Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.09.2012, 17:13

Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино

Министерот за надворешни работи беше добар домаќин и ги прошета странските амбасадори низ подрумите на ВВ „Тиквеш“

Ангел Данов



Кавадарци - Дипломатскиот кор во Македонија заедно со министерот за надворешни работи Никола Поповски вчера во рамки на економската дипломатија на Македонија имаа можност директно да се запознаат со производните капацитети и да дегустираат вино од најголемата винарница на Балканот, „Тиквеш“.

Целта на ваквата посета, како што нагласи Поповски, е да се промовираат извозните индустрии, покрај вообичаената промоција во македонските дипломатско-конзуларни претставништва на аргументите за привлекување инвеститори.

„Се обидуваме да ги привлечеме дипломатите во земјава колку што е можно повеќе да ги откриваат можностите на Македонија. Винскиот сектор е еден од поклучните наши извозни аргументи и се обидуваме да направиме негова промоција. Воедно користиме можност да презентираме различни делови од државата, оти имаме многу да понудиме и надвор од главниот град“, рече Поповски и се осврна на историјата на винарството и лозарството во Македонија, нагласувајќи дека според Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) нашата држава го зазема 22. место во производство на вино.

Попоски рече дека Министерството за надворешни работи посветува големо внимание и во делот на економската дипломатија, со цел промовирање на македонските економски потенцијали во други земји.

Генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски, рече дека ќе му биде посебно мило ако остварените контакти резултираат и со успешна економска соработка и извоз на вино. Според него, ваквата презентација била само дополнување на тоа што што го работи самата винарница.

„Повеќе од 50 проценти од нашите приходи доаѓаат од извоз, кој е целосно пласиран во шишиња. Имаме брендиран производ и според последните објавени податоци, спаѓаме во една од ретките компании која има двоцифрен раст на приходите од извоз. Извезуваме во преку 20 земји, но ова го гледаме како дополнителна можност за презентирање и етаблирање на македонско брендирано вино“ рече Илиевски.

„Се' повеќе кинески компании се заинтересирани за купување македонско вино. Сега малку се грижам дали македонското вино кое влегува на кинескиот пазар ќе биде доволно. Како амбасадор во Македонија ќе направам се' што е во моја моќ македонските вина да ги има во Кина што повеќе“, рече амбасадорот на НР Кина Суи Џивеи, кој беше импресиониран од квалитетното вино во „Тиквеш“.


Статијата е прочитана 424 пати.

Испрати коментар



Мечки шетаат среде пелагониското поле
Ништо од цунамито, мал бран ја „заплисна“ Битола
Недостигаат 10 апарати за хемодијализа во Прилеп
Ако треба, лекарите ќе закажат нов термин за штрајк
Извозот на овошје и зеленчук ќе ја спасува економијата
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода



Istocna Makedonija, 19.09.2012 08:09:52
E gospoda diplomati,ambasadori,makedonskite vina i hrana se odlicni i ramni na svetskite,a sega napra vete nesto doblesno i humano za ovaa domakinska zemja.Ne ne kocete vo naseto megunarodno etabli ranjeI

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |