Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.02.2012, 14:22

Кривична пријава за убиство против полицаецот од Гостивар



Во Гостивар вчера попладнето околу 13 часот во близина на кејот на реката Вардар, Ј.Т. (39) од гостиварското село Вруток застрела две лица на возраст од 26 и 30 години

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Т. (39) од гостиварското село Вруток, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.

Во Гостивар вчера попладнето околу 13 часот во близина на кејот на реката Вардар се случи инцидент во кој животот го загубија две лица од градот на возраст од 26 и 30 години.

Според информациите од МВР, до убиството дошло по вербална расправија која настанала околу паркинг место на кое осомничениот сакал да го паркира своето приватно возило со кое претходно од училиште ја земал својата ќерка.

Со пријавата, Ј.Т. вчеравечер беше изведен пред истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој му определи мерка притвор од 30 дена.

Пријавениот, според МВР, делото го стори вчера на улицата „Кеј Вардар“ блок 4 во Гостивар. По претходна вербална расправија со лицата И.М.(30) и Б.Ш.(26), двајцата од Гостивар, кои живееле во непосредна близина, а во врска со паркирањето на неговото возило „хундаи“, според неговиот исказ, тие и физички го нападнале. Изреволтиран поради тоа, според кажувањето на Ј.Т, од панталоните го извадил службениот пиштол „ХС 200“, калибар 9 милиметри, сопственост на МВР и исупукал околу седум куршуми кон И.М и Б.Ш и им нанесол смртни повреди.

Од МВР информираат дека повредените со возило на случаен минувач, веднаш биле пренесени во гостиварската болница, каде што била констатирана нивна смрт.

Пријавениот и осомничен за убиство Ј.Т со своето возило, во која се наоѓала и неговата малолетна ќерка, заедно со неа дошол и самиот се пријавил во полициската станица Гостивар, по што е лишен од слобода.

Набрзо е извршен увид на местото на убиството со учество на екипа од СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител. Пронајдени и подигнати се пет празни чаури, едно јадро од проектил, траги од крв и друго кои ќе се вештачат, како и пиштолот со рамка со осум куршуми.







Статијата е прочитана 2790 пати.

Испрати коментар



Марјан Цветковски на чело на МРТВ
Евроамбасадорот Орав ја презеде функцијата
Годинава ќе биде потешка од лани
Лидерите на ЕУ го потпишаа фискалниот договор
(ФОТО) Вардар ќе добие бродови
Трибина за минималната плата
Албанскиот Парламент го разреши Крешник Спахиу
Дијалогот на високо ниво со ЕУ стартува на 15. март
Банките нема да можат да ги враќаат заемите на ЕЦБ
Градоначалникот против руска црква во Париз
Македонските парламентарци на средби во Сиднеј
Делегацијата на ЕУ бара смиреност по инцидентот
Договори за доделување училишни автобуси во 23 општини
Битола остана без градски автобуски превоз
Две бомби експлодираа во Истанбул, третата деактивирана
Херман Ван Ромпуј доби втор мандат
Претседателот Иванов во посета на Австрија
Романија и Бугарија остануваат надвор од Шенген
Србија доби кандидатски статус за членство во ЕУ
Груевски и Пападимос се тестираа во Брисел
Клуч за фирмата чии работници настрадаа од лифт
Вељановски лобира за укинување на австралиските визи
(ФОТО) Инцидентот го запали Гостивар
ОБСЕ повикува на смиреност по инцидентот во Гостивар
Повредени работници по пад од скеле
Светска банка - Сиромаштијата се намалува
Вулф во пензија со 200.000 евра годишно
Јанкулоска - МВР има нови информации за уривањето на „кингерот“
Русија и Македонија негуваат одлични односи
Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Пазарната вредност на „Епл“ надмина 500 милијарди долари
Почнува дводневниот Самит на ЕУ
Хрватскиот ДДВ од денеска изнесува 25 отсто
Најмалку 12 загинати во торнадо во САД
Викиликс - Санадер од политиката го избрка мафијата
Десет ренети во експлозија на бомба во Истанбул
Новиот еврoамбасадор Аиво Орав пристигнува во Македoнија
Средба Груевски - Пападимос во Брисел
Пресудата за „Пајажина“ за две недели
Србите имаат најниски плати на Балканот
Владата и ЗНМ се уште далеку од договор
Иванов - Самитот на НАТО во Чикаго не е за проширување
Волерс - Инцидентот во Гостивар да се решава според законот
Ховит - Македонија е подготвена за преговори со ЕУ
Затворската ќелија на Тито туристичка атракција
„Децата не се виновни“ за поквалитетна социјална грижа
Меркел е убедливо најпопуларниот германски политичар
Стаса втората тура од 68 двокатни автобуси
Тадиќ - Србија нема да прифати невозможни услови
Владата бара нова истрагата за загинувањето на Трајковски
Во Европскиот парламент почнува расправата за АКТА
Ханфрис - Австралија треба да ја признае Македонија под уставното име
Расмусен - Прво решение за името, па членство во НАТО
САД нема да застанат зад БЈРМ
Во ГТЦ ќе профункционира лифт
Ќе се бара одговорност за несреќата со лифтот



jimmy1, 29.02.2012 15:24:59
Taka e koga zaposluvati policajci so dvo-nedelen kurs. Da ubie dve lica za parking treba da e nenormalen. Prvo neznaat da se odnesuvaat kako luge i zatoa lugeto se tepani pa duri i ubivani od policijata i toa bez nikakva vina. Sto se zamisluvaat tie luge, oblekle uniforma i misla deka go fatile gospod za m....... Ako policaecot ne bil na rabotno mesto kako mozi sosebe da ima pistol od MVR?? Nasekade policijata nosi oruzje duri e na rabota, koga ke mu zavrsi rabotnoto vreme go predava vo stanicata, a ne da spie so nego. Ako ima dozvola za nosenje oruzje mozi da nosi svoj pistol ali nikako drzaven. Ali kaj nas cuvaj boze sve e mozno i zatoa policijata za mala sitnicagi maltretira graganite. Ova go nemase vo nasata ni YU, policajcite so lugeto slobodno si setaja niz gradovite i selata, a sega so policaec nemozi da se progovori. Treba da se obucat kako da se odnesuvaat so graganite, kako da gi zastituvaat a ne da se izzivuvaat so niv.
Makedonecot ne smee da se brani!?, 29.02.2012 18:39:45
Se cini deka vesnicite sakajki da bidat politicki korektni i poslusni isprakaat odnapred doneseni presudi! Sto ako se raboti ( kako sto se gleda) za samoodbrana? Vo sekoja drzva kade sto ima Zakon a ima i nasilstvo SAMOODBRANATA e garantirana. Vo SAD napad e samo da go dopres na oblekata a ne da ti gi iscuka zabite ili fizicki so tupanica da te ubie. Za mene pricinite za raspravijata se edno, a samoodbranata e drugo. Policaecot ubil vo samoodbrana! Da ve potsetime na slucajot so ubienoto Romce vo tetovo vo ALumina...strazarot go zastrelal zatoa sto begalo! Toa bilo odbrana na imotot na ALumina?! Da imaa oruzje mnogumina denes ke bea zivi, a ne ubivani kako jagninja po plostadite od strana na nasilni tolpi divjaci! da imase pistol pretepanoto Makedonce vo gradski soobrakaj vo Skopje kade desetina pipadnici na albanskoto malcinstvo go dovele vo opasnost negoviot zivot...kako ke se vikase toa? Vo sto e razlikata koga cetvorica tepaat policaec! Tie znaele deka e policaec! POROTA !~

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |