10.10.2012, 12:59 Ленин заминува и од центарот на Улан Батор
Градските власти на Улан Батор одлучија да го тргнат споменикот на Ленин, кој се наоѓа во центарот на монголскиот главен град. Споменикот издигнат пред 58 години ќе биде демонтиран и продаден на аукција.
Властите во градот одлучија да се ослободат од споменикот по големите промени во политичкиот живот на земјата, каде што власта беше преземена од Демократската партија на Монголија, која победи на парламентарните избори.
Демократите ги зазедоа водечките позиции во парламентот - Големиот државен хурал и во владата, а Улан Батор прв пат доби градоначалник демократ, Бат Увл, кој ја донесе одлуката за спомен��кот.
Според монголските медиуми, веќе има веќе заинтересирани за учество во аукцијата за споменикот, кој се' уште се наоѓа спроти хотелот „Улан Батор“ во центарот на градот. Планирано е аукцијата да почне со цена од 287 долари.
Градските власти планираат на местото на споменикот да постават споменик за жртвите во масовните нереди во 2008 година, кога загинаа неколку лица. |