04.03.2012, 10:59 Најмалку 15 загинати во судир на возови во Полска
Несреќата се случила во местото Шчекоцини, кое се наоѓа на 30 километри од градот Завиерци
Во јужниот дел на Полска, во регионот Шлезија, кој се наоѓа на границата со Чешка и Германија синоќа во судир на два воза загинаа најмалку 15 лица, а над 50 други се повредени, од кои повеќето тешко.
Како што јавија полските медиуми, несреќата се случила во местото Шчекоцини, кое се наоѓа на 30 километри од градот Завиерци. Едниот од возовите, сообраќал на релација Варшава-Краков, другиот од Премишл до Варшава. Се претпоставува дека причина за несреќата е што првиот воз се движел по неисправни шини, но не е познато зошто бил усмерен кон нив.
- Според околностите, се работи за една од најголемите катастрофи, кои се случиле во нашиот железнички сообраќај, изјави министерот за сообраќај, Славомир Новак. Тој заедно со премиерот, Доналд Туск веднаш пристигнаа на местото на несреќата.
Според сведоците, до судирот дошло при брзина од 120 километри на час. На лице место интервенираа околу 450 пожарникари и стотина полицајци, како и два хелихоптери.
|