Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
05.08.2012, 16:51

Соседите не дозволуваат реновирање на Саат кулата во Штип

Веќе три години за овој споменик на културата, бизнисменот Сашко Миладинов е спремен да донира 50.000 евра

Иван Бојаџиски

Штип-Штипската Саат кула, чие вистинско име, според историските документи е и Бегова кула, не може да се реновира бидејќи соседите не дозволуваат во нивните дворови да се постават скелиња за да може да се работи на кулата. За реновирање на овој споменик на културата, заштитен со закон, штипскиот бизнисмен Сашко Миладинов е подготвен да издвои 50.000 евра, пари доволни да се спречи нејзиното натамошно еродирање. Поминаа три години од моментот кога Миладинов даде согласност за својата донација, а до овој момент нема ништо од обновата.

„Јавно, јасно и гласно ја изразив намерата да вложам во заштита на овој вреден споменик на културата кој, во исто време, е и драгоцен украс на градот. Но, од надлежните бев информиран дека донацијата не можела да се реализира бидејќи Саат кулата е сместена помеѓу многу семејни куќи чии сопственици не дозволувале во нивните дворови да се постават скелиња. Кога надлежните ќе го решат овој проблем јас сум подготвен за донацијата“, ни изјави Миладинов, кој се пројави и како ктитор на новата црква „Покровите Богородица“ во Ново Село, која изминатиот викенд започна да се гради на местото на распадната црква.

Штипската Саат кула (под тоа име ја знаат штипјани) е споменик на културата кој датира од 17 век. Постои ракопис на еден од оние луѓе што ја одржувале кулата дека таа била изградена во 1650 година. За нејзиното настанување постојат две легенди. Според првата, кулата била изградена од турски бег кој во една таква сигурна градба сакал да си го заштити семејството во кризни времиња. Името на бегот не е запишано во ниту една историска книга за Штип и Македонија. На кулата имало балкон и пушкарници. Еден век подоцна, на неа бил поставен часовен механизам.

Легендата вели дека делот од кулата на кој бил часовникот бил урнат во 1934 година. Според некои записи, уривањето било стоено од безбедносни причини бидејќи се заканувала опасност тој дел да се сруши. Според друга легенда, уривањето го извршиле жителите од пошироката околина кои дење-ноќе немале мир од силното биење на часовникот.

Според втората легенда, анонимниот турски бег ја изградил кулата како резултат на својата преголема вљубеност во преубавата штипјанка Анка. Бегот постојано ја прогонувал Анка да му стане жена и со тоа да ја потурчи. Анка се опирала колку што можела и во еден миг, за да не го налути бегот, а во исто време да се спаси од неговата упорност да му стане жена, му дала според неа, невозможен предлог. Нека бегот изгради една кула со часовник на неа која ќе ја подари на градот, па таа ќе ја прифати неговата понуда. Вљубениот бег се согласил, ја изградил кулата, па Анка немал каде и му станала жена на бегот, менувајќи си ја верата.

Во поновата историја Саат кулата трпела помали заштитни зафати, но донацијата на бизнисменот Миладинов се јави како најдобрата можност од нејзина комплетна заштита. Дали историјата се повторува? Дали соседите се уплашија од ударите на часовникот кој долги години не е во функција, па се договорија да не даваат пристап до кулата? Одговор на ова прашање нема.


Статијата е прочитана 1599 пати.

Испрати коментар



Намалени рејтинзите на 15 италијански банки
Тетово го решава проблемот со вода за наредните 100 години
Народна банка под надзор на Владата
Владата ќе вработи 2.000 невработени и нови 400 кај познат работодавач
ЕВН
Фирмите бараат месари, а младите сакаат дипломи



Istocna Makedonija, 06.08.2012 07:27:39
Vakvi istoriski spomenici treba da se renoviraat.
Petre, 06.08.2012 07:54:58
Ima i uste edna legenda ili vistinska slucka povrzana za Saat kulata vo Stip. imeno dedo mi i tatko mi se rodeni vo neposredna blizina na saat kulata . Si pominuval turski karavan pokraj Saat kulata i vo eden moment pocnala kambanata na saatot da bie. Eden od konjite na koj bila nekoja begova zena(bremena) , se isplasil i odripnal , no ne ja povredil zenata. Begot se nalutil i pukal vo gorniot del od saatot , taka da go ostetil i srusil vrvot na saat kulata.
Skopje, 06.08.2012 12:43:06
Проста маса, а дворовите сигурно бетер од шупи им се. Нека си ги даде човкот парите негде на друго место
bitola troa skolovan, 06.08.2012 14:26:57
Pa kako ke mu dozvolat koga ne napravil BAROK PROEKT normalno deka nema da mu dozvolat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 11.ден
По единаесетиот натпреварувачки ден 73. држави имаат освоено медали...
Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |