Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон Саботен магазин
Економија
16.08.2013, 19:52

Се топи иселеничкиот финансиски колач

Во првите пет месеци од годинава тековните трансфери се пониски за 51 милиони евра во однос на истиот период лани

Нина Нинеска-Фиданоска

Почнуваат ли македонските иселеници да го стегаат ќесето, праќајќи им малку посиромашен финансиски колач на своите семјества овде за разлика од порано. Најновите податоци покажуваат дека во првите пет месеци од годинава тековните трансфери се намалиле за 8,4 отсто во однос на истиот период минатата година, која се сметаше за рекордна во поглед на привлекувањето дознаки од странство. Или, ако во периодот од јануари до мај лани контото на земјава се збогатило за 607,5 милиони евра трансфери, за истата временска отсечка годинава по таа основа се слеале 556,5 милиони евра, или помалку за 51 милиони евра.

Факт е дека парите на иселениците не се единствена ставка во тековните трансфери, но, сепак, нив им припаѓа значаен дел. Според истражувањата на експерти од земјава, годишно дијаспората „кешира“ по околу 300 милиони евра во финансиските канали, што е околу 4 проценти од бруто-домашниот производ во земјава. Тоа е далеку поголем износ од странските директни инвестиции минатата година, односно околу 105 милиони евра.

Некои аналитичари неодамна коментираа дека годинава сигурно ќе се слеат помалку пари од дијаспората во однос на лани, како и дека тој тренд на „топење“ на иселеничките пари ќе продолжи и во наредниот период.

Тековните трансфери досега важеа како одличен извор за македонската економија, а во нив, покрај средствата од печалбарите, влегува и нерегистрираниот извоз, девизни што нашите граѓани ги менуваат преку менувачниците и слично.

Инаку, за цела 2012 година трансферите и' донеле на земјава рекордни 1,62 милијарди евра, додека, пак, во 2011 нивното ниво било 1,48 милијарди евра. Во првите пет месеци од годинава, пак, од трансфери имаме 556,5 милиони евра. Експертите сугерираат дека не треба да се избрзува со заклучоците, но и укажуваат дека државата треба да се подготви во случај ненадејно да затаи иселеничкиот финансиски прилив.

„Точно е дека од почетокот на годината се забележливи некои надолни поместувања кај ставката приватни трансфери. Прво, треба да ја почекаме статистиката за летните месеци, за да го видиме движењето на трансферите, бидејќи ова се месеците кога иселениците се враќаат во родниот крај. Второ, било какви заклучоци врз основа на ова намалување би биле избрзани, со оглед дека оваа ставка во платниот биланс е агрегатна, што значи дека освен дознаки, вклучува и нерегистриран извоз на стоки и услуги, други девизи што се чуваат под перница и се разменуваат во менувачниците...“, вели Марјан Петрески, професор на Универзитетот „Американ колеџ“.

Но, според него, ова не исклучува дека државата треба да се позанимава со проблемот на трансферите, пред се' во смисла како да се искористи потенцијалот што тие го имаат за постигнување развојни цели, а првенствено за потенцијално поттикнување на креирањето работни места.

„Второ, таа треба да развие механизами за заштита во случај на ненадејно позначајно намалување на трансферите. Ова е важно затоа што на макро ниво тие го затвораат големит трговски дефицит, а на микро ниво спасуваат многу домаќинства во Македонија од запаѓање во сиромаштија“, потенцира Петрески.

Централната банка неодамна информираше дека се очекува стабилизирање на приватните трансфери и намалување на нивното учество како процент од БДП. Односно, ако лани изнесувале 21,5 отсто од БДП, за годинава се предвидува нивното учество да се намали на 20,6 отсто, а во 2014 на 20,3 отсто во БДП. Сепак, ова во НБМ не се смета како загрижувачки тренд.

Инаку, сумата пари од печалбарите досега постојано се зголемуваше, а особено е интересно што таа се движеше по нагорна линија дури и во најдраматичните период од европската криза.

На четвртата годишна конференција на Обединетата македонска дијаспора одржана неодамна, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски порача дека врската со дијаспората не смее да се изгуби. „За Македонија е добро што поголем број млади луѓе од втората или третата генерација иселеници да доаѓаат во земјата на нивните корени, а некои од нив да препознаат и можност и за бизнис инвестиција“, рече Пешевски, додавајќи, дека тие на крајот, сепак, би сакале да видат и профит од инвестициите.

Дел од иселениците тогаш нагласија дека дијаспората сака да помогне и да инвестира во Македонија, а „еден од начините се патриотски обврзници по примерот на Израел“. Други, пак, потенцираа дека таа веќе инвестира во татковината, главно во мали и средни претпријатија, во ИТ-секторот, агробизнисот...


Статијата е прочитана 2557 пати.


Испрати коментар



„Ауди“ е број еден во светот
Масовна берба на боровинки на Кожуф
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна



Itar Pejo, 17.08.2013 00:07:58
Normalno. Lugeto se povece se iseluvaat definitivno. Za kuca i pokuknina si investiraat tamu.
jovan, 17.08.2013 00:28:08
Tie *stari* iselenici veke isceznuvaat. Nivnite potomci Makedonija ne gi interesira, mnogumina duri i neznaat Makedonski. Ovie *novite* iselenici, ne se kako starite, koj rabotele tamu a so mislite bile tuka, gradele kuki, gi renovirale starite, i edvaj cekale da dojde leto i da dojdat na odmor ovde, *novite* si odat na odmor vo Venezuela, Mexico, Cuba, Florida... i doagaat tuka se poretko. Za investiranje ni na kraj pamet ne im e, a ke se posluzam i so crn humor(ama vistinit), cekaat roditelite da ostarat i otidat na onoj svet, da prodadat ovde se sto ostanalo i tamu da si gi dootplatat kreditite za kuka/stan. Taa e momentalnata sostojba pomegu iselenicite. Pecalbarite(koj imaat zena deca ovde) se drugo, tie isprakaat pari, a ovie koj veke otisle tamu, stvorile familija tamu, ne se ludi ovde da se vrakaat i da se zamaraat so ona od sto pobegnale. Treba mnogu rabota za da doverbata megu iselenicite se povrati.
od jas, 17.08.2013 02:56:04
Taka e goga carinicite specijalno na aerodromot vo Skopje ni ja derat kozata. A devizi vi trebaat. E ne vi gi davam. Barem malku respekt da imate za nas.
Janko, 17.08.2013 03:56:44
Matematikata na analiticarite ne e vistinski pokazatel ili mnogu precizna. Tie imaat uvid na bankaraski transferi , no ne i na kes. Inaku ova leto mnogu iselenici se vratija vo Makedonija i ostavija kes pari na svoite bliski, a so toa se gubi tragata na evidencija. Toa e zatoa sto uslugata za transfer na pari e skapa. Na primer ako pustis 30 dolari po vestern union , ke platis 30 dolari transfer.
Citatel, 17.08.2013 04:15:10
Jovan, ne pisuvaj za nesto sto ne znaes. I pokraj toa sto ekonomskata kriza e zavrsena vo U.S. platite se pomali, a trosocite na zivotot se znacitelno pogolemi. Po moj proracun standardot e sega za 10-15% ponizok od onoj pred krizata. A i stravot e golem recesijata da ne se vrati. Pomalku trosime. Poveke pari cuvame na strana ako trgne na loso. Ovde ne mozes da racunas na drzavna pomos. Sam moras da prezivees.
odmene, 17.08.2013 05:52:37
Vo momentot koga nasite roditeli ke gi nema dolar nema da pratam, zaradi vas zaminavme ne od ubavo, nemie kulturava kolku pogrdno da ve narecam site nekazneti za se dosega ...
Stranec, 17.08.2013 08:00:48
Makedonskite finansiski vlasti ne treba da im gledaat na makedonskite iselenici vo gjebovite. Namesto toa neka ja podignat ekonomijata na povisoko nivo i da si go vrabotat rabotosposobnoto naselenie. Pari za nisto nema veke. Zavrsi toj film.
Zoran, 17.08.2013 09:27:56
Pozdrav do site iselenici! Ako barem nekoj od vladata procita od ovie komentari,ke go slusni glasot na napatenite iselenici kako se ucenuvani i ponizuvani od svoite sogragjani da pocnam od granica pa do site ustanovi vo vnatresnosta i lesno ke predvidi sto ke se slucuva vo idnina.Navistina zalno e sto se se pravi da se samounistime.Kakvo e toa ucenuvanje i ponizuvanje za hitno vadenje na pasos ili vozacka da treba da se plati duplo,zosto?Zatoa sto nemame vreme za cekanje i ucenuvani sme da platime duplo?A pokraj seto toa turkanici crevata ke ti gi izvadat
Devizi, 17.08.2013 09:31:05
Starite pecalbari od naivnost i nostalgija, poklonuvale nepovratni pari na rodnini, poznati i nepoznati.Vtorata i tretata generacija toa ne go praktikuvaat,taka da za kratko vreme ovie izvori na devizi ke presusat.Nemozam da go zaboravam komentarot na eden skopjanec, koj izjavi kako e koristel negovata tetka od avstralija koja mu pracala dolari navodno za da prezivee, a on so tie pari si kupil nov avtomobil.Humano e da se pomagaat nemocni deca, postari i nesposobni lica, ali ne i Mk paraziti sto sakaat da ziveat na tudj grb.
zapev, 17.08.2013 10:18:06
tocno se pomalku doadjame vo mk videte i avioninte sred leto se poluprazni za sk i toa jedva ima 5-6 sleta dnevno vo sk ...na zapad reka ludje odi/izleguva od aerdoromi nit pasos kontrola nit pari kolku nopsis a na sk aerodrum seuse ni barat mk pasos ne cule za toa deka e dovolno bilo koj patna isprava samo da e validna no problem e i toa sto na stranski drzavjani barat da se privat vo policija ..e toa e kepak pa toa go nemase nit vo komunizmot toa e medjudr golema pricina sto nasi potpmci ne odat za mk a so toa i ne trosat pari vo mk..sekoja drzava vo eu jedvasj ceka d adojdat stranci i trosat pari nit pasos gleda niiit prijava.....pa sto togas se cudete neam devizi?
od ostrijot, 17.08.2013 10:58:07
se topat i uste poveke kese topat bankarskite uslugi se katostrofalni bare vo mojot slucaj vcera sakav da podignam 5.000 evra mi rekoa oti toa moze tek vo vtornikot i meposovetuva oti toa e najdobro zamene ako parite gi zemam vo denari a jasi rekv oti stavam evra i mi trebat evra znaci ako stavas pari vo stopanska banka koga tise potrebni kemoras dase molis i cekas so denovi za svoite pari .a nedaj boze dapocnes neto da gradis togas i kosata keti pobeli.
amet, 17.08.2013 12:32:10
Pa normalno,ekonomska kriza ima nasekade,kako vo Amerika avstralia,pa i evropa pa ova e pokazatel deka i na iselenicite ne im e lesno,deka parite ne pagaat od nebo,i nasiot makedonski narod ne moze da go sfati toa. Pa eve najprost primer:Odis na odmor vo Ohrid te derat od site strani,kako vo prodavnica,a da ne praime muabet za vo restoran i kafic,edno sedenje vo kafic so trojca pokraj ezero 2 neskafinja i edno sokce za dete 400 denari,pa racunaj ti sega ke odis li sekoj den po 400 denari da davas,pa nema sansi,vo restoran da sednis so 4 dusi pomalku od 50 evra ne ti bega. epa aj sega kazi ja matematikata na ovie astronomski ceni,duri na primer vo Albania ili turcija ne olku skapo.I posle se zalime nema turisti e pa nema bratko za tie pari ke odat na more namesto vo OHRID. Krizata udri nasekade,rabota nemat i normalno deka ke go stegas keseto, pa i za najbliskite,od socijalno ne se zivee vo evropa pa i kade da si vo svetot.
zagajlen iselenik, 17.08.2013 13:14:17
Ke dojde i pogolemo seknuvanje vo transferite na pari. Nesmee edna vlada ili politicka partija da go deli iselenistvoto. Dali ste svesni kakvi steti i delbi ste napravile vo dijasporata. Izigravata i vlada i vladici i patrijasi. Do koga ke gi ugnetuvate iselenicite koga vi doagaat vo Makedonija da gi vidat svoite najbliski. Nese tuka samo transferite koi gi prakaat, no tie vo Republikata za ednomesecen prestoj trosat poveke od deset do 20 iljadi dolari, a vie ne gi bakracite, popot trebalo da vi kaze dali se od vasata parea ili ne. Zatoa ke sekne izvorceto. sramota
Silvester, Sidnej, 17.08.2013 14:47:32
Krizata si go pravi svoeto. Vtoro vremeto isto. Mladite i veke voopsto ne gi interesira MK. Se poveke i poveke familii pustat koreni niz svetot. Treto ni vo komunizmot ne bese taka tesko za odenje i vrakjanje kako sega ovie maltertiranja. Jas si odam doma, a tie mi velat deka treba da se prijavam. Pa imam avstraliski pasos i star makedonski velam. Ne e dovolno mi velat. Ajde [p salterite cekaj so saati....ccc....Zena mi veli odgodina mazu odime na Queensland. Za vo MK ke videme. Ova e sostojbata kaj obicnite nie diasporci. E tie se greskite sto ne veruvam deka nekoj i voopsto od odgovornite go interesira za da gi resi.
SS, 17.08.2013 14:56:26
Jovan,ASHKOLSUM!! Tocno opisa sto se slucuva.Ne trebe da se citaat referati,vo nekolku recenici opisa sve realno,bez da se lazeme ova ili ona e pricinata.Dogodina ke ima uste pomalku.Ne mozam da ja predvidam kako ke bide berzata,no ova e jasno
Car Samoii, 17.08.2013 15:41:25
A dali vi epoznato deka drzavata bara del od tie pari t.e treba primacot da plati danok.
Od Italija, 17.08.2013 19:41:39
Navistina sum sreken sto se vodat takvi statistiki vo nasata zemja No i zalam sto samite zakonski normativi kako i pocitot na samite gragjani koi ziveat vo Makedonija vrz nas se razocaruvacki,da ne preteram i ponizuvacki. Najgolemiot broj od nas se zaminati so poslednite zastedi ili pozajmeni pari,so solzi na ocite i macnina vo dusata. Kolku e teska pecalbata moze da se slusne i preku ispeanite pesni na Baftiroski,Vojo Stojanoski i dr ,sekojdnevna ubitacna nostalgija i licno i familijarno dokazuvanje Samo nie koi se naogame nadvor,mozeme da se razbereme kolku e tezok pecalbarskiot zivot dodeka onie vo zemjata gledat sansa za iskoristuvanje,omalovazuvanje i golema zavidnost. Kade e edinstvoto? Toplinata od zemjata? Poskapuvanje na proizvodi,uslugi i grabezi,birokracija. Zapretego seto ova,nie ne zasluzuvame na sekade da se custvuva stranci. MAKEDONEC!!!! Babaistarec
Revoltiran, 18.08.2013 00:41:02
Dragi sonarodnici, site vie koi otidovte v tudjina da si ja barate, ne srecata, nego golata egzistencija, vozvratete im na politicharive na ist nachin kako oni vam. Ni obecaa Shvajcarija na Balkanot, a ni ja donesoa Palaestina od Bliskiot Istok. Abe 2 milioni narod bevme, sega sme pola milion pomalku. Zarem toa ne mozeme da go organizirame i prehranime? I pokraj opshtata beda i jad, pastirot go velichat i velichat, pa i po osmi pat ke pobedil, kako da navistina od MK napravi Shvajcarija. Ma neka se goni i pastirot i site ovci so nego. Marsh!
tocno, 18.08.2013 01:40:46
se soglasuvam 110% so jovan. kratko i jasno ja opisa realnata situacija.
od EU, 18.08.2013 01:54:33
Da,taka e! Iselenicite, sé pomalku ke imaat zelba da dovagjaat vo Makedonija i od pusta romantika, za da go vidat rodniot grad.Za nas nekogasnite skopjani,e posebnà tazno.Gradot ni e tugj,neprepozatliv, komshiite gi nema, prijatelite rastureni koj kade,a rodninite, od kako roditelite ni pocinaa,se pretvoreni vo grebatori koi samo gledaat kolku poveke da izmknat od nas,pa po toa, ni se potsmevaat na naivnosta i sé pak smetaat deka sme mozele poveke da im dademe, za vednash da duvnat vo Solun po nova garderoba !Onoa sto nie sme doshle da gi vidime,ne gi interesira, odkako ke dobijat podaroci, mozeme i da si odime.Cesto sme prevareni okulu nasledstvata ili okulu administrativni problemi; katastri sudovi,bozem ne dobile paricna pratka i t.n.Od kako 2-3tégeneracija ,pomalku romanticna od nas, gi procita, sega poveke ne mrazat i ozboruvaat a i poveke ne lazat i drpaat.Mi prodavaa delo od semejna kukja,Ni dignaa nasledstvo i duri grobot na roditelite, a sudot- KORUPIRAN kako sto e poznat!!
maja canada, 18.08.2013 03:34:21
Jas ziveam vo Kanada i mozam slobodno da kazam deka toa sto go napisa Jovan e potpolna vistina. Novata generacija MK iselenici se iseluva so celloto semestvo i pusta koreni vo dijasporata. Tesko deka mioite deca ke prakaat pari vo MK koga site nie (celo semejstvo) sme zaminati od MK; nasata idnina e vo zemjata vo koja ziveeme, rabotime, ucime, tvorime...
partiski vojnik, 18.08.2013 04:40:36
pochituvana g-ga nina sepak ova se statistichki podatoci a vo niv gi nema makedoncite koi se na rabota vo afganistan,iraq, djibuti,kuwait.. vsushnost ova se lugeto koi rabotat kako podrshka na amerikanskata armija, megu koj sum i samiot jas. so namaluvanje na trupite vo afganistan koe se sluchuva vo kontinuitet poslednive meseci taka se namaluva i rabotnata sila. najprosto kazhano se gubat iljadnici rabotni mesta. pomnozhete gi so prosechna mesechna plata od 3.000-5.000 dolari pa irachunajte sami kolku pomalku pari se vlevaat vo mkd finansiski sistem. pozdrav
London, 18.08.2013 09:42:45
Eve jas licno bidejki imam roditeli koi imaat sreka da rabotat seuste vo Makedonija nemam potreba da prakam pari,prakam za rodendeni i slavi ne deka mi baraat sama sakam da gi iznenadam i da pokazam blagodarnost za toa sto me iscuvale i me cuvaa dodeka se macev da najdam rabota kaj nas.Inaku ogromna provizija zemaat od bankine.Za 100 funti 30 funti provizija katastrofa.Inaku ne e sjajno ni vo stranstvo rabotis macno 6dena vo nedelata,ima pari ama jas licno gi cenam parite i stedam zasto znam kakvo e cuvstvoto koga si bez pari.Najinteresnoe koga si odam doma site mislat nie vo stranstvo parite gi bereme,i sega ke gi rasfrlame i poklonuvame.A za granica e druga tema na aerodrom te gledaat kako neprijatel.Od ljubomora ne ne biva .Nie sto sme zaminati od krizata doma tesko deka nekoj ke se vrati zasto sme razocarani od ednopartiskiot sistem i vladeenje,bez rabota perspektiva koj e lud da se vrati tamu.Moze samo strarite pecalbari od Avstralija i Amerika koi ne ja znaat denesnata sostojba.
Ах таа моја ЧУдесРУК земја!, 18.08.2013 10:45:15
Иселениците уште праќаат пари за своите останати стари родители или евентуално брат/сестра, но трендовите се такви да ако отишол братот тој набрзо си ги повлекува и братот и сестрата. Остануваат само старците и за нив се испраќа по некој долар. За десетина година по природен пат и тоа ќе секне бидејќи кој нормален млад човек, школуван и израснат на Запад, ќе сака да се враќа во земјава Недојдија, каде се, ама буквално се е превртено наопачки. Најбанален од милиони можни примери: вчера за мечот Македон��ја-Литванија кошарка спонзорот ONE или СЦБТ (не знам кој) катастрофално лошо го организираше влезот и излезот во/од салата. Мораше непотребно да се поти, гужва и нервира човек за една толку лесна операција. А бе малку само да се вклучуваше мозок во оваа скапана земја, бар одвреме навреме и тоа само малку, не мора многу. Немаше толку многу да ми прекипе очајниов живот во неа, иако материјално не стојам лошо. Квалитетот на живот е најлош во Европа, тоа го гарантирам со глава.Катастрофа жива
janko, 18.08.2013 12:35:04
nit jas nit vnucite odime povece vo makedo ne sakat da cujat vnucite da se prijavuvat po salteri toa go nema ni vo bugarija ni vo turcija nit pa vo indija,napravete ja mkd da e sekako vo eu ili nikoj od nas povece nema da doadja pa nema ni tie devizi da gi imate od nas povecko.
Jas, 18.08.2013 19:31:33
Makedonija mora da nauci da zaraboti pari i da ne pokriva deficit so pari od iselenici.
PP, 18.08.2013 20:14:43
Bi bilo dobro da sme poslozni, nesto kako Jevreite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |