Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.10.2012, 17:52

Едиториjал

Економијата ја чека уште многу работа

Мирче Јовановски

Некаков, мал или добар напредок. Ова се главно констатациите на Европската комисија на одделите кои се однесуваат на економијата на нашата земја во најновиот извештај на Брисел. Македонската економија напредува кон она што се нарекува функционална пазарна економија која ќе биде кадарна да се справи со притисокот од конкуренцијата во рамките на ЕУ. Критериумот кој што беше зацртан уште во јуни 1993 година во Копенхаген од Европскиот совет и врз основа на што се проценуваат економските резултати на нашата земја, е уште далеку од постигнување, но напредокот кој е направен изминатиот период не треба да се потцени.

Извештајот на ЕК филигрански прецизно ја скенира состојбата во која што се наоѓа македонското стопанство, па така, нуди аргументи како за оние кои се критички настроени кон работењето на Владата, така и за оние кои работите повеќе ги гледаат низ розови очила.

Едните сигурно ќе посегнат по констатациите за зголемениот буџетски дефицит, за намаленото производство, забавување на растот, помалиот прилив на странски директни инвестиции што влијаеше, како што се вели во извештајот, дефицитот на тековната сметка да се финансира повеќе со надворешно задолжување отколку со прилив на инвестиции, потоа на тоа дека властите не ги презентираат податоците за централната влада во формат кој е споредлив со стандардите на ЕУ, дека се зголемува долгот...

Од друга страна, занимливо е што и во вакви околности, кои во многу се должат на последиците на економската криза, просечниот домашен бруто производ на жител за само една година се зголемил за еден процентен поен, од 35 на 36 отсто од просекот во ЕУ. Како што се вели во извештајот, Владата продолжува со напорите да го олесни влезот и излезот на пазарот, направен е напредок во многу сегменти во регулативата (регулаторната гилотина), регистрацијата на приватната сопственост врз недвижностите е практично завршена, финансискиот сектор и покрај кризата напредува и ги зголемува средствата...

Ако може да се извлече некоја поука, тоа е дека не' чека уште многу работа на економски план. Економијата е сегмент каде што и покрај објективните околности и пречки олицетворени во економската криза, сепак има простор многу нешто самите да направиме. Подобрување на регулативата, нејзиното имплементирање, но и воведување на европските стандарди, инфраструктурата и други области се огромен простор кај што треба да се насочат напорите на сите надлежни и каде што нема сопки од типот на она со името на нашата држава.

Тоа што во некои делови оцените на ЕК се можеби и построги, не треба да чуди, бидејќи со се' поголемото приближување ќе се изоструваат и критериумите за земјата. Впрочем, и Хрватска која е на прагот на ЕУ доби десет „заповеди“ кои треба да ги исполни до нејзиниот полноправно членство идната година.

Во сегашни околности кога европската економија е среде огромни искушенија, предизвиците за Македонија не се помали. Зависноста на домашното стопанство од Европа е огромна, бидејќи најголем дел од македонските производи се пласираат на пазарите во земјите членки на ЕУ. Оттаму, сигурно не е лесно да се направат драматични подобрувања во економијата кога гори на сите страни, но не треба да се бега од неизбежното – а тоа е дека колку побрзо ги правиме прилагодувањата, толку поподготвени ќе го дочекаме толку посакуваниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Секако, поука треба да се извлече и за трошењето на јавните пари и за зголемување на јавниот долг, каде што оцените на Брисел се прилично прецизни. Да не излезе во наредниот извештај и буџетскиот дефицит и јавниот долг да влезат во некои од критериумите.


Статијата е прочитана 698 пати.

Испрати коментар



Името на тивок оган
За што се бореа?



USA, 12.10.2012 06:29:31
Точно е дека сме далеку од здрава економија, но ако се согледаат тегобите на истата од чисто неекономски попречување ( албански права, постојани предвремени избори, непризнавање име, меѓународни политички блокирања итн., достигнувањата се завидни. Следете ја тенденцијата , дур негодуваме дека има недоволно странски инвестиции, тие доаѓаат и е прашање на време кога ќе се интензивираат. За споредба, Coca Cola најголемата компанија во грција, се сели во Швајцарија. Нема паралела? Е, па нема.
do usa, 12.10.2012 12:45:20
se zalazuvas sebe ili tie okolu tebe ? kaj gledas stranski investicii ziti boga pa celi 6 godini go cekame toj investiciski bum i ni traga ni glas od nego se e toa veter vo magla

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (26)
Победата на Јованка во големиот судир со Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО+ВИДЕО) Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената!
После само четиринаесет секунди го проби звучниот ѕид, а по петминутниот лет безбедно се спушти на Земјата...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |