10.10.2012, 12:15 „Бестрашнот Феликс“: Разочаран сум, но не отстапувам
Австриецот, видно разочаран после излегувањето од капсулата најави дека повторно ќе се обиде
Скокот на австрискиот падобранец Феликс Баумгарнтнер од работ на вселената (висина од 36.576) метри) одложен е синоќа непосредно пред планираното лансирање. Цел свет го очекуваше изведувањето на неверојатниот подвиг на „Бестрашниот Феликс“, но после голем број одложувања и впечатокот дека до скокот сепак ќе дојде, на крај целата операција дефинитивно е одложена за 24 часа поради неповолните временски услови.
Австриецот, видно разочаран после излегувањето од капсулата најави дека повторно ќе се обиде.
- Дојдовме до овој момент, нема шанси сега да се откажеме, рече Баумгартнер.
Скокот најверојатно нема да биде изведен ни денеска, затоа што во Розвел во САД, откаде што балоните би требало да полетаат и натаму има силни ветрови.
- Бидејќи долго време сум во екстремните потфати, научив стравот да го користам како своја предност, рече претходно Баумгартнер.
- Стравот ми стана пријател. Тој ме спречува да одам предалеку над линијата, рече овој авантурист.
|