Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Образование Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Македонија
23.07.2009, 17:54

Кризата го изеде туризмот во Охрид

Концесионерите на плажите бараат итна помош од државата за да се спаси сезоната од целосно фијаско

Даниела Трпчевска

Охрид - Кризата го зема својот црн данок на туризмот во Охрид. Нема пари за реклами, журки, прскалки и водени лудории. Луксуз е да се изнајми лежалка за 100 или 200 денари, па се' почесто тревнатите површини и дивите плажи се полнат со гости, а модерните комплекси во кои се вложени огромни средства, зјаат полупразни.

Во екот на летната сезона, концесионерите и издавачите на станови кршат прсти и се мислат како да ја спасат сезоната од фијаското кое се заканува, додека инспекциски контроли им висат над глава со цел средување на хаосот на охридското и струшкото крајбрежје. Притиснати од слабата посетеност на туристи, скратената сезона, која годинава едвај ќе трае триесетина дена, и големите издатоци за закуп, концесионерите на плажите бараат итна помош од државата, за да се спаси сезоната од целосно пропаѓање.

„Сезоната е утната. Гости доаѓаат само за викенд. Не само што е разочарување за нас туку чувствуваме како да доживеавме фијаско“, вели Илија Џепар, концесионер на плажата „Корали“. Тој додава дека прометот и на плажата „Корали“, но и во неговата дискотека „Арена“ е речиси двојно намален во споредба со минатите години.

Процените на Инспекторатот за туризам при Општина Охрид се дека бројот на ноќевања летово се намалил за 6-7 проценти во споредба со лани. Бројката веројатно ќе биде поголема кога ќе се сумираат состојбите кон крајот на летото. Полупразните плажи и улици во централното градско подрачје, но и издавачите на станови потврдуваат дека сезоната годинава е далеку под очекуваното.

„Полека пропаѓаме. Годинава е најлошо, оти има многу малку туристи. Сите викаат за истите пари на море ќе одат во Бугарија или во Турција. Но, ги нема повеќе ни туристите од Србија, кои беа најбројни изминатите години“, велат келнерите во охридските кафулиња, разочарани од досегашниот тек на туристичката сезона.

Според закупците на плажи, сменета е клиентелата во Охрид и се' помалку пари се трошат за годишниот одмор. Сведок за тоа е глетката покрај најлуксузните комплекси кои се изградија изминативе три години. Голем дел од удобните лежалки и масите со бамбусови столчиња се празни, а се полнат тревнатите површини под дебелите сенки на дрвјата или, пак, песочните плажи на кои може да се постели крпа и чадор од дома.

Концесионерите и жителите на Охрид главен виновник за она што му се случува на Охрид гледаат во Министерството за транспорт и врски кое, според нив, место да им помогне во услови на криза, уште повеќе ги зајакнува контролите и условите за закуп, најавувајќи и зголемување на кириите.

„Сите удриле по концесионерите, а да не беа тие, плажите воопшто немаше да бидат уредени. Откако вложивме пари, дури отпосле им текна да ги категоризираат плажите“, реагираат концесионерите. „Плаќаме високи закупнини од седум илјади евра годишно, а сезоната е намалена на 30 дена. Останатиот дел од годината плажите се препуштени на милост и немилост“, вели Илија Џепар од плажата „Корали“.

Укажувајќи дека немаат никаква помош од државата, бараат надлежните да им излезат во пресрет поради лошата сезона и да најдат начин за да ги намалат давачките на закупците на плажи.

Незадоволство од сегашното менаџирање на охридското крајбрежје искажува и локалната самоуправа. Велат дека сега рацете им се сосема врзани, но доколку им биде вратено правото да управуваат со крајбрежјето, ветуваат дека многу работи би биле сменети.

„Подобро е локалната самоуправа да управува со крајбрежјето, оти може подобро да ги менаџира плажите. Локалната самоуправа побезболно би ги решила проблемите и поревносно би ги вршела контролите на плажите дадени под концесионерство. Доколку средствата од концесиите би се влевале во касата на локалната самоуправа, најголем дел од парите би ги вложувала за развој на туризмот“, вели Томе Џамтоски од Општина Охрид.

Градот, според него, може да живее од приходите од туризам и од градежното земјиште. „Сега не се влеваат средства во општинската каса, ниту од едното ниту од другото, бидејќи средствата одат кај централната власт“, додава тој.

Но, од Министерството за транспорт и врски тврдат сосема поинаку. „Согласно со Законот за градежно земјиште, 80 отсто од средствата што ги плаќаат закупците за управување со плажите на Охридско Езеро се слеваат во буџетот на Општина Охрид. Потоа, локалната самоуправа менаџира со овие средства согласно со својата програма и потребите“, велат од Министерството, додавајќи дека плажите кои почнаа да се уредуваат последниве две години ја збогатуваат туристичката понуда, а се бележи и задоволство кај посетителите.

Според податоците на Инспекторатот за туризам, до јуни годинава во хотелите се регистрирани 34.362 ноќевања од домашни гости и 44.000 ноќевања на странски туристи. Процените се дека се реализирани речиси 80 илјади ноќевања, најмногу на гости од Бугарија, Србија и од Грција. Сепак, станува збор за транзитни туристи кои во Охрид останувале најчесто една или две ноќи.

„Поради тоа, како една од приоритетните цели ни е да осмислиме како да ги задржиме туристите на подолг престој, но и во текот на целата година“, вели Гоце Симоноски, раководител на Секторот за туризам и локален развој во Општина Охрид.


Концесионерот на плажата „Корали“ Илија Џепар бара државата да им помогне поради лошата сезона

Веќе е крајот на јули, а на охридските плажи многу ретко можат да се слушнат туристи кои зборуваат на српски, бугарски, француски или на холандски јазик. На прст можат да се избројат посетителите од Русија, кои доаѓаат за да ги испробаат своите параглајдерски вештини на Галичица.

Во центарот на градот можат да се забележат и посетители од Полска и од Чешка, кои се на неколкудневни тури низ Македонија. Слабата туристичка посетеност на Охрид, сметаат странците, е резултат на недостиг од туристичка промоција на Македонија.

„Во агенциите во Франција не сме слушнале дека има понуда за посета на Македонија, ниту, пак, може да се сретне некаков промотивен материјал за овдешните убавини“, велат група туристи од Франција, дојдени на гости кај пријател во Струга.

Најбројни на охридските плажи и годинава се домашните туристи, пред се', средношколците и студентите. Стандардно, како и изминатите години, најпосетувани се плажите на Канео, Потпеш, комплексот „Куба либре“ и новоотворениот „Кадмо“, трите плажи на Градиште, Пештани и во Лагадин.


Статијата е прочитана 5395 пати.

Испрати коментар



На позитивната листа нема нови цитостатици
Тетовци уште долго ќе чекаат на шарските води
Прилепски рибари уловија сом капиталец
Плажите во Преспа на удар на инспекциите



MK, 24.07.2009 00:27:30
haha od nasi pari da se bogatat koncesionerite.. da ne se ludi tie?? mozat so parite na ohrigani i sdsmovskiot gradonacalnik da sklucat dogovor i ograbat opstinskiot budzet.. toa tie koga gi imas sdsm za gradonacalnici.. se se gubii....
LONDON, 24.07.2009 00:39:42
Prvo jasno i glasno da kazam go sakam Ohrid isekogas koga dojdam vo MK go posetuvam ama...So godini nisto ne se menuva a toa stoe promeneto e na poloso.Ohrigani koga ima turisti se naperceni i namesto da prifatat deka turistite se ,,gospod'' tie gi omalovazuvaat kade ke stignat.Jas sekogas baram propaganden materjal da go donesam vo stranstvo a so samoto toa i besplano na nekoj nacin bi go promoviral Ohrid kako turisticka destinacija ama brosuri za ubavinite na Ohrid nema(besplatni) a toa sto go ima e od vremeto na Tito(1980)SRAMOTA.turisticki rabotnici koi baraat pomos od drzavata za da im go promovira turizmot,pa vo koe skolo vie zavrsivte turizam???Aaa znam vo ohridskoto,cela drzava da plaka za ohrigani da bidat naperceni vo letnata sezona i da lecat kompleksi vrz turistite.Ako nemate idea i taka ovaa sezona ne vi odi prosetajte po atraktivnite turisticki mesta niz EU naucete nesto ili barem iskopirajte ljubeznost i kulturno odnesuvanje kon turistite pa mozebi dogodina podobro
turist vo Ohrid, 24.07.2009 01:09:32
Не се за жалење охриѓани, ако можат, и кошулата од грб ќе му ја симнат на туристот. Јас бев летово во Охрид, во хотел во кој плаќав 30 евра полупансион+ туристичка такса, а кога ќе отидевме на плажа, требаше да плаќаме плус 100 ден. од човек за лежалка (?!). Мислам, не дека плаќавме, со мало дете не се исплати лежалка, и така нема седнување, ама претераа. Цените во хотелот за полупансион ни беа како во Турција или во Бугарија, а оние што се жалат дека плаќале во Грција 1 евро за вода, тука е 50 ден. (не половина литар, обично, најмало, стаклено) мало шише обична вода!! Да не зборувам за другите цени. Како да сме должни ние да ги обезбедиме Охриѓани да живеат цела година со работа од нецели два месеци! Претерано.
Makedonec, 24.07.2009 01:10:50
Na Dzepar dzepovite mu se polni! Sto saka toj uste neznam! Nenasiten!
Acko, 24.07.2009 01:34:06
Epa nemoze 100-120din koka kolata da bide a nabavno e 15 din samo kriv e premierot so neznae da im opne danok po 60 den od eden prodaden sok ili da go prodavaat po 30 den.Nemoze 60 den kafe ekspreso stramotiloci i ne e krizata kriva za Ohrid krivi se samite ohrigjani oti se mnogu nepismen narod i ne prosetan i nemaat videno sto znaci turizam oti se stisnati beter od evreite.Zatoa samite si go svedoa turizmot na 25 dena a od godina bez vizi covek ke nema se zivo vo Grcija ke otide oti tamu e poeftino i Bugarija i Albanija i Crna Gora segde e poeftino vo Bugarija na plaza ladno mraz sokce fanta k.k. e eden lev ili 31 den aloooooooooooooooooooooooooo ohrigjani na koja planeta ste vie.
turista, 24.07.2009 01:45:38
ohrid treba da se sredi nema vrska od kogo neka bide i od drzavata no bitno e ohrigani da znaat da se grizat za svojot grad i pravilo broj eden vo turizmot e deka turistot e dojden da uziva i da si pomine ubavo a ne da se rasprava i da deli pravda so nekoj inat ohridski. turistot e sekogash vo pravo. mi se dopaga eden od komentarite deka nasive turisticki rabotnici ne samo sto nemaat skolo tuku nemaat ni mozok i jas barav broshuri od ohrid da odnesam vo stranstvo i nemase se nekoj mizerni socijalisticki letki uste petokraka im fali epa ohrigani sto da vi pravam ....
mitko gleda malku svetlina, 24.07.2009 01:46:13
Barem ke ima pomalku Skopjancista sto go valkaa gradot.
lenin, 24.07.2009 02:08:01
Go sakam Ohrid no slikata po plazite e zalosna pola pretvoreni vo kafani od trska od koj cel den eci glasna muzika drugata polovina so lezalki koj se skapi pochto nikoj ne odi sam na plaza mu treba tri cetiri lezalki.Ulicite vo Ohrid sekade pocnato so kopane nikade ne zavrcheno obrasnati so treva.parkiralichtata okolu plazite ne uredeni nekade so rampi nekade so singiri koj koga saka otvara koj koga saka zatvora i se naplaca po svoe.
viktor, 24.07.2009 02:12:36
Nikakva pomos, na narodot koj ke mu dade pari za da otide na odmor, a tie baraat pomos, stavile ceni enormno visoki 1oo den vlez, 120 denari pivo, 80 denari kafe a nasekade gledas smet i necistotija i plazi deseta klasa, e taka ne se pecali od turizam. Vlozi ako sakas da dobies a ne samo da vrtis nakaj svojor dzep. Albanija ja ne pomina na polna linija i so pravo lugeto odat tami i za 2-3 godini vo Ohrid ljugeto ke odat samo na lovenje Zabi i snimanje na ZEVZEKMANIJA.
Nikola, 24.07.2009 03:07:33
Slednata sezona 2010g. ke ja sonuvate turistickata sezona.Se povampirifte so taa Ohridska lakomost.so izgor ceni i neljubezna usluga.Sekoja godina odevme familijarno za odmor vo Ohrid,no dogodina razmisluvame da odmarame vo planina ,na cist vozduh.Za Ohrid ke razmisluvam togas,koga lakomite Ohrigjani cenite ke gi prepolovat i mnogu nesta ke napravat kako sto treba da bide.
mihajlo, 24.07.2009 05:56:50
Koj im ja unisti sezonata?Krizata? NE Gospoda, tuku Ohrigjanite sami si ja unistija sezonata.Blagodarenie na slucuvanjata na Balkanot vo poslednava decenija i poveke tie ubavo profitiraa.Lugjeto sakale-nesakale moraa da odat vo Ohrid.A “gostoljubivite” Ohrigjani (cest I cast na nekoi) toa znaeva da go "cenat", pa zatoa uslugite koi gi nudea/nudat se katastrofalni. E sega malku se menuvaat rabotite, a sto li ke bide koga ke moze da se patuva bez vizi?Ke vidat deka Ohrid ne e edinstvenata destinacija za leten odmor.Ohridjani ke se menvat, sakale tie ili ne, pa ke bidat ljubezni, pa ke gi namalat cenite, pa ke ima I topla voda za tusiranje, pa sanitarnite jazli ke bidat cisti “ogledalce”,I seto ova pazite, SO NASMEVKA!Znaci poveke rabota-pomalku profit,a se dodeka ova ne se sluci, ke nemet turisti, ke nemet.I uste nesto za onie koi velat "pa ne idite ako ne Vi e ubo".E pa NEMA da idime, ne ni e ubo, a ke Vi ostavime vie da si uzivate vo poluprazniot Vi Ohrid...
vladimir, 24.07.2009 06:43:04
liccno za toj dzepar ic ne mi e gajle post e poln kako brod ,ali zalam za ohridskiot turizam nisto novo ne nudat sve edno isto , a toa sto takanarecenite patrioti ke ostavat ovaa godina 150 miljoni evra vo grcija e uste po zalen fakt da ostavis pari kaj nekoj koj ne te pocituva i igra majatam so nasata drzava vo sekoj pogled!
citatel, 24.07.2009 07:00:55
Bev na odmor kaj juzniot sosed na eden ostrov, mislam deka sekoj mal zaliv na ostrtrvoto imase poveke turisti od ohrid. Nemaat nieden fakultet za turizam se se nekogasni siromasni ribari, no vrie kako vo kosnica od narod. Najdobra promocija e nakoj da vi kaze deka tamu ubavo si pominal,no za toa treba rabota i upornost a ne nekoj ednas da se zafrkne i nikogas vise da ne dojde.
al, 24.07.2009 07:30:49
[a neka gi poskapat cenite uste malku, mos i sezonata ke i trgne na poarno. sramota nenasitni. od slednata godina koga ke patuvame bez vizi vi EU nikoj nema da ide u smrdeniot Ohrid. so isti pari barem odmor na more i kaj sto ima sto da se vidi a ne vo ohrid.
Aerodrom, 24.07.2009 08:26:59
Sakam da odam vikendov do Ohrid. Se javuvam za smestaj denovive i vidi sega. Ednosoben stan, najprosecen odi od 40-50 evra na den. Kolku za sporedba odam vo Avgust vo HR na ostrov vo apartman prv red na more za 60 evra. A da ne zboram za moeto minatogodisno iskustvo od OH so cekanje 40 min za pijacka na plaza. Posle Cacko im bil kriv...
Bojan, 24.07.2009 08:59:02
Не ми се јасни коментариве. Абре не идајте Охрид ако не ви одговора! Или - ќе идаме, ама после ќе мрчиме по интернет дека не чинел Охрид. Ај гитла Грција чим е таму поубо и поевтино.
todorce, 24.07.2009 09:09:48
ohrigani sise krivi, sakav vikendov da odam za ohrid mi baraat 50 eur za nokevanje so dorucek za 2 na den, se otkazav od toa, najdov apartman za 35 eur na den ama toj nego izdavale za vikend posto neimse isplatelo sigurno ke dosol nekoj i ke sedel tamo 10 dena. aloooooooooooo ohrigani svestetese, vo turcija ima za 500 eur 10 dena all inclusive so avion, avionot e 190 eur toa znaci aranzmanot e 310 eur, 31 eur na den, jadenje, pienje, zabava, spienje za nisto danemuse sekiras, a ne ovde dase raspravas so nekoj surat ohridski sto podaleku od botun neotisol
Miki, 24.07.2009 09:25:57
hahaha... Koj kako si nadrobil, taka ke srka. Zasluzenoto sekogas se dobiva. Koga milite ohrigani ke naucat deka treba da vlozis za da zarabotis t.e. da dedesh za da ti dadat togas ke imaat ubava sezona. Apsurd e da platam lezalka 100 i kusur denari plus nekakvi 30 evra za soba. Sporedeno Turcija 7 veceri na principot Ce Vklucevo (All inclusive) so sobstvena plaza kaj sto se e bezplatno od pijaloci i lezalki, bazenti e 300 evra vkluceno e i patuvanjeto. Mozat samo da svirkaat i da si gi ladat vo ezerceto :D Ohrid sajonara!!!!
BRAVO, 24.07.2009 09:27:44
Се вратив од Грција пред 1 недела...Искрено не се видов со Бакојани и немав никакви проблеми со името освем еднаш кога си ја купив кожната јакна продавачот ми рече Скопје-фиром а кога ја платив ми рече you macedonians enjoy in Greece thanks -Вие Македонци уживајте во Грција Ви благодарам Поминав поефтино отколку во Охрид ако сакате примери еве....Комплет оброк 6 еур пиво и лежалка 2 еура на плажа секаде бесплатен паркинг кафе 1,5 еуро ЛИДЛ Маркет со цени пониски и од Тинекс.....Премногу Туристи од Србија и Романија и МОРЕЕЕЕЕЕЕЕ
Vasko, 24.07.2009 09:36:56
Abe Tenerife da odam na odmor ke pominam poevtino nego Ohrid,pa makar i neka ne e poeftino, ama nema da ja mirisam ohridskata kanalizacija sho so godini mu smrdi i sdsmovcite nikako da ja sredat.Edno denarce ne frlile i nisto ne napravile, od Tito ko bese ziv se e ostanato taka, pa sea nemale turisti, kako ne mu e sram.Nes kafe 120 do 150 denari ejjjj,pa vo Rim na plostad ne e tolku ejjj!Dve ulici do plazite ne uspeavte 50 godini da napravite.Od Gostoprimstvo nitu "G" ja nemate, a za drugo da ne zborame.A za ovie gospodata sto kukaat i imaat po dva,tri lokali, pa malku mu bilo, pa sakale i otsteta, zasramota, rezil ste za cela Makedonija. Da vi gi iskinat diplomite za turizam sto se zavrshile so vrski na vashiot fakultet,vrska nemate od turizam.Uvezete turci za letna sezona ili zaminete nekoja godina kaj niv i ke naucite nesto, makar sto se somnevam
magdalena, 24.07.2009 09:42:52
Prosliot vikend bev vo Ohrid...prvoto neprijatno iznenaduvanje bese vo menuvacnica...1 evro = 61 denar...sto znaci na 100 evra ohrigjani karuvaat 40 denari od covek...SRAMOTA!!! Ko Bugarite se, samo tamu ima razlicen kurs po menuvacnici...A za ljubeznost da ne praime muabet...so skopjanite se ponasaat ko da im dosol najgolem dusman, a parite najvise od nas gi zimaat...ali zatoa primetiv deka na srbite im se ligavat do smrt...zatoa ako barate ljubeznost vo ohrid izgleda ke mora na sekoe sednuvanje vo kafana da kazete: dobar dan. BRUKA!!!
xxx, 24.07.2009 09:44:01
Mnogu mi e drago koga citam vakvi statii za Ohrid. :) Za takov narod kakov sto zivee vo toj grad ova e malku, a za toa kako oni rabotat vo ugostitelstvoto sto da se kaze... Aj edna sala: Mojito ke ve molam... Nemet mojito, magdonosot se potrosi :):):) Ohrigani za turizmot i ugostitelstvoto davaat neviden pridones :)
последниот мохиканец, 24.07.2009 09:46:31
Бојан, ти си типичен претставник на арогантните и самобендисани Охриѓани. Се додека сте вакви, туристичката посетеност ќе ви оди во надолна линија. Уште ако престанеме и ние Македонците да доаѓаме во Охрид, тогаш можете да се сликате бидејќи шеици од Саудиска арабија сигурно нема да ви дојдат.
Револтиран турист, 24.07.2009 09:53:49
Резервација за кафич?! Резервација за на плажа?! 150 денари за една лежалка?! 100 денари за едно обично макиато?! Алооооoо Охриѓани, па добро луѓе што е со вас? Свесни ли сте дека сами си ги бркате туристите?? Ќе научите ли веќе еднаш како се води туризам???
Прилеп, 24.07.2009 09:59:02
На олку многу коментари охридските „туристички менаџери“треба главата од ѕид да си ја удираат.Јас да плаќам за тие да се извадат од калта-кај го има тоа?Сами се криви,со својата нељубезност,некултура,дркост,простотилук.Не одам Грција од патриотски причини сакам моите пари да ги оставам во мојата држава сакам баш во Охрид,оти е убаво езерото ама...Еден господин(од Охрид) на една тв.неодамна изјави дека Охрид станал најголем македонски базен-демек појди-замини,исто многу ги навреди македонските туристи велејќи дека тие не оставаат пари, тие се неважни-Па кој ви е важен бе?Евра си се евра -од мене или од некој Холанѓанец .До година ни нас Македонците ќе не нема таму-кај од сиромаштија, ама повеќе заради вас охриѓаните и превисоките цени.Такви „менаџери“-го испустивте нашиот најубав град и на сите ни наметнавте одбивност кон него.
jas, 24.07.2009 10:16:39
pa probajte da poevtinite malce i moze ke trgne... za tie pari normalno deka lugeto ke odat na more..... i na more lezalkata e sigurno isti pari... stavete 50den lezalka i nema da bidete vo zaguba... site poevtinuvaat se, a nie poskapuvame.. :-)))
Aleksis, 24.07.2009 10:17:41
Povtorno makedonski sindrom. Se sto e tugo e poubavo. Dali ke ima nekoj doblest da kaze objektvino. Dali znae nekoj kolku e spienje vo skopje ili vo bitola vo soliden hotel. Znaci prekinete ednas so isfrustriranoto megusebno plukanje.Fakt e deka Ohrid ima ogromen neiskoristen potencijal i fakt e deka ima nelogicnoti vo cenite . Sepak mislam deka koga ke pocnam da citam komentari ,kade sto sami se cenime ,togas ke mozeme da odime napred. Nikoj nema da ve saka ako ne se sakate sebe si. Moi dragi pomislete na ova pred da pisuvate vakvi isfrustrirani i negativisticki poraki.Pozz do onie koi ja cenat MK
pozdrav do ohrigjani, 24.07.2009 10:36:25
Golem vljubenik sum vo Ohrid. No za zal ne gi biva za turizam. Vo ekot na ekonomska kriza sto go zafati svetot site pametni zemji sto se bavat so turizam gi namalija cenite. A sto se sluci so ohrigjani? I pokraj apelite na lokalnata samouprava da gi namalat cenite, tie najbezobrazno gi zgolemija. E zatoa skopjaniscata, ovaa godina ke odat na more!!!
realen, 24.07.2009 10:37:14
so pivo 100 denari i toa od limenka!!! so kisela voda 0.2 200 denari so lezalka 200 denari i kafe 80 denari ne se pravi turizam zasto sepak e ova Makedonija i ako sakas da imas uspesna sezona treba da mislis i na domasnite gosti zasto tie vo sekoj slucaj se najbrojni i nema da idat so polni torbi jadenje i pienje od doma ako cenite ne se prenabieni i previsoki i nerealni!!!!!!! sto ima da barate sega spas od drzavata spasot pobarajte go vo samite vas so toa sto ke namalite na alcnosta i na cenite ! ednas nekoj ke se izgori so visoki ceni ama poveke nema da dojde.
dimi61, 24.07.2009 10:44:52
Коа ќе престанеме да се занесуваме дека Охрид е светско чудо и дека цел свет на ред чека да го види, тогаш ќе сватиме дека туристи во Охрид може да бидат само Македонците.А тоа значи дека цените треба да бидат спрема стандартот македонски.А како изминува времето се помалку се тие што можат да одат на одмор.И чувајте се охриџани од година кога ќе се укинат визите.
ednoto, 24.07.2009 10:52:29
TOCNI SE SITE KOMENTARI , plackovci se Ohridjani i toa najgolemi, lani derea ko ludi, neka derat i sega ako mozat ............ koncesionerite .......... koi be investicii osim masi i lezalki za poveke pari da napravat, a pod tie lezalki ko buniste od pikavci i hartija .......... ne e samo pari da se pravat, a da ne se vodi racun za nisto , ma sami si pravite sve to
jimmy1, 24.07.2009 10:55:20
Stom gi zele plazite pod konsesija treba samite da se spravuvaat so krizata a ne da baraat pomos od drzavata. Zarem sekoj nedoveten ke se bogati na grbot od drzavata, zarem ne ni se dosta politicarite sto se bogatat na toj nacin. Jas ne sum plazite da se davaat pod konsesija, tuku plazite da bidat vo nadleznost na opstinite kako sto toa e nasekade vo svetot. Avstralija gi ima edni od najdobrite plazi vo svetot, site se vo nadleznost na opstinite kade se naogaat plazite, na sekoja plaza i na sekoj bazen ima spasuvaci a ne se plaka nikade za kapenje. Kaj nas e cuvaj boze, se plaka za mocanje, plukanje i sto ti ne, a ne e cudo da pocnime da plakame i za sekoj cekor sto ke go cekorime. Plakame danok, komunali, e plakame sekoja usluga na opstinata i ako edna opstina nemozi da gi odrzuva plazite za tri meseci da bidat pesplatni kako nasekade, pa luge mili podobro taa opstina podobro i da ne postoi. Prirodnite ubavini prirodata go sozdala za site a ne samo za grupa luge i da se bogatat od nas
london, 24.07.2009 11:19:59
Pa koncesionerite treba da sfatat riskikot e niven ako en se polnat so pari nema taxpayers da im go nadomestuvaat profitot. Gospodi boze kakvi gluposti. Ako ste vo buznis toa e rizikot - losa sezona i bankropt. Da ne go delite profitot so nas vo dobrite sezoni
od Ohrid, 24.07.2009 11:49:12
Se slozuvam so Aleksis, Skopskite i Bitolskite hoteli ne se nisto poevtini, vo Skopje pivo e 120 den, kafe 100, a zestok pijalok ne pomisluvajte da poracate -min 150 den. Ama ko ke dojdat vo Ohrid togas e SKUPO a vo skopje ne e SKUPO. Site kupuvaat vo TINEX, a i pola od kaficite i restoranite gi drzat skopjani i zatoa e SKUPO. Sovladajte gi frustraciite za site e podobro. A deka ima nedostatoci ima , no vie gi komentirate pretezno cenite i odnesuvanjeto sto ne se nisto podolu od makedonskiot prosek
maja, 24.07.2009 12:23:44
Gi pominav ovie posledni pet godini skoro site plazi vo spanija i ne vidov niedna plaza pod koncesija.Plazite pripagaat na opstinite i se javno dobro.Najluksuznite hoteli imaat svoj bazeni ,no nemaat pravo da zagradat del od plazata i da kazat dali nekoj ke pomine ili ne.Lezalki se plakaat,no ti epari odat vo opstinata koja sekoe sabajle so svoi luge organizira cistenje i odrzuvanje na istite.Nisto sto e javno dobro ne smee da bide koristeno od privatni lica.Koj saka si plaka lezalka,a pomegu lezalkite ima luge sto si lezat na peskiri i nikoj nema komplesi zaradi toa vo kralstvo Spanija!
Охриѓанец, 24.07.2009 13:01:37
Во голем дел ги подржувам коментарите но не сум сигурен дека тоа го шитат оние за кој се наменети.Не можам да сфатам дека во сезона во која однапред се предупредуваше на криза и во овој сегмент нашитет.н.бизнисмени(аматери) да посегнат по зголемување на цените, а да не зборувам за хаосот во останатите сегменти-такси превозот, приватното сместување, паркирањето и т.н.Се надевам дека од сето ова истите ќе извлечат поука и понекогаш ќе земат некоја книга од областа менаџирање со бизниси.
saso, 24.07.2009 13:51:22
Kolku e Ohrid skap? Za sporedba se naigjam na Hvar. Edno espresso cini 7 kuni ili 56-60 denari, koka kola i pivo cinat po 15 kuni ili 120 denari, kapucino i ness po 10 kuni - 80-85 denari. Znaci deka cenite kako sto citam se poniski otkolku vo Ohrid. Dvokrevetna soba so kupatilo i kujna (apartman) cini 60 evra, a krevet vo soba 15 evra. Picite se 45 -50 kuni (okolu 400 denari) i za hrvatite toa se smeta za bezobrazluk. I pazi sega seto toa na Hvar, i poradi namaleniot broj na turisti se stremat na namaluvanje na cenite. Pocituvani moi Ohrigjani pak ke odam na Hvar a ne vo Ohrid pa makar bilo i dvojno poskapo otkolku kaj Vas
n.lisice, 24.07.2009 14:07:13
abe kakva pomos neka gi zatvorat plazite ako tolku nemaat smetka. Nacukale ceno kako vo montekarlo
tetofcanka, 24.07.2009 14:10:49
tuku sto se vrativ od grcija nikogas sum nemala nikakov problem so grcite a i da znaat ohricani nikogas nema da im stapnam vo ohrid zatoa sto ne se usluzlivi a i cenite im se mnogu visoki mislat na more se naocaat vo grcija placav apartman 25 evra na sama plaza pivo na plaza e edno evro kako i nes kafe a vo ohrid luceto placaat po 30 evra soba eden sok go naplacaat 100 denari a vo grcija kosta toj sok seeset pa ne sum budala da im odam vo ohrid ka mozam na more razlikata e eden sat so afromobil luce razbudetese nemoj da ve praat ovie ohricancinja budali razmislete malku
G. Stojanovic, Holandija, 24.07.2009 14:34:23
Izjavata: „Поради тоа, како една од приоритетните цели ни е да осмислиме како да ги задржиме туристите на подолг престој, но и во текот на целата година“, - e mnogu tocna! Site se zaletaa za dobivka po edna-dve pouspesni sezoni a za da se razvie turizmot (i odrzi) potrebna e dobra strategija. Go obozavam Ohrid i sekoja godina sum redoven gost: i sekoja godina se prasuvam (plasam) dali ke ima charter-let AMSTERDAM-OHRID (ima) ama se e toa neorganizirano i vo posleden moment. Toa e toe, da se nadevame deka 'moknicite' od opstinata ke sfatat deka treba da e raboti za opstoto dobro na site pa i na Ohrid - koj navistina zasluzuva da zastane na pristojno mesto na turistickata mapa na Evropa i svetot. Sega zasega - Ohrid kako i da ne postoi... Steta!!! Prijatelski pozdrav, Goran
Angele Mrtvakoski, 24.07.2009 14:58:27
Vo pravo se lugjevo, skap e Ohrid. Problem plus za Ohrigjani e sto gradot e skap cela godina, ne samo vo turistickata sezona... dukjandzii, kafandzii, racete nadvor od nasite dzebovi. Kako moze Strumica krastavicite 8 den /kg, kaj nas 40. Cenite po kafulinjata ne sakam ni da gi komentiram.
cura od Skopje, 24.07.2009 15:20:13
Јас скоро секој викенд сум во Охрид; и ги читам коментариве, со одредени исклучоци, ама не се ни сеќавам кога некогаш сум имала непријатно искуство со охриѓани. Најдов еден нов кафич (старо - нов), се вика Куба Бар кај црквата Св. Софија, и за разлика од останатите извикани кафичи охридски со цени од кои ќе ти се сврти, овде цените се како во Скопје, и услугата и брза, и имат некој бармен што прави интересни коктели по 120 ден, и ОК музика... (ама реклама им удрив, ц ц ц)..., ама ептен ми се свиѓа местото, кој сака нека отиде да види. Поздрав до сите, имајте пријатно лето без нервози :)
Kavadarci, 24.07.2009 15:49:16
Si go sakam Ohrid kako najubavo mesto vo Makedonija i posiroko. I na zimo i na leto i na esen i na prolet sekogas e ubav, no ne e dovolna samo ubavinata na gradot. Uste mnogu raboti treba da se napravat i uste mnogu vreme ke pomine dodeka na site nas, a so toa i na Ohrigani ni stane jasno sto znaci da si dobar domakin. Dzeparot i tie slicni sitni kriminalci, bilderite i motordziite, najrazlicni VMR-ovci i SDSM-ovci koncesioneri, kelneri i prodavaci so kiseli nasmevki site se deca na nasata tranzicija. A tokmu tie se na najisturenata poziciija i ne pretstavuvaat pred svetot, ja sozdavaat slikata narecena Makedonija. Dali treba da se kritikuvaat i jas neznam veke, mi se cini deka nema izlez od toj krug i deka tuka ili nema sto da se napravi poveke ili mene tolku mi e umot...??
od ohrid na plaza se kapam, 24.07.2009 16:49:03
samo komentari od skopjani...brrrrrr ljutkovci samo vas ne vi odgovara samo se zalite bre..sto sakate bez pari?? e nema ke platis..
jug, 24.07.2009 17:53:45
Ohrid e 50% poskap otkolku da odite na More bilo kade vo komsilukot. Pa i Dojran ima isti ceni kako da ste na more. E pa Ohrigjani i Dojrancani sto ke pravite dogodina koga i vizi ke nema , mislete mu ja. Odele Makedoncite za Grcija , pa ke odat ako im se dava pricina odnosno sto velat prethodnite komentari UCENA VO CENA.
mico, 24.07.2009 17:55:03
abe lujge vo ohrid da ne mu e ezeroto ke bide najgolemoto selo vo mk.na golema zalost
23.07.2009, 13:45

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Образование | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |