Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.10.2012, 15:03
Ставрески: Ќе донесеме свеж капитал и ќе им исплатиме на фирмите



Министерот за финансии и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, од денеска учествуваат на Годишното собрание на Светска банка и ММФ

Министерот за финансии Зоран Ставерски денеска од Токио порача дека Владата ќе донесе свеж капитал од надвор, меѓу другото и од Светска банка, односно дека ќе се задолжи со цел навреме да ги исплати обврските кон стопанството, но и да ги зголеми пензиите и субвенициите.

„Нема да останеме без мерки и инструменти со кои, во рамки на она што го имаме на располагање, ќе се бориме последиците од ев��опската економска криза да бидат помали“, рече Ставрески. Тој, како што пренесува МИА, од вчера учествува на Годишното собрание на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, чиј фокус се токму негативните економски движења во Европа и светот.

„Ќе настојуваме да донесеме свеж капитал од надвор, меѓу другото и од Светска банка, со цел подобрување на ликвидноста на економијата. Обврските кон стопанството навреме ќе се сервисираат, онака како што беше соопштено од премиерот, за да ја подобриме ликвидноста на приватниот сектор. Ќе ги зголемиме примањата на оние категории најзасеганти од кризата, односно социјалните категории, пензиите, субвенциите“, изјави Ставрески, додавајќи дека Владата ќе се обиде да ги одржува на повисоко ниво и капиталните инвестиции. Според него, сето тоа се инструменти кои ја прават Македонија малку поразлична од другите.

Но, не може да се каже дека економската криза нема да има последици и врз нас. „Покрај информациите што доаѓаат за состојбите во еврозоната, за фискалните ризици, слабиот раст на американската економија и забавениот раст на Мексико, Бразил, Кина, кои беа двигателите на растот изминатите две години, дополнети со нерешавањето на должничката криза во Европа, очигледно е дека не можеме да бидеме преголеми оптимисти“, објасни Ставрески. Според него, не може да се очекува дека македонската економија ќе се движи драстично различно од она што се случува во Европа.

Инаку, Ставрески и гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, од вчера учествуваат на Годишното собрание на Светска банка и ММФ. Ставрески најави дека овој настан е добра шанса за средба со директорите во Светска банка и ММФ што се задолжени за Македонија, како и потпретседателите и извршните директори на овие две водечки меѓународни институции, и да се слушнат нивните проценки за состојбите во светската економија. Годишните средби се можност тие да се запознаат со состојбите во Македонија, со она што се случува на економски план, со гледиштата на владата, како и со мерките и политиките што ги презема во борба со кризата. За денес е најавено средба на Ставрески со потпретседателите и извршните директори на СБ и ММФ. (Ек.Р.)

Статијата е прочитана 1177 пати.

Испрати коментар



Со нож го прободела насилниот полубрат
Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
Осудениот за убиството во „Биг фиш“ наскоро на слобода?
СДСМ - Владата да признае дека економскиот дел од извештајот е негативен
Македонскиот одговор на грчкиот меморандум во декември
На Деве Баир запленет хероин вреден милион евра
Ставрески - СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
Црногорците во недела избираат нов Парламент
(ФОТО) Пожар во подземните гаражи кај Зелен пазар во Скопје
Германија притиска за враќање на визите за Македонија
Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Почнува кампањата за претседател на Словенија
Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
САД под закана од „кибернетски Перл Харбор“
ОМД - Советот на ЕУ да одреди датум за преговори
ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
„Кока-Кола Хеленик“ се сели во Швајцарија
Украина ќе престане да купува руски гас
Дебатата Бајден-Рајан со чести прекини и меѓусебни обвинувања
Стејт департментот бара придвижување на разговорите за името
Македонија им се поклони на хероите од НОБ
Нобел за литература за Мо Јан
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Скопјанец избоден поради паркинг
Атина во декември ќе ги отвори картите
Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Прилеп го одбележа 11 Октомври
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Врачена државната награда „11 Октомври“
Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Филе-Дачиќ - Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Путин се налути - не оди во Анкара
Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Европската комисија најави нова индустриска „револуција“
Кирил Спироски од Правен има најмногу гласови за нов лидер
Предлогот на ЕК шанса да се стави крај на грчката блокада
Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание
Врачување на државната награда „11 Октомври”
Македонија одбележува 71 година од антифашистичкото востание
Груевски - Датумот за преговори ќе отвори ново поглавје за Македонија
„Оне“ со поголеми приходи
Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици
Опозицијата го поздрави напредокот
Бугарските поплаки маргинализирани
Во сеопштата политизација МАНУ мора да ја одбрани науката
ЕК предлага паралелни преговори и за ЕУ и за името
Нова општинска зграда на Карпош на старото место
Ја ранил љубовницата, го убил соперникот
Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
Политичка тројка
(ФОТО) Паркот спроти „Бристол“ замина во историјата
Марихуана пронајдена во Градско
Исчезнатиот овч��р пронајден жив
Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Реакциите ja вратија придавката „македонски“ во извештајот
Потврдени затворските казни за две од трите девојки од „Пуси рајот“
Ленин заминува и од центарот на Улан Батор
Ангела им пружи рака на Грците
Британски муслимани уапсени за тероризам на Хитроу
Католичката црква oд 2013 година ќе плаќа данок на имот во Италија
„Бестрашнот Феликс“ - Разочаран сум, но не отстапувам
Македонија доби и препорака и услов
Мадрид го блокираше референдумот за независност на Каталонија
Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис
Б92 - Има надеж за решавање на името
МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Протести против Златна Зора во Њујорк
Стејт департментот одбил две барања за засилување во Бенгази
(ФОТО) Меркел донесе поддршка, но не и подароци
(ФОТО) Сашо Станинов имаше сообраќајка во Скопје
Протестно писмо од Тачи до Самарас



Mark, 11.10.2012 16:30:38
Kako jas da zemam kredit i da im kazam doma - vi donesov taze pari, ami kako!? (i toa decata da go vrakjaat..)..domakjin sum epten, a? A be ne se brukajte barem so izjavi, tuku uzivajte duri ve tintraat od stranstvo(posebno Amerite), dodeka ne potpisete, si znaete sto..(al i tu vam istice vreme)..
kris, 11.10.2012 17:35:28
А од кај ќе донесите свеж капитал????????? Од Идризово???????????
od ostrijot, 11.10.2012 17:53:51
da da gospodine kedoneses svez kapital ako ima koj dati dade no kakomi izgleda kese vratis kako em peren em nedoperen.
hohstaplero, 11.10.2012 18:09:45
more golem ekonomistu od svetska banka (jadna banka so takvi kako ovoj), kako ce vratis nesto sto ne dolzis. pa neli ti kaza deka nisto ne dolzi drzavata. deka se isplaca na vreme. sto bi rekol onoj Dubek Dufe Keke: vladata gi isplaca na vreme dolgovite, samo so zabavena dinamika. hahahahahaha. svez kapital moze da najdete vo vasite smetki vo stranstvo.
Трпе, 11.10.2012 22:18:36
Со ова што се фали кум Ставре ми личи како на свадба направена со кредит.Во неделата руба дуба румба да а од понеделникот започнуват маките.Младенците ке си го вракат кредитот а фалбата е на родителите,дека весела свадба направиле.И еве ти на повидок куќен конфликт.По се излегува дека овој дојденец стручњак за финанси не треба многу да се перчи.За некое време апсот не треба да му бега.Голема среќа има што во задниот џеб го чува резервниот пасош.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 12°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Армстронг одново ��а столбот на срамот
Антидопинг агенцијата на САД тврди дека седумкратниот победник на Тур де Франс ги терал да се допингуваат и колегите од ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |