Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.01.2013, 17:26

Опозицискиот марш собра повеќе десетици илјади луѓе

Граѓани, симпатизери, членови на опозициските партии беа дел од „Маршот на вистината“, кој почна пред платото на телевизија Сител, продолжи покрај Владата и Собранието, а заврши пред платото на МРТВ

Наум Котевски



Близу дваесет илјади граѓани, членови, симпатизери на опозицијата речиси два часа во саботата го блокираа центарот на македонската метропола, со цел, како што самите рекоа, да се обидат да го одблокираат патот на вистината, долго време заробен од лагата на медиумските центри под контрола на власта.

Протестниот „Марш за вистината“ почна пред платото на телевизија Сител, а продолжи пред Владата, Собранието и заврши пред јавниот сервис МРТВ. Пред објектот на јавниот сервис се обрати и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, со зборовите дека „црниот понеделник и случувањата од 24 декември во Собранието е најголемиот срам за Македонија“ и оти единствено решение за настаната криза се нови парламентарни избори.

„Велат, народот им дал мандат да владеат четири години. Да, народот ви даде мандат да владеете, но не ви даде мандат пратеници и новинари да тепате, устав и закон да кршите. На 24 декември ви го одзедовме и мандатот и легитимитетот. Единствено решение се нови парламентарни избори. Колку власта повеќе глуми толку повидливо станува лудилото. Сакам да им порачам дека нема заборавање и проштевање“, рече Црвенковски.

Новинарите на Сител тоа студено утро беа пречекани од огромен билборд поставен пред арената „Филип втори“ на кој беше прикажан уредникот Драган Павловиќ Латас, како платеник на власта и во друштво на Слободан Милошевиќ и премиерот Никола Груевски. Пред новинарите да го отстранат билбордот бившиот премиер и лидер на ВМРО Народна, Љупчо Георгиевски, рече дека во Македонија нема сериозна дебата ниту за економија, ниту за историја, ниту за политика.

„Ги имаме само нивните медиуми и секоја вечер ги повторуваат истите лаги“, рече Георгиевски, кој го повика уредникот Латас конечно да прифати дуел во кој тој ќе му постави три клучни прашања, кои во оваа прилика не сакаше да ги открие.

Според Георгиевски во негово време и во времето на Бранко Црвенковски владеела далеку подемократска атмосфера во светот на медиумите. „Постојано слушам прашања од типот како тоа јас и Црвенковски можеме сега да соработуваме, по низата навреди што сме ги упатиле еден кон друг. Па, тогаш и можеше да се навредуваме затоа што имавме можност да се судриме пред камери. Сега само слушаме навреди и лаги, а немаме можност да одговориме со аргументи“, додаде Георгиевски.

Присутните граѓани со овации го поздравија Георгиевски, но имаше и такви како, да речеме, архитектот Вангел Божиновски (познат по делото „Домот на мајка Тереза“, но и по јасните ставови дека барокот е длабоко вкоренет во традицијата на македонската архитектура), кои мирно си го пиеја утринското кафе и пушеа луле на терасата од хотелот „Конак“, недалеку од смрзнатото езерце во Градскиот парк.

Реката луѓе, која како што кажа опозицијата, претставува силен и јасен отпор против систематското газење на слободата на медиумите и говорот, продолжи покрај Владата и собранието, се' до МРТВ. Таму поранешниот генерален директор, Слободан Трајковски, рече дека морал да замине од телевизијата во 2010 година, па и со 100 евра казна на платата. Трајковски порача дека народот не се собрал пред МРТВ ниту да влегува внатре, ниту да се заканува, туку да укаже дека јавниот сервис мора да ја исправи својата уредувачка политика. Тој упати три пораки од пред ТВ куќата во која го помина целиот работен век.

„Новинарите, снимателите, монтажерите, не треба бидат послушници на режимот и треба да се ослободат, да не молчат и да не станат партиски војници кои ќе ги исполнуваат директивите на власта. Раководството на телевизијата послушно ја претвори наместо во јавен во партиски сервис, за кој плаќаат сите граѓани. Власта мора да ги тргне своите раце од јавниот сервис и да остави професионално и објективно да си ја врши својата работа“, рече Трајковски.

Новинарката Катерина Цаневска Арсовска кажа дека МРТВ нема газда во ликот на Бранко Црвенковски, ниту во Никола Груевски, ниту во Жерновски и Георгиевски, туку дека газда на МРТВ е народот и таа не треба да биде ничија партиска своина.


Статијата е прочитана 2354 пати.


Испрати коментар



МПЦ разединета, а повикува на единство
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Груевски распали пак
Интервју
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
Македонија во винска офанзива
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања



Коста Стоименовски, 14.01.2013 00:58:04
Целосно се согласувам со ставовите и оценките на претставниците на опозицијата за ненормалните состојби во државата. Сепак би сакал да предупредам дека опозицијата не треба да се занесува со учеството на 20-30, па и повеќе илјади луѓе на протестите. За победа ќе бидат потребни најмалку 450 илјади гласа! На митинзите што се одржуваа пред предвремените избори во 2011 година учествуваа и по 70 илјади луѓе, но, опозицијата сепак не победи. Чудно е тоа што власта го одби барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори иако анкетите на ИРИ покажаа дека рејтингот на владејачката партија е за повеќе од два пати поголем од рејтингот на главната опозициска партија! Тоа упатува на заклучок дека анкетите на владејачката партија сепак забележиле промени во расположението на избирачите!? Во повеќе наврати апелирав партиите да се откажат од скапите и малку корисни митинзи кои како урнек беа „увезени“ од Србија на С. Милошевиќ, но повеќе ни таму не се практикуваат! Битката за демократ
другар му на Амди, 14.01.2013 07:45:45
Каква перверзија! Новинари и поранешни новинари, а сега пратеници од партиска бина прозиваат други новинари дека се партиски војници. Ах таа моја чудесна Македонија!
ФЕЛИКС, 14.01.2013 08:08:00
Ова е солидна бројка (кога би се зезале) на излезеност на протестанти(не верски) во држава каде имаме над 2 мил.жители.И ако се додаде да 77,84 % се од внатрешноста кој дошле со безплатен превоз да купат нешто за Василица во престолнината,тогаш станува сосема јасно зошто се бојкотираат локалните избори.Уверен сум да тефлонските баби,оној 5001 и др. ги исполазија непријатни морници кога ќе направат споредба со завршниот митинг од работното-пресп��вачко лето и десантот пред приватна тв куќа.Па и одтука произлегува големата непосетеност на маневрите пред ,зад и околу Рекорд проткаени со слободарски дух според партиско поимање на слободата на народот.
PAVLE ALIMASKA, 14.01.2013 08:53:49
ИЗЛЕЗИ ГРУЈО право на тераса и да ја видиш вистинската македонска раса која прошета по скопската траса.Не се занесувај и не мисли дека ќе бидеш вечен,ќе паднеш од високо,падот ќе биде тежок и болен.
Трпе, 14.01.2013 09:32:56
Со вакви мирни протести како што беше Маршот на вистината, во земји со поразвиена демократија и совест пагат глави (пага влада) а кај нас лед не ги леди насилниците.Честитки до опозицијата за успешниот мирен протест.Опозицијата и неподржувачите на власта покажа кој го силува сопствениот народ.
девичанецот, 14.01.2013 10:00:14
Почитуван Науме, И јас бев на протестот, ама дека имаше повеќе десетици илјади луѓе....навистина е ноторна лага. Само застани пред Арената Филип 2 кога се празни, ( под услов пред тоа да била полна), самиот ќе сфатиш што значи помот повеќе десетици илјади луѓе.
Trene, 14.01.2013 10:50:36
ova partija skros ima izgubeno pamet na sila vlas saka da zemi
Македонец, 14.01.2013 11:36:14
Ај честито следење на МЕДИОКРИТЕТСКИ ОПИНЧАР кој ќе ве продаде во првиот момент кога ќе види корист од тоа. А вие и понатаму фалете си се дека „диктаторот“ Г`ујо ќе го смените со веќе видениот „автократ“ Бранко ПАПАТА Црвенковски. Само тоа е кога се има кратко памтење па не се гледа дека и двајцата имаат исти квалитети како политичари, и дека двајцата имаат сериозен БАГАЖ зад себе. Наздравје.
za feliksot, 14.01.2013 12:17:57
А бе феликс, ова маѕематикава ти му ја продаде на латасо или ти ја купи од кај него.
profesorka, 14.01.2013 13:07:07
Felikse, Felikse nema dolgo da ti trae srekata so gazdite. Vrti go kurkot brzo. Za tvoja informacija na protestite imase poveke od 20000 lugje i kako odea niz grad im se priklucuvaa novi i novi. Mnogu od niv ne se pripadnici na partiite. Ama se lugje so cest i dostoinstvo. Tie kategorii tebe ti gi zabranilo DPMNE.
daniela, 14.01.2013 13:16:59
Bravo za Trpe I Kosta!
Do Feliks, 14.01.2013 13:18:27
So minimiziranje i potsmevanje na potezite na opozicijata ne samo sto ne se resavaat problemite tuku tie dopolnitelno se izostruvaat. Vie i vam slicnite ja zabivate glavata vo pesok ne sakajki da ja sogledate vistinata. Ne e tragedijata vo toa sto nekoj nepokaneto sednal vo necija fotelja ili na masa, problemot e mnogu po seriozen, vo prasanje se nepocituvanje na Ustav i Zakoni. Ne smeete da prodolzite so ignoriranje i potcenuvanje na baranjata na eden golem del od Makedonskiot narod blizok do opozicijata koi na poslednite izbori broese poveke od 400.000 gragani.
stoev, 14.01.2013 13:22:15
vo vmro se infiltrirani sili koi nikogas nemale vlast i pari i sega vladeat kako vo ednopartijski sistem ne zalat ni za siromasi ni bilno,javnoto zdrasvstvo i obrazovanie gi napravija kasa so privatizacija gi napravija trgovija isto kao i so spomenicite a narod naviknala onaka komunisticki i od tursko da cuti i trpi i krvta da mu ja pijat.
vivien, 14.01.2013 13:32:07
Aj ne se inatete kolku bile, dali 20-200-ili 20000000000 koga za toa i krajnata brojka ja dava narodot na izbori a na poslednite toa go pokaza narodot, od togas se nema nisto sluceno nisto posebno, osven sto gospodata na sdsm preminaa vo akteri i pocnaa da glumat i sega sakaat so tie ulogi da fatat barem zlatna malina ako ne oskar!!!
Ајван Доктор®, 14.01.2013 14:34:23
Близу дваесет илјади граѓани (плус)1 (еден)Ајван Доктор!Само Фаличните бабини со перде на окалцата никогаш нема да го видат вистинскиот број,па ќе се занесуваат дека дошле со автобуси од внатрешноста и сл.!Демек,право на протест во Скопје имаат само скопјани!Во тој случај Фаличното бабино ќе мора да си се врати во тетовските села за од таму да ги коментира настаните за слободите и правата на народецов!И онака Гwујокио им обезбеди безжична интернет врска,компјутер за секое детенце и мноштво Ајфони,па можеш од таму да си штракаш по Да тастатурата!Во право си Фаликс,немаше никој пред Да Ѕинговата „Сител“гwујолизија,само Да дваесети��а илјади кои наскоро јасно ќе ви го покажат правецот кон Да излезот!
Baba Zumbula, 14.01.2013 15:18:47
Profesorke, Profesorke, nemojte taka za tefljonceto na Evda.Toj i devicanecot znaat se.I vo pravo se. Ete i na Sitel TV kazaa da imase 2000 lugje na kulturen,miren i civiliziran protest.Tie drugite 20.000, tie bea na specijalna zadaca od pozicijata.Da gi nadgleduvaat ovie 2000.Nema labavo kaj tefljonceto na Evda.Tuku tefljo do kade sme so rebusot?Go resi?Ke i go pojasnis na baba?Do kade sme so *ergelata*,koj,sto kako,kolku?Molcis?!A ti koga molcis baba znae deka e ukakana rabotata,do gusa! I za kraj patriotite prerodbenici da pogledaat 2000 protestanti so 20.000 patrioti prerodbenici - pazaci (neli taka?!),snimnki koi sekako ne mozat da se vidat na Sitel,MTV,Kanal 5,i od skoro na TV Alfa.
Nekoj, 14.01.2013 17:21:22
Zar e tolku vazen brojot! Reka od ludje ,dobro namernici gordo cekorea po skopskite ulici,a marsot pokaza kolkava pocit imaat kon Branko i Sojuzot za Idnina.Dostoinstveno i bez incident pokazaa kolku si ja sakaat svojata zemja.Naoruzanite do zabi policajci vednea glavi od sram .Prasanje e sega kolku od podrzuvacite na vlasta ke go podrzat liderot ,zatoa sto narodot koga cuti e opasen.Samo se plasam deka esapot na pastirot nema da e takov kakov sto zamisluva a najtesko e da bides porazen od svoite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |