29.10.2010, 16:45 Одново оган меѓу двете Кореи
Севернокорејски војници утрово отворија оган на границата во правец на Јужна Кореја од погранично населено место оддалечено околу 90 километри североисточно од Сеул, со што повторно ескалираа тензиите меѓу овие две држави.
Според јужнокорејските медиуми, истрелите биле насочени врз јужнокорејска воена патрола.
Денеска Пјонгјанг предупреди дека двостраните односи можат да се влошат катастрофално доколку Сеул продолжи да го отфрла учеството во воените преговори за намалување на тензиите.
Обновените преговори по двегодишен застој беа повторно прекинати минатиот месец, откако Сеул бараше од Северна Кореја да се извини за потонувањето на јужнокорејскиот брод во март годинава. |