Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.09.2012, 18:19

Едиторијал

Зависници од успех

Слободанка Јовановска

Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе вчера се потпишаа на заедничка колумна. Што содржеше таа не е толку битно, колку пораката што сакаше Брисел да ја испрати со неа. Таа е дека премиерот и еврокомесарот се партнери во проектот наречен дијалог на високо ниво. Дека Филе и Груевски не стојат еден спроти друг и си даваат отчет, туку и двајцата се одговорни за евентуалниот неуспех. Дека, како што нагласи Филе, Македонија има потреба од успех, а успех му треба и нему, бидејќи прифати да ја дели одговорноста со македонскиот премиер. Дека Филе е подготвен да проголта многу нешто за да ја постигне целта, која, пак, го надминува проблемот. Поточно, дека тој на нашиот премиер му понуди партнерство во проблемот, а како влог го стави личниот авторитет, бидејќи нема друг избор.

Во ваква констелација може да се сфати посетата на еврокомесарот, која кај нас се сака да се упрости само со дилемата – не' фалеше ли навистина или не, задоволен ли е од видениот прогрес или само се задоволува со формата? Технички Владата ги испорача барањата, суштински Филе ќе мора уште многу да се препотува за да го добие тоа што му треба за беспрекорно досие на Македонија. По седум години чекање преговори, Филе знае дека нашите постигнувања се добри за препорака, но за да им е непријатно на земјите-членки повторно да ги одложат преговорите, мора да има искрен пресврт во нашата држава. „Подготовки за значајни реформи“, како што стоеше во заедничката колумна, не се тоа, како ни ставањето на законите во процедура неколку часа пред слетување на еврокомесарот. Она што сакаше овој пат да го постигне Филе е да апелира на нашата свест место да не' свестува со критиките. Да не' увери во неговата добра намера, а со тоа и во исправноста на советите дека не е важно што мисли тој, туку каква држава правиме. Иако, генерално, тој најави позитивен извештај на ЕК , прецизно ги нацрта главните проблеми на Македонија.

Првиот е користењето на етничките прашања за билдање на партиските рејтинзи до степен на предизвикување етнички поделби што водат до дестабилизација. Тоа, со неспоменувањето ни „и“ од избори, беше јасна порака што мисли за политичката криза во земјата и за партиските трикови за одржување на власт,не еднаш, туку на секои две години. Втората е дека колку и да има оправдувања за блокадите на соседите, проблемите што ги имаме со Грција и со Бугарија во голема мерка сами си ги продуциравме или барем мегаломанизиравме. На Филе, кој неколку години се обидува да и' даде преговори на Македонија, сигурно не му беше лесно да најави нов услов за нашата евроинтеграција, бидејќи земја-членка го побарала тоа. Ние сега можеме да расправаме дали најавувањето на бугарското прашање е адут на Брисел пак да не ни даде преговори, или можеби начин на еврокомесарот да ни врати за непријатностите што му ги приредивме броејќи му ја употребата на зборот „македонски“. Но, од неговиот настап беше очигледно дека на ова прашање сакаше да му даде посебна гласност за да го чуе Софија со сигурност или за да стекне таков впечаток, додека превенира уште една кочница за нашата евроинтеграција.

Задачата на Филе, судејќи по пофалбите, пред се', е да го смени статусот на Македонија од жртва во креатор на својата иднина, но тоа не ќе може самиот ако нема помош од овде. Позитивните оцени, што на наше неверување ги кажа во Скопје, не се наменети само кон земјите-членки, туку и кон премиерот, за кого добро знае дека е зависник од маркетинг и суета. Ако и Груевски е дел од тој проект за извлекување на Македонија, Филе очигледно е подготвен да му го даде и тоа.


Статијата е прочитана 1377 пати.

Испрати коментар



Писма - За увозот на пченицата
Писма - Лустрацијата ќе создаде нови страдања
Министре, знаете ли што е синдикат?
Збогум, Европо
Три против еден



Istocna Makedonija, 19.09.2012 07:52:55
Se e vo kontekst na dnevno politicka agenda i od strana na EU.Te falam,falam,ja imas kartata v djeb ,ama vozot zminal,ili ke dojde posle edna,dve decenii.A,ti cekaj i fali se so uspesi i za ,,proekti kako polski klozeti,ili za izvrseni zadaci a koi normalno si platen i si dolzen azurno i fikasno da gi realiziras.Ili,i pak i se vo konotacija,na kuceto drzi na zajakot begaj.TragikomicnoI
девичанецот, 19.09.2012 08:43:23
Слободанка, Верувам дека и тебе ти е јасно дека слепото одење по желбите на таканаречената Европа што ја нарекуваш, само до вазалство ќе не доведе. Кажи го твоето мислење, ако го имаш,. Секако истото би придонесло за подобра иднина на нашата земја, а не само Европа, Европа, Европа....како што викаше Бучко..па и сама знаеш како си заврши истиот.
milan, 19.09.2012 08:56:13
File pred makedonskata javnost a bi rekol i pred balkanskata, si e cist.Demek dojde da ne poduci (kako mali deca) da bideme kreatori na svojata sudbina,a ne zrtvi. Sostojbata vo drzavata sto ni e za nikade ne go interesira. (ne razgovara so nevladini organizacii i drugi institucii,mediumi i sl. pa da ja vidi pravata slika za MKD.)Po se izgleda za Evropa ne sme interesni, a toj si zaminuva so vpecatokot dobien od nasite rakovoditeli a koj e nasminkan. Znae kakvi sme ama si veli rabotete kako znaete i umeete.
Јован АН, 19.09.2012 09:11:42
Со своите слободни толкувања авторката за недобивањето на датум за преговори со ЕУ повторно бара виновник во Македонија,а верувам дека подобро од нас знае дека барањата од ЕУ ќе одат во недоглед поради НЈС и одлуките со консензус.А сигурно знае дека ако се попушти на НЈС и се прифатат нивните барања ,тоа ќе отвори барања и од другите соседи,а и од некои наши малцинства.
zavisnik, 19.09.2012 10:30:43
Ima i zavisnici od neuspeh, koi od toa ziveat. ne daj boze na Makedonija da i svetne sonce, ke nemaat rabota i plata. Inaku ne mie jasno ova so Bugarija. pa neli vladava e bugarofilska.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите чи��атели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |