Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.10.2012, 17:45

Мислења

За што се бореа?

Гордан Георгиев

Фашизмот е моќна идеологија. Таа допира во длабоките чувства на човекот, го буди волкот во него. Ја буди омразата кон другиот, бесот кон странецот, наводната неправда кон цели етнички заедници

За што се бореа тие, за што се бориме ние? И кои се тоа тие, а кои сме ние? Иста семка ли сме? Исти генетски запис? Или многу реки протекоа во меѓувреме и дел од нивните востанички хромозоми дегенерираа...

11 октомври е секогаш убав датум да размислуваме за смислата на нашата држава, за начинот на кој се калела, се градела и опстојувала. Да се потсетиме, за да не заборавиме, кои се трите главни меѓници на модерната македонска држава и нација - Илинден 1903, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991. Но ете, изминува уште еден 11-ти октомври, уште еден неработен ден и добра прилика да се одмориме, да одиме на ручек со семејството, да го потрошиме денот на безделничење. На овој ден, кога секој од нас би издвоил само десетина минути да размислува за нашата држава, за нашите претци, за животите кои ги дале за нас и за жртвите што ги понеле на своите млади плеќи... кога секој од нас би прелистал една историска читанка од шесто одделение – ех, тогаш секој од нас би можел да се врати во нашата современост, да помисли каде сме биле и каде бевме, а каде сме сега.

Не е ново ако кажам дека антифашистичката борба го стави Македонецот во првите редови на слободарските народи. Рамо до рамо со Американците, Британците, Французите. Не е новина ако констатираме дека токму автохтониот порив на дузина организирани млади луѓе-партизани во Прилеп и Куманово фрла силен сноп светлина врз нашите животи 70 години потоа.

Сепак, по огромниот пораз со кој се соочи фашизмот и нацизмот како освојувачка доктрина и како идеологија, можеме со жалење да констатираме дека последниве години светот се соочува со нови изблици на фашизам. Од теоретски аспект, ова можеби е и разбирливо. Фашизмот е моќна идеологија. Таа допира во длабоките чувства на човекот, го буди волкот во него. Ја буди омразата кон другиот, бесот кон странецот, наводната неправда кон цели етнички заедници. Допира во Ид-от, го разјарува човекот, го повикува во толпа, на сигурно, го става во скутот на имагинарниот Свој. Се појавува на неочекуван начин и брзо се распламтува. Тешко се гаси. Кратката историја на човештвото на драматичен начин им дава за право на „мизантропите“ од калибарот на Русо, Хобс, Ниче, де Местр, Берк. Им дава за право на сите оние коишто од најхумани побуди тврдеа дека луѓето во основа се повеќе лоши и себични отколку добри и човекољубиви. Ја легитимира мислата дека „мир е периодот изминат помеѓу две војни“.

Нашата Македонија не е далеку од овие светски и регионални текови. Притиснати во историско менгеме, кое ни влијае на нашето секојдневие, мали и сиромашни, како да ни се измолкнува шансата да се извлечеме од калта во којашто западнавме, во одредена мерка и не по наша вина. Неправедно ќе биде ако не признаеме дека сме повеќе поделени од кога било, дека почнавме да се мразиме а да не знаеме точно зошто. Дека се погледнуваме под око на улица, во кафеани, на свадби и слави. Дека бараме трошка во туѓото око, а не ја гледаме во нашето. Дека дури и оние кои историски и филозофски се најповикани да не' сплотат (Црквата и Армијата), обилно долеваат на расколот. Еднакво неправедно ќе биде ако не признаеме дека владејачката структура е најзаслужна за оваа состојба, без разлика на мојата навидум субјективна позиција. Јасни како бел ден се одредниците на неофашизмот во нашето општество, без разлика дали тие се практикуваат свесно или несвесно. Јасна е улогата на „југендите“ во нашето општество, со или без агенда. Како инаку да ги објасниме изблиците на омраза, нетолеранција и повици за конечна пресметка кои извираат директно од највисоките врвови на власта, а се гарнирани со уште поголеми отровни дози од страна на нивните гавази и јаничари. Конечно, не е ли доволно силен аргумент кога овие дијагнози за македонското општество доаѓаат од оние најповиканите т.е. од самите преживеани борци од НОБ. Јасно е за што се бореа тие, имаа конкретен непријател, од другата страна на баркадите. Тој непријател имаше име и презиме, се викаше фашизам. Па зарем тие, кои го видоа непријателот во челуста, не се доволен репер да ја препознаат напудрената челуст на сегашниот повампирен неофашизам? И постари и ��оискусни и помудри се од сите нас. А ние, знаеме ли за што и против кого се бориме? И можно ли е да се бориме за нешто, а не нужно против нешто и некого?

Еднаш во една прилика го наслушнав генералот Тодор Атанасовски како му шепка на еден свој соборец: „Да не се преценуваме дека ние (мислеше на преживеаните борци од НОБ) можеме нешто премногу да направиме. Ние нашето си го одработивме одамна“. Така е генерале, вашата војна ја добивте, ја добивте и заради вас ама и за нас. Историски гледано, одигравте великодушно. Сега останува навидум полесниот дел од патот: ние да ја одбраниме и сочуваме слободата. А со тоа и државата. Ќе успееме ли?

Сен Симон, опсервирајќи го француското општество, велеше дека сосема доволно е некој да ги затвори, убие или замолчи најдобрите 80 луѓе во секоја поединечна сфера на општественото живеење (уметници, социолози, филозофи, политичари, правници, стопанственици) и државата Франција веднаш ќе се распадне. Па ги имаме ли ние нашите десетина (не осумдесет) најдобри од секоја сфера? Ги слушнавме ли да проговорат нешто за состојбите во државата, за патот по кој сме тргнати, за предизвиците со коишто се соочуваме? Во 1941 година во планина отидоа сите, и образовани и неуки, и идеолози и теренаши, и силни и слаби, и мажи и жени. Зошто сега би било поинаку? Зошто треба да се чека некој, а не ти, да ни ја донесе слободата?

Затоа, овој 11-ти октомври веројатно е една од последните прилики да се потсетиме на борците, оние загинатите, но особено оние се' уште живите. Бидејќи се многу стари, изнемоштени во телата, но храбри и остроумни во духот. Бидејќи ќе имаме уште многу малку шанси да ги видиме, да ги слушнеме, да поразговараме со нив. Кога ќе умрат тие, како што претходно загинаа и многу нивни соборци, нам ни останува да ги оживуваме, секој ден и секое утро. Ако умре борбата за слобода и антифашизмот, нема да не' биде. Ќе исчезнеме и ние.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)

Наш став

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1988 пати.

Испрати коментар



Економијата ја чека уште многу работа
Името на тивок оган



Libero, 12.10.2012 03:12:28
Crkva,vlast,armila site se krivi samo vie angelite osdsm ste nevini,sto mislis ti lugevo nafta li pijat
dobar den :-), 12.10.2012 09:59:39
Prekrasno, vistina.
Komunjar, 12.10.2012 11:23:29
Se e tochno Gordane! Premierot, ne taka davno, duri upati fashistichki povik za konechna presmetka so *tie*, vo chetnichki stil: *Braco i sestre, kucnuo je chas*. A *tie*, *tie* se onie shto gi polozija svoite zivoti vo temelite na ovaa drzava, onie shto ja stvorija ovaa drzava i shto so srce i ljubov ja gradija i izgradija. Gi slusham govorite (svechena rech) po povod praznikot, nikade da se spomnat komunistite i KP, nego *partizanite*. Pa partizanite se redom bile komunisti (vo ili po vojnata), a ne fashisti ili deneshni *demokrati*, a gi organizirala i vodila KP, ne VMRO, ushte pomalku DPMNE. Zalno i tazno za dadenite mladi komunistichki zivoti. No vlasta e promenliva kategorija, nivnoto delo e vechno. Se ke se vrati i ke si legne na svoe mesto. Neka im e vechna slava!
Mudrec, 12.10.2012 11:58:41
Dosta povikuvate na borba za sloboda. Slobodni sme da ne glasame za vas.
P.Petar, 12.10.2012 12:24:30
Vo ovoj svet na povampiren neofasizam i aktiven imperijalizam koi dosta dobro se slozuvaat za malite zemji kako nasata ostanuva praviloto : ili da si ostaneme sarplaninci i da si go branime stadoto ili da se transformirame vo moderni kameleoni zaradi opstanok! Nasite tatkovci i dedovci sozdadoa uslovi osobeno vo NOB da gi afirmirame nacionalnite identiteti na site koi ziveeja vo Makedonija i toa treba da se PAMETI,NEGUVA,i DOGRADUVA.Neprincipielnoto kritizerstvo ne e nikakva demokratska opcija tuku vodi kon sistematsko razgraduvanje na veke izgradenoto.
девичанецот, 12.10.2012 14:48:20
Гордане, Очите повторно ти се ширум затворени. Ние рамо до рамо со Американците, Енглезите, Французите? А каде се Русите брат, каде ти е Советската армија која го понесе целиот товар на победата? Па американците и англичаните гледаа што повеќе фашисти да спасат, да ги испратат во Јужна Америка, во Бразил, да ги вдомат кај себе под лажни имиња. Е Гордане, бре...ајде само барај си предвремени избори кога си сакаш да изгубиш.
Армила ЛИберо, 12.10.2012 15:04:50
Луѓто не пијат нафта , Либеро , скапа е , прашај ги другарите ваши од ОКТА зошто?!
Валтер, 12.10.2012 15:32:37
Поздрав Гордан, Истите прашања, „за што беа тие а за што ние„ ? само постави ги за нашите прадедовци. и потоа дај одговор. Нашите прадедовци се бореа за едно, нашите дедовци за друго. Заедничка им е само борбата за македонска држава , но имаат и многу противречности. Ние не можеме да бидеме потомци само на нашите дедовци а да не сме на нашите прадедовци... или ќе кажеш дека прадедовците не биле во право ?
do Gordan, 12.10.2012 16:57:18
Trebase da gi spomnes i i drugite vostanija na makedonskiot narod koi bea pred tie sto gi spomna.Mavrovskoto vostanie na Makedoncite vo 15 vek,karposovoto vostanie vo 17 vek,razloveckoto i kresnenskoto vostanie vo 19 vek.Borbata na makedonskiot narod za sloboda zapocnal mnogu odamna.
LKM, 12.10.2012 18:38:02
Imponira koga mladi luge mislat kako sto mislite Vie gosp Georgiev. Sekoja Vi cest za napisot.Se nadevam ima uste mnogu mladi luge koi mislat kako Vas,porazitelna e i naprosto neverojatna netrpellivosta i odsustvoto na pocit megu nas Makedoncite, osobeno koga se raboti za razlicni mislenja - politicki, ideoloski , religiozni i slicno. Ako nie ne go pocituvame ona sto borcite vo Ilinden, NOB go storija za nas iame li voopsto predstava kolku nasite deca, pravnuci idnite generacii ke ne pocituvaat nas? Sto ke im ostavime vo nasledstvo ako sporedime so nasledsvoto od Ilinden i NOB - drzavnost i sloboda? Vo vremeto pred i vo Iinden i NOB uslovite za borba bea nesporedlivo poteski od denesnite, no tie luge imaa hrabrost, doblest i istrajnost. A nie?Tocno e deka sega imame mnogu objektivni teskotii poradi neprincipielnata politika na Evropa i SAD, no definitivno ima nacin da se postigne toa sto go sakame -- ako navistina sakame
nutinataler, 12.10.2012 21:02:48
Celosno obezlicuvanje i retusiranje na istorijata. Slusam pred nekoj den prilog od 15-tina minuti na MRTV za 11 Oktomvri i vo nieden moment ne bese spomnata KP na Makedonija. Vo prilogot se raskazuvase deka makedonskiot narodot zatoa sto bil ugnetuvan od okupatort se krenal na vostanie ne mozejki da go izdrzi teskiot zivot. Voopsto ne bese spomnato deka KPM koja bila najznacjnata sila koja sto go organizirala i mobilizirala narodot vo NOV i antifasistickata borba. Tesko im e na denesnite patrioti da go spomenta imeto na KPM, zatoa sto gi potestuva na nivniot najgolem kompleks a toa e deka VMRO nikogas ne bilo drzavotvorna sila za razlika od KPM. No kolku i da ja brisat i retusiraat istorijata, KPM i nejzinite dela se neizbrisliv fakt i najprogresivna sila vo istorijata na makedonskiot narod koja ja ostvarila vekovnata zelba na narodot za svoja makedonska drzava. Neka ni e cestit golemiot praznik i da ne gi zaboravime tie sto gi dadoa svoite zivoti za nasata zemja.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Еко��омија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |