Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.09.2012, 18:23

Писма - За увозот на пченицата

Трајче Петрески

Условен увоз на пченица и брашно - автогол на македонската Влада. Последниве три години Владата воведува условен увоз на пченица и брашно. Ваквиот потег економски би бил издржлив доколку во нашето опкружување, цената на пченицата би била пониска, па со таквиот чекор би се стимулирал откуп по повисока цена која би одговарала на македонските земјоделци. Меѓутоа, во услови кога цената на пченицата во соседството изнесува околу 250 евра за тон и кога сите држави ги полнат своите резерви поради глобален недостиг од жита, ваквата одлука е несфатлива. Потребните 150.000-180.000 тони наместо да се увезат по далеку поевтина цена во време на жетва се чека зимскиот период за увоз кога цените на житата се драстично повисоки. Во 2010 година Македонија потроши околу 12 милиони евра повеќе само затоа што потребните количини беа увезени неколку месеци по жетвата. Освен тоа, одлуката за условен увоз е во спротивност со член 3, член 21 од договорот CEFTA, па така на ланскиот самит на земјите-членки на CEFTA во Париз, министерот Сарачини беше жестоко критикуван. Како одговор на ваквата одлука на македонската Влада, Косово ја зголеми царината на цементот од Македонија, а Србија воведе забрана за извоз на шеќер, сончоглед и соја. Очигледно ваквата ситуација им одговара на моќната група на мелничари кои се длабоко инфилтрирани во сите владини тела кои донесуваат економски одлуки. Се поставува прашањето чии интереси, всушност, ги штити Владата со ваквите свои одлуки кога цената ја плаќа народот, особено социјално најзагрозените слоеви кои поради ваквата политика ќе плаќаат поскап леб, месо, млеко...


Статијата е прочитана 497 пати.

Испрати коментар



Писма - Лустрацијата ќе создаде нови страдања
Министре, знаете ли што е синдикат?
Зависници од успех
Збогум, Европо
Три против еден

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дил��ма дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |