11.10.2012, 17:50 Си велам
Името на тивок оган
Ерол Ризаов
Ни стаса ли грчкиот меморандум преку најпозитивниот бриселски извештај
Премиерот Никола Груевски изјави дека Брисел ни го пратил најреалниот и најпозитивниот извештај досега за напредокот на Македонија кон Европа. По првичното читање делови од содржините и по медиумските извештаи и коментари, иако допрва треба да уследат деталните анализи, може да се прифати таквата оцена на премиерот. Особено добро е видлив, дури и пренагласен поволниот амбиент во Брисел и во Скопје при презентацијата на главните оцени дека Македонија по четврти пат ги исполнува критериумите да ги почне преговорите. Во овој актуелен миг на исчекување, да се појави нешто крупно, можат да се проголтаат сериозните забелешки во делот на економските реформи и недомаќинскиот однос на Владата кон државната каса, особено по признанието на премиерот дека тие оцени се реални и дека во од ќе се исправат грешките. Најсуштински е предлогот на Брисел дека преговорите со ЕУ можат да почнат и да течат паралелно со преговорите за името на државата. Дали тоа значи дека името на државата почна да се готви на тивок оган.
Ни стаса ли меморандумот на Самарас преку бриселскиот извештај. Затоа ли ни пуштија малку вода бирократите од главниот град на Европа. Ќе ја голтаме ли краставата жаба. Ако сега го правиме тоа, зошто не го направивме кога беше мало жапче, ќе миневме полесно. Зошто толку луѓе испоплукаа патриотите во слободниот лов на вештерки и непријатели на татковината кога откриваа грчки платеници и кога бесеа на столбот на срамот јавни личности што го бараа ова истото што сега ни го нуди Брисел, а премиерот вели дека е најдобро и најреално досега. Не знам само кога ќе одиме на референдум за името во раната или во доцната фаза на преговорите. Има уште еден тон прашања што ќе се анализираат детално, но сега е важно дека ова е, нели, најдобриот извештај на Брисел за Македонија, која не може вечно да чека.
Клучната формулација е соопштена вака: Комисијата понуди предлог за преговарачка рамка за решавање на прашањето за името во рана фаза од преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија доколку Советот на ЕУ ја прифати четвртата препорака на Европската комисија. Преговарачка рамка во рана фаза!? Интересно е што во оваа наша рана фаза веднаш по приемот на извештајот кај нашите најголеми чувари и бранители на името нема никаков сомнеж и скепса, туку без малку нагласена еуфорија уште пред да се изјаснат лидерите на Европските држави преку Советот на ЕУ, а таму секогаш упатувале да се држиме до реформите и до преговорите со Грција во рамките на ОН. Со други зборови, или ќе прифатите промена на уставното име - или нема ЕУ и НАТО. И сега бриселската рана фаза го вели истото тоа: да се одржат добрососедските односи и да се договори заеднички прифатливо решение за прашањето околу името под покровителство на ОН.
Дали ова значи дека е анулиран нашиот најсилен аргумент за што има и пресуда на Меѓународниот суд во Хаг, дека Грција не може да го спречува членството на Македонија во меѓународните асоцијации со привремената референца ПЈРМ. Ако овој наш најсилен адут ни го земе Брисел, Македонија влегува во нова уште понеповолна позиција на преговорите со Грција. Дефинитивно го губиме факторот време целосно, што не' става во крајно неповолна позиција на земи или остави. Ако Брисел вистински го почитуваше меѓународното право како што срамежливо ја спомнува пресудата од Хаг, мораше прво да обезбеди преговори и членство во ЕУ и во НАТО под името ПЈРМ, а потоа да се бараат решенија за разграничувања на имињата за меѓународна употреба на географската област Македонија, која, главно, им припаѓа на три денешни држави. А која држава како ќе се самоименува, особено ако тоа име веќе го носи цели 70 години, никој нема право да бара промена бидејќи тоа се граничи со лудост. Значи, компромисот и заеднички прифатливото решение не може да се постигне со ултиматумот ерга омнес, туку со разграничување на имињата на областа Македонија за меѓународна употреба. На пример, Северна Македонија, Јужна Македонија и Пиринска Македонија, односно така како што ќе договорат заинтересираните страни и соседни држави.
Познато е дека Грција не ги поддржува ваквите идеи. А Скопје, односно македонскиот дел на Владата мнозинството граѓани ги третираат како неприфатливи и непријателски. И сега што правиме. Дали спин-докторите на власта ќе се појават со свежи идеи дека ја напуштаме срамната референца БЈРМ за нешто многу подобро како што се Северна или Горна Македонија само за меѓународна употреба, а дома ќе си се викаме како што сакаме. Ако е така, од поодамна ветив дека ќе го тужам премиерот Груевски за велепредавство. Бидејќи неговите поддржувачи, а и тој самиот лично, повеќе пати ги оцрнија луѓето пред јавноста за своите идеи и размисли во истата таа насока. Но, еве ветувам дека се откажувам од тужбата доколку дојде до таква разврска Македонија да го задржи своето уставно име во Татковината. Отсекогаш сум мислел и пишувал дека некоја друга генерација, во едни други услови и односи на силите, ќе го реши проблемот, а многу е веројатно дека тој сам по себе со просперитетот на Македонија ќе отпадне како една голема глупост и анахронизам. Задржувањето на уставното име, иако само во државата значи сигурна добивка на факторот време, и целосна заштита на националниот идентитет и се' што е поврзано со националните чувства, јазик, симболи и обележја.
Овие согледувања пред јавноста на Македонија беа направени одамна, но премногу долго не беа прифатливи, ниту за поголемиот број граѓани ниту за политиката. Напротив, добро послужија за меѓупартиска пресметка и за освојување на власта на избори. Претставувањето пред јавноста како тврд бранител на уставното име секогаш носи големи поени, а компромисот негативни. Одбраната на името и на придавката македонски стана возвишена цел која ги анулира речиси сите други реформи, особено во делот на економијата. Погрешните приоритети за развој на државата лесно се оправдуваа со национален вознес и со потрага по пославно и поубаво минато.
Дојдено е време кога политичките лидери на власт се доведени до sидот и ќе мора јасно да се изјаснат за тоа што подразбираат под тоа заеднички прифатливо решение и разумен компромис ако веќе не се изјасниле за тоа прашање тајно. Се чини истечуваат последните денови на залудно изгубеното време на тврда одбрана на уставното име во светот. Ако, пак, од тоа нема ништо, повторно ќе бидеме сведоци на нова фарса во меѓусебните односи на Балканот и на односите меѓу Македонија и ЕУ. Да се најде договор во раната фаза на преговорите со ЕУ не е можно без компромис. Ова веќе стана кристално јасно. Утехата е во тоа што и Грција ќе мора да ги напушти своите црвени линии. „Живи били, па видели“. Во декември работите ќе видат бел ден. Трпение. |
|
Статијата е прочитана 2917 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 12.10.2012 00:42:29 | Jas sum ubeden deka vlasta ce go resi ovoj problem so avtenticno tolkuvanje. Ovaa metoda vece bese upotrebena a vlasta nisto ne izgubi od svojata popularnost. |
| Коста Стоименовски, 12.10.2012 01:37:02 | Мошне добро е познато дека политичарите со свтократски предиспозиции се окружуваат со полтрони, медиокритети, подлизурковци и превртливци кои беспоговорно и лојално му служат на својот шеф додека е на власт. Во повеќе наврати предупредував дека премиерот со тн. антиквизација си забива трн во здрава нога и наместо да го реши проблемот со името, тој енормно го искомплицира. На основа на некои изјави што ги даде пред изборите во Грција можеше да се стекне впечаток дека е направен некој договор за решавање на проблемот!? Развојот на настаните во последно време како да ја потврдува оваа претпоставка. Мошне важно е тоа што опозицијата дава „бланш карта“ на власта да го реши проблемот. Меѓутоа, изјавата на премиерот дека „не сака по секоја цена да биде премиер“ упатува на заклучок дека тој би бил подготвен „жешкиот компир“ свесно и намерно да и го препушти на новата власт, со надеж дека брзо ќе се врати на власт. Нам ни преостанува да чекаме и да видиме што ќе се случи во наредните неколку |
| USA, 12.10.2012 06:16:45 | Очигледно е дека работите во грција не одат на добро. Светската политичка сцена исто така ќе претрпи огромни промени со доаѓањето на Mitt Romney на власт, што секако е поволно за Македонија. Зборуваме за поделба меѓу нас ( политичка). Што мислите, како би се одвивале работите ако грција нема поддршка од USA и почне внатрешно да се распаѓа ( финансии, евро/ драхма, национализам, меѓупартиска војна, малцински права,..... Затоа им се брза на грците дур имаат поповолни услови, зошто покасно..... Кој ги спомнува спомениците денес? Никој. Кој ќе го спомнува името ако дојде до опстанок или пропаст? |
| Buntovnik, 12.10.2012 07:41:42 | зошто не го направивме кога беше мало жапче, ќе миневме полесно. Pa mnogu ednostavno zasto. Zatoa sto vo matni vodi sekoj moze da faka ribi. Koga ke gi najdete smetkite na mafijaskata familija ke razberet e zasto. A pa da se nadevame deka e krastava zaba sto goltate. |
| ФЕЛИКС, 12.10.2012 08:06:51 | Да почнеме од тужбата за велепредавство,би била комична ако по одржаниот референдум , предлогот биде евентуално усвоен.Смешно е да некој преку народната воља се согласува и гласа позитивно,да потоа срипа со тужба против спроведувачот на таа иста воља. Единствено останува тужба против тие што гласале позитивно.Ако референдумот не успее,сето предходно не важи.Како второ се покажа да интерпелацијата е по втор пат,,убиена,, со позитивниот извештај,од кој некои добиваат акни од завидливост.Како трето соседот ќе мора прв да ја голлтне,,краставата жаба,, оти треба да се согласи за паралелното одвивање на преговорите.Односно е акнат од ѕид да сопствениот став ,,прво името после преговори,, мора да го ревидира,а проширено и надградено и за неговите ,,црвени линии,,И на крај за мене доста важно(позитивниот извештај најважен)е и лелекот на опозицијата ,,од ова да не се прави триумфализам,,Што значи признавање на ,,мала врата,, за успехот на владата во ЕУ интеграциите.И тука имаме голтање,,жабички |
| nato-jato, 12.10.2012 08:20:39 | Trpenie velis ama do koga? Malku trpime 21 godina mafijasi ni ja vodat drzavata zapustevme generacii mladi, a Evropa zivee nie kje mizeruvame i kje lazeme deka ne go davame imeto . Uste 21 godina li treba da pomine pa da svatime deka vaka propagjame vo ziva kal i ne samo imeto nego kje ja izgubime i drzavata na dobar pat sme! |
| пријател, 12.10.2012 09:02:32 | Обврските за промена на името доаѓаат од Рез.817 на Советот за безбедност.Тоа мора да се направи со цел зачувување на мирните добрососедски односи во регионов.Според СБ,без решение за името нема мирни добрососедски односи.Името ФИРОМ НЕ Е РЕШЕНИЕ.Тоа е само име кое ќе се користи додека не се пронајде конечно решение.Направен е пропуст во Времената спогодба дека Грција нема да не`попречува како ФИРОМ,но тоа е исправено со одлуката на НАТО и ЕУ да не се прима нашата држ.додека не се реши проблемот(значи ни како ФИРОМ).Името РМ официјално НЕ ПОСТОИ.Сите и насекаде(и оние кои не`признаа како РМ) ОФИЦИЈАЛНО го користат ФИРОМ. ФИРОМ е ерга омнес,што значи и новото име ќе биде ерга омнес.Сега се бара начин како нашата влада да го направи тоа.Овој предлог во извештајот на ЕК е еден од начините.Не е разумно да се бара ПРОМЕНА на името(кое ја нарекуваат РАЗЛИКИ околу името)но ако Советот за безбедност оценил дек�� со тие РАЗЛИКИ(т.е. со ИМЕТО)се нарушува мирот,тогаш мора да се најде решение. |
| A sto so Konjanikot i negovoto pleme.?, 12.10.2012 10:10:46 | Ako ovaj kompromis ili podobro kazano prekrstuvanje na drzavata ni pomine vo ranata fqaza, togas se prasuvam zosto izgubivme tolku godini, bildajci se so nacional patriotizam i branenje na imeto , a posebno ako se zeme faktot deka nekade vo ranite 90-to godini imavme mnogu popovolna polzoba i podobri predlozi od segasnite. I sega ajde za Arenata i onaj procuen avtopat lesno ce gi prekrstime, sto ce im pravime na impozantniot Konjanik, na tatkomu , na majkamu dedomu i pradedomu , koi se istoporeni na srede plostadot.Tolku pari li zadjabe frlivme? A ovi patrioti za tie spomenici se plasea od Frcko, ama sega izgleda vo ranata faza na pregovorite ce moraat da gi demontiraat tie.Kakva ubava scena ce bide!!! A mozebi ce gi demontiraat isto taka noce ,kako sto i gi montiraa. |
| zike, 12.10.2012 10:27:34 | gruko sekogas velit izvestasjot e vo nasa korist i toa e zasluga na vlada taka rece i za sudskata presuda i za izvestaite ne ek 4god po red...pa kakov uspeh e toa za nas ako edno isto ni vikat 4god a nie sekoja god pravime drmr od izvestajot deka toa e uspeh na vlada...sepak nes eslozuvam so erol vo edno a toa deka go nosime toa ime 70god da za vnatresna upotreba no ne i medjunarodno imeno medjunarodno nesme go nosele ni eden den tuku firom i treba da gi svatime cuvstvata na grcite kako bi bilo vo nase sosedstvo n.p. vo kosovo da se formira drzava rebublika skopje? |
| Avtentichno tolkuvanje, 12.10.2012 10:40:29 | Ke go ubedat narodot, kako i mnogu pati do sega, deka taze dupka ne e dupka. Plus, toa ke go stori sobranieto, a ke go potpisha Horhe, taka da najgolemiot patriot, kako i japonskiot car po porazot vo 2.svetska vojna, ke ostane ne izvalkan. Setite se samo na zlostornichkiot chin *avtentichno tolkuvanje*. Drugite taka odluchile ??? Nemu ni vlakno ne mu faleshe, za rejtingot (negovata opsednatost) i da ne zborime. Se ke se povtori, shto e najgore, pak ke pobedi! El ta go razberi ovoj narod. I na krajot, dokolku procenat deka nema da im uspee ovaa varijanta (shto e malku verovatno), ke go primenat scenarioto shto go Kosta spomenuva t.e. za kratko da se odkazat od vlasta, da bi se povtorno vratile so patriotski napadi vrz *predavnicite i prodavachite na imeto*. PS: Referendum za imeto ne nosi reshenie, no na narodot da mu se dade moznost (kako za fasadata na CK) novoto ime da go izbere pomedju povece predlozi/iminja, a ne da odluchuvat poedinci, pijani ili trezni, seedno! |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 12.10.2012 11:04:37 |
Факт е дека сега, по повеќе од шест години, се враќаме на истите позиции што ги имавме во 2006 година, кога се очекуваше да се донесе одлуката за преговори. Тогаш во Унијата преовладуваше оптимизам дека Македонија ќе стане нејзина полноправна членка најдоцна до 2012 година. А името никој не го спомнуваше – спорот беше во мирување. Но, 2012-та година веќе си изминува, а ние сме вратени шест години назад. По доаѓањето на Груевски на власт, цело време се трубеше дека од името нема да смениме ниту една буква. Со такво покритие, во континуитет беа добиени редица избори. Се случија многу мизерни и бизарни нешта, за да сфатиме на крајот дека заспаниот проблем со името, што самите го „разбудивме“, мора да го решиме. Ама со многу повисока цена |
| naumce srbinoski, 12.10.2012 11:40:51 | Da bideme zivi, i da videme .......za ova se borevnem Erole. |
| erga omnes, 12.10.2012 12:08:49 | Треба конечно да се расчисти што значи erga omnes, дали е за меѓународна употреба, или и за домашна.Ако е првото, како што вика пријателот (претпоставувам од грчката, или некоја друга Амбасада), тогаш би се сменило само Фиром, име кое навистина секаде се користи, и ако веке ни тоа не ни смета толку (работа на навика), тогаш Северна или сл. е прифатливо решение.Тоа, кога тогаш, мора да се најде, да не чекаме после десетина години да прифатиме некое полошо. |
| Миле - Охрид, 12.10.2012 12:21:25 | Извештајот за напредокот е позитивен. Таков е веќе 4 години. Она што е опасно, тоа е замката која ни ја подготвува Брисел која стрпливо ја припремаше со инсталациите на странските пропаганди во Македонија и домашните македономрсци ( кои спроведуваат субверзивни активности од чиста шовинистичка омраза кон Македонците).
Секојдневното повикување за напуштање на стандардите, принципите и вредностите на функционалните демократии и прифаќање на шовинистичките уцени за смоукинување на македонскиот народ, е координирана активност на непријателските структури во Македонија. Како во секој текст, така и и во овој се започнува со добра анализа, потврда за исправноста на нашите ставови за зачувување на името, па следи плукање по бранителите на името, оцрнување на државата и завршува со повик „да легнеме да уживамеако не сакаме да бидеме силувани“. Во името на побрз влез во комунизам (или овој пат е нешто друга) не повикуваат да се откажеме од унниверзалните индивудуални човекови права и слободи. |
| gjoko, 12.10.2012 12:37:07 | Ne mi e dokraj jasno, zosto na etnicki Turcin , se bavi, postojano, so mojot identitet, isto kako onoj Blgarinon. |
| tihi, 12.10.2012 13:22:21 | Zoshto nekoj bi goltal zhivi zhabi ,seedno golemi ili mali ,koga mozhe da se provarat pa da se serviraat.Na vremeto ,ne se ni primetuvashe ,zatoa shto toa raboteshe za nas,se misli na vremeto.A zhabata porasnala. |
| makedonoid, 12.10.2012 13:32:29 | Go nosime imeto 70 godini? Pa jas mislev deka go nosime najmalku od 2300, a spored profesorot Iljovski od 77 000. Kogo sega da veruvam? |
| Бре,бре,бре!, 12.10.2012 14:59:46 | Море УСА , зар не си си смешен самиот себе?Ромни ќе те спасел!Грција ќе се распаднела , ЕУ ќе пропаднела.На Грција и се брзало!!! Сигурно и таа чека да влезе во НАТО и ЕУ!!!Поубаво почни и ти како Феликс да се криеш зад референдумот , вие не сте биле за промена на името , но народот така сакал!!! Сакале или не , мора да ја голтнете жабата и Воинот на коњ , со се фамилијата ,ќе ги подарите на Грците , Тоде и компанија на Бугарите и ќе поќнете да ги ги славите партизанте.Толку беше , Антици мои бивши! La comedia est finita!
|
| Jovan, 12.10.2012 15:19:22 | Г-дин Ерол ја сум Македонец и така се чувствувам се до дека ги коментираме разговорите околу името и додека нашите партии не ги кажат нашите црвени линии или се кријат под тоа како ќе каже власта или пак на албанските партии им е сеедно како ќе не викаат нас сите ќе не зафркават ние мора да имаме црвени линии зад кое ќе стојат сите партии ,а не ќе се чека на грешката на друг за да се дојде на власт.
Под економскиот притисок што и наметнат на македонија со сфаќањето дека надвор е подобро да се работи бидејќи дома сме ефтина работна снага третирана од работодавците, може да се очекува секаков резултат ако има непотребен референдум за името.Економијата ја диктира политиката. |
| Mudrec, 12.10.2012 15:39:14 | Se javijai Erol i ostanatite dushegriznici za promena na imeto. Se pokaza deka malku po malku mozeme da napravime progres i bez promena na imeto. A narodot seuste isto misli - megju evrointegracii i imeto, povazno e imeto. Ovaa Vlada do sega go sledeshe narodot. Zosto mislite deka sega toa ke se smeni i vo zamena za maglivi pridobivki ke otide imeto? Dosadni ste i naivni so takvite stavovi! |
| Крт, 12.10.2012 15:51:01 | ,,Живи били па видели,,! Ероле, ќе бидеме и живи и ќе се изнагледаме ,,смејурија,,. Она што навидум беше решливо пред шест години, сега стана вруќ костен во раката на Груевски. Нека се крсти тој во РЕФЕРЕНДУМОТ ама што и да изгласа народот тој ќе биде потписникот. И еве уште од сега го гледам Феликс на местото на Аце Великиот, само за разлика од негоТОЈ ќе биде јавнатиот. |
| respekt, 12.10.2012 16:02:22 | До кога ке си играме со зборови и дипломатски речници. Најцрвена линија за нас е прво РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО па потоа во ЕУ! Оттука се е јасно(освен на некои тврди глави) Познато е дека ЗАЕДНИЌКИ СТАВ на нашата влада и грчката е, РЕШЕНИЕ за името преку КОМПРОМИС ПРИФАТЛИВ ЗА ДВЕТЕ СТРАНИ. Следствено на тоа следува единствен можен заклучок, со Груевски НИКОГАШ нема да го решиме проблемот со Грција што автоматски значи нема во ЕУ. Едноставен е заклучокот.Груевски 6 год. опстојува на власт со ставот, НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ.Од друга страна ПРИФАКА компромис со Грција!? Кој не знае што значи зборот КОМПРОМИС, нека прочита во Лексикон. |
| BitolaHamiltonCanada, 12.10.2012 16:15:04 | Kakvi ogromni promeni ke pretrpi svetskata politikcka scena ako Robomney(skrateno za Robot Romney) bidi presedatel,shto bi bilo povolno za Makedonija ????? Ovaj od USA ocigledno e glasach za amerikankata Taliban Partija i misli deka Robomney ke gi istrga grcite za ushi a mozda ke mu udri i nekoja shlakanica i ke mu naredi da prifatat ime RM,so zborovite:Amerika ja prizna RM i vie nema shto poveke da skokate,ima da igrate kako shto ke vi svirime nie.A isto taka,vo Sovetot za Bezbednost na ON, Robomney nema da stava veto za RM i ke mu naredi na Francija i Anglija isto i tie da ne stavaat veto.Good luck with that. |
| do Djoko, 12.10.2012 18:11:04 | Gospodine kvazi-profesinalen makedonec i kvazi-patriot, jas kako etnicka makedonka se gordeam so nasite etnicki turci kako Erol i se sramam od takvi kako vas. Tie mi se pobliski od vas, i iskreno i saakat dobro na ovaa zemja. I pogolemi makedonci se od vas, da go upotrebam vasiot jazik. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Обилни врнежи
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|