12.10.2012, 12:35 Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
Со уривање на стариот мост, Општината Илинден деновиве ги стартуваше активностите за изградба на нов премин на улицата „416“ во населеното место Марино. Во меѓувреме, додека да се изгради новиот мост за населението е направен алтернативен премин.
Новиот мост ќе биде со должина од 20 метри и повеќе од двојно поширок од стариот, односно, заедно со пешачките патеки неговата широчина ќе изнесува 9 метри. Мостот ќе биде осветлен и соодветно обезбеден со заштитна ограда.
Изградбата на мостот треба да трае еден месец, а ќе чини околу 7 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. Објектот, кој е дел од оппштинскиот проект „Изградба и реконструкција на 10 мостови“ е од големо значење за жителите на Општината, бидејќи мостот ќе го поврзува другиот дел на општината со локалитетот Јака, каде е превидено да никне нова населба со 500 куќи.
|