучително и и со јатаганите на на озлогласениот дел на новинарската машинерија, а сепак, виновен си ти, анатемисаниот нивни неистомисленик, зашто се уште даваш знаци на виталност и живост. Груевски со последната изјава, не распали, туку се разголи и покажа дека човекот е во бунило, логиката го напуштила, вокабуларот го позајмил од улицата. Единствено го препознаваме по дрскоста и неуспешниот обид да се прикаже во улога на политичар од голем формат.Жално режирана комедија на сцена од провинциски театар. |
| Емил, 14.01.2013 10:47:14 | Груевски го спаси Бранко - му даде оправдување. Требаше да му ги прифати сите услови, па да го видиме Бранко што друг�� ќе измисли за да избега од соочување со народот. Но, каква ќе беше оправданоста од уште едни предвремени избори? На секои 2 години ќе правиме нова влада со уцени од албанците. Пак СДС и Бранко ќе ги изгубат парламентарните заедно со локалните. Ако не е така, зошто Бранко не излезе на локалните избори? Нека си ги добие, па нека си бара парламентарни. Вака само бара алиби за поразот. |
| Mudrec, 14.01.2013 11:13:43 | Naivnite opoziciski komentatori uporno baraat TV duel oti taka im kazale vo partijata. Navistina, TV duel bi bil ubava moznost za seir. I sto posle? Mislite deka ke se smeni glasachkoto raspolozenie otkako ke se isplukaat Branko i Grujo megjusebno? Nema podobar duel od izbori. A vie begate od izbori. |
| riki, 14.01.2013 11:45:27 | pozdrav do site i odma da kazam deka *jovan*e SOSEMA vo pravo.gruevski so
permanetnoto degradiranje preku negovite mediumi,kvazi go voskrsna bc od
mrtvite.jas kako obicen graganin sum revoltiran od tie ne konvencionalni
metodi a ne samiot bc da ne bide.i sega eve im go bc na vrat,samo sto toj
sega nema da se bori za fotelja kako gruevski iako narodot trgna zad nego i
tuka e celata misterija?!ke im kazam da ne se cudat.sdsm vo glavnite
segmenti ima isklucitelno dobri luge.tie dobro znaat koji se i zatoa im
mestat sekakvi aferi vo stilot na kgb.edno e sigurno,sdsm dosta nauci i
nauci deka narodot ZNAE da kaznuva.narodot go dava mandatot i go zima.DOSTA
za,spored narodnata,koj ima vujko vladika ke bide pop.NEMOZE.makedonija
konecno treba da trgne po PRAV pat.po patot na demokratijata i
civilizacijata.bidejki pravoto na demokratija ne e privilegija,nego e za
SEKOJ graganin isto.
|
| Branko nema od shto da se plashi, ama ako Grujo zagubi - oh lele!, 14.01.2013 11:57:34 | Vo emisijata *vo centar* na Vasko Eftov, Branko jasno i glasno kaza, deka na kongresot na SDSM vo Maj, niti toj nitu Bule nema da bidat kandidati za chelnata pozicija na SDSM. Bule ke bide iskjljuchen, a toj ke se povleche od politikata. Zatoa g-ne Gruevski, ova ti e poslednata shansa da go ispratish Branko vo penzija onaka kako shto od mal sonuvash - porazen i ponizen! Sega mu e majkata - raspishi parlamentarni izbori! Nishto ne ne koshtat pokraj lokalnite, plus drzavniot aparat ti e odan, vo shto se uverivme na 24.12. Ajde Grujo, ne bidi plashlivec! |
| Zoki, 14.01.2013 12:12:31 | Груевски распали пак: Бранко се плаши!
И кој го кажа ова, човекот кој отиде отаде барата кога овде некој си правеше журка сред Скопје со повик за голема шкиперија, човекот кој ги врати таблите на училиштата во Чаир, сосе бистите, човекот кој го казни поклонувачот на споменик во својство на министер за одбрана...човекот кој без страв уште утре ќе го донесе законот за бранителите. Човекот кој никогаш нема да го видиш на тв-дуел, освен на уан мен шоу. |
| Profesorka, 14.01.2013 13:01:27 | Od sto be se plasi Branko? Od Pastirot? Abe ajde setaj. Branko e gradsko dete, plus ne iskrade milioni kako DPMNE. Plus narodot se poveke e zad nego. Od nisto ne se plasi. Se plasi The Family. I treba. |
| od ostrijot, 14.01.2013 13:12:05 | branko nema zosto dase plasi ama vmro-dpmne na celo so premijerot maka gi maci dali narodot uste im veruva ili na falbite i lazite imse blizi krajot. |
| Goce USA, 14.01.2013 13:17:43 | Demek gi vikaat nazad vo Parlament. Sto e rabotata? Nema kogo da tepaat veke tamu? Pa ete vi go DUI. So 15.000 amandmani treba da izedat barem 10 pati poveke kjotek neli? |
| Ајван Доктор®, 14.01.2013 14:47:43 | Власта е секако легитимно избрана,но изборниот резултат од 39%наспроти опозициските 33 проценти не и`дава за право таа да се однесува апсолутистички и да потенцира дека говори во и од името на народот!Изборниот резултат при што изгубија 7 пратенички места говори дека е невозможно да се подигаат споменици и грозомори кои чинат десетици и стотици милиони евра,а при тоа никој да не одговара за сторениот криминал!Изборниот резултат не ви дава за право насилно да ги избркате останатите легално избрани народни претставници од законодавниот дом!Кога и да е крајот ќе ви дојде,се ближи,но ќе одговара и оној кој нема да ја изведе пред органите на правдата ваквата криминална родбински повржана власт! |
| Baba Zumbula, 14.01.2013 15:55:54 | Baba Zumbula dade komentar vo statijata *Opoziciskiot mars sobra poveke desetici iljadi lugje* i posoci da mozat da gi vidat 2000 iljadi demostranti i 20.000 pazaci (neli taka?!), a voedno snimki koi so sigurnost ne mozat da se vidat na Sitel,MTV,Kanal 5 i od skoro TV Alfa. Web stranicata e http://a1on.mk/wordpress/archives/84243 . Baba se izvinuva na tefljonceto Evdino bidejki zaboravi da ja napise stranicata.Veruvam deka izvinuvanjeto ke bide prifateno. Blagodaram.
A koj se plasi i koj ke odi na izbori, ke vidime,vremeto se ke si pokaze. |
| tvrtko, 14.01.2013 17:55:25 | Ако тоа што партиските војници на дпмне со сила го извлекуваше од своите домови дел од своето незадоволно членство и вршеше не видена тортура врз помирните и уплашени фамилии на претходните избори е фер и демократија,тогаш што ли ќе се случи на овие избори. |
| karokan, 14.01.2013 18:18:29 | Некој овде е луд!!!Така би рекол хашкиот притвореник Воислав Шешелј,алудирајки на него самиот или хашкото обвинителство!!!
!Овде,изгледа тоа сум ЈАС!!!
Веројатно не ќе да се позцискиот или опозицискиот лидер,така “на нож“ спротивставени еден на друг.
Првиот ја повикува опозицијата на “фер и демократски избори“ (значи индиректно признание за нерегуларноста на претходните) и враќање на пратениците во Собранието,од кое наглавечки беа исфрлени!!!!!!!!!!
Вториот да го прашаш,зошто не реагирале на истурањето пари на последните вон. парл. избори би одговорил дека така постапиле во интерес на земјата и нејзините евро-атлан-
ски аспирации (демократски избори).Нема да признае дека го остави “жешкиот костен“ во рацете на сегашниот премиер.Е,па ќе има ќотек,г-дине Црвенковски,ќе има!!!!!!!!!!!! |
| ebivetar, 14.01.2013 23:21:30 | Многу коментари значи многу погодени. Б.Ц. и 2002 год. на парламентарните избори се фалеше дека ќе ги апси криминалците (демек Љубчо ќе го апси поради криминалните приватизации на окта , телеком ...) арно ама не само што не апсеше туку сега е во друштво на овој истиот. Веројатно дилот (со Љубчо) е бил вие 4 години на власт па ние четири години на власт и никој никого нема да апси. Проблем е што сега овој Грујо (диктаторот нели) не го признава овој дил па сака сам да владее. Се надевам дека еден ден ќе дојде некоја влада што како и во Хрватска ќе ги затвори сите што ја пљачкаа оваа земја , а сигурен сум дека како се приближуваме до ЕУ под нивен притисок тоа и ќе се случи. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Делумно облачно
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|