Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.09.2012, 17:20

Недостигаат 10 апарати за хемодијализа во Прилеп

Во прилепската болница на редовна хемодијализа доаѓаат 74 пациенти, а половина од апаратите мора да бидат заменети со нови

Моника Талеска



Прилеп - Бројот на бубрежно болни кои имаат постојана потреба од хемодијализа расте. Во прилепската болница на редовна хемодијализа доаѓаат 74 пациенти. Но, недостигот од квалитетна опрема, нови или добро репарирани хемодијализери, е причината поради која неколку пациенти од Прилеп и од Македонски Брод патуваат постојано во Струга. Со тоа не само што им се зголемуваат трошоците, туку се изложени и на дополнителен стрес. Пациентите се жалат дека со години им се врши хемодијализа на истите апарати, а тука минуваат денови од животот.

„Главен проблем ни е недостигот од апарати и некои реквизити кои ни се неопходни. Затоа бараме доколку има некои хумани луѓе или донатори, да ни помогнат со средства или со опрема, за да се подобри опременоста на одделот, но и нашата здравствена состојба“, вели Зоран Илиески, претседател на прилепскиот разгранок на здружението на бубрежно болни „Нефрон“.

И од одделот за хемодијализа во прилепската болница потврдуваат дека половина од апаратите со 19 приклучни места треба неопходно да се заменат со нови или со апарати кои се во добра кондиција. Тоа е услов и пациентите, кои во моментов патуваат во Струга, да може повторно да вршат хемодијализа во Прилеп.

„Двајца пациенти се наоѓаат на лекување во Струга и тие ќе бидат повлечени кога ќе се создадат услови за нивно лекување овде. И шест пациенти од Македонски Брод се во Струга. Моментално не можеме да ги повлечеме без трета смена. Главен проблем е недостигот од нови машини“, вели д-р Трајче Ржаникоски, специјалист интернист, надлежен за одделот за хемодијализа во болницата во Прилеп.

Со овој проблем со кој се соочува прилепската болница е запознаено Министерството за здравство во многу наврати. Редовно биле доставувани извештаи и барања за да се најде решение за набавка на нови апарати, но досега нема видливи резултати.

„Деветнаесет апарати се вклучуваат во смена, а во 25 години Министерството и државата имаат купено осум апарати. Центарот се снаоѓа како што знае и умее, со активност на лекарите кои работиме овде и, секако, на пациентите. Управата на болницата на тој начин го решава проблемот. Во моментов е неопходно да се заменат 10 машини“, додава д-р Ржаникоски.

И тој и директорот на болницата, д-р Илија Богатиноски, се надеваат дека со новините во здравството кои Министерството планира да се имплементираат годинава ќе се подобри состојбата на бубрежно болните.

„Со кадаверичната трансплантација, во која ќе биде вклучена и прилепската болница ќе се продолжи животот на пациентите. Со оваа новина, освен пресадување бубрег од жив донатор, ќе може да се врши трансплантација и од лице кое има мозочна смрт, секако доколку за тоа се добие согласност од семејството на тој човек“, вели директорот Богатиноски.

Според анализите, на 10 до 15 пациенти во Прилеп им е потребна кадавер- трансплантација, но добро би било кога од планираните 20 операции за годинава, две би се извршиле кај двајца поитни бубрежни болни. Оваа новина во здравството значително ќе го подобри здравјето и квалитетот на животот на бубрежно болните, но и ќе ги намали годишните трошоци. Зашто, за еден бубрежно болен кој има потреба од постојана хемодијализа, од Фондот за здравство се одвојуваат од 10.000 до 11.000 евра.


Статијата е прочитана 202 пати.

Испрати коментар



Мечки шетаат среде пелагониското поле
Ништо од цунамито, мал бран ја „заплисна“ Битола
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Ако треба, лекарите ќе закажат нов термин за штрајк
Извозот на овошје и зеленчук ќе ја спасува економијата
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |