Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Образование Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Македонија
23.07.2009, 17:49

Плажите во Преспа на удар на инспекциите

Мора да се почитуваат прописите за безбедност на капалиштата

БИТОЛА - Забрана за капење среде туристичка сезона им се заканува на плажите на преспанскиот брег доколку не ангажираат спасувачи и не обележат безбедна зона за капење. Ова предупредување доаѓа од Капетанијата на пристаништата во Охрид, која е надлежна и за пристаништата на Преспанско Езеро.

Најдоцна до наредната недела инспекциски служби од Капетанијата ќе вршат контрола и на плажите на Преспа, најавува Љупчо Настевски, капетан на Капетанијата на пристаништата во Охрид.

„По контролите во Охрид и оние што ќе следуваат во Струга, инспекциски служби ќе излезат на терен и на плажите на Преспа оваа или најдоцна идната недела. На брегот на Преспанско Езеро, концесионерите на плажите, и покрај обврската, не поставиле ниту спасувачи ниту ги обележале плажите. Во договорите на закупците стои дека тие треба да се ангажираат околу сето тоа“, изјави капетанот Настевски.

По несреќата што се случи изминатата недела во туристичката населба Претор, кога две малолетни момчиња од Ресен се удавија во езерото на само 50-ина метри од брегот, се отвори прашањето за безбедноста на преспанските капалишта.

„Несреќите не се случуваат во зоните предвидени за капење. Сите несреќи се надвор од пропишаното за безбедност на капачите. Заради поголема сигурност за животот на капачите, ќе продолжиме со контролите од инспекциските служби на Капетанијата на сите плажи на македонските природни езера“, најави Настевски.

Прописите за безбедност на капалиштата во земјава се јасни, велат од Капетанијата со напомена дека за оние што нема да ги почитуваат правилата не само што ќе следува забрана за користење на плажата туку и парични казни за концесионерите.

„Пропишано е минимално обележување од 150 метри од брегот. Зоната треба да биде означена со пловки меѓусебно поврзани со дијаметар од 8 сантиметри, на растојание од половина метар. За површина од 660 квадратни метри треба да има еден спасувач со лиценца“, напоменува Настевски. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1128 пати.

Испрати коментар



Кризата го изеде туризмот во Охрид
На позитивната листа нема нови цитостатици
Тетовци уште долго ќе чекаат на шарските води
Прилепски рибари уловија сом капиталец



Trpe original, 24.07.2009 04:52:11
Mladi momcinja gi zagubija zivotite i ovie t.n kapetani na kapetanski kapetanii na zalez od turistickata sezona ke vrshat inspekcii.Too little too late-malku prekasno.Treba izgleda jajceto da dojde na gazot pa potoa da se prevzemat merki.Zatoa i drzavata e na ova deredze-nikakvo!!!
23.07.2009, 13:45

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Образование | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |