11.10.2012, 17:15 Кој е сега на потег: Македонија или Грција
На моделот за решение на името што го предлага Брисел не треба да се гледа со недоверба, но Македонија треба да биде претпазлива
Наум Котевски
Позитивна е атмосферата во Македонија по извештајот од Брисел, но постои ли консензус во поглед на подготвеноста за компромис со Грција и имаме ли сила и вештина да тргнеме силно напред во евроинтеграциските процеси. Тоа е главното прашање на кое мора да си одговориме откако политичкиот став на Унијата дека имаме проблем со Грција и треба да го решиме дојде до полн израз. Во четвртата препорака за почнување на преговорите со ЕУ експлицитно се посочува дека Македонија може паралелно да преговара со Унијата и со Грција, но дека без решение за спорот со името во раната фаза од преговорите, како строго дефинирана временска рамка, не може да се оди напред. Конечната одлука, пак, дали ќе бидат отворени преговорите за прием ќе ја донесе Советот на ЕУ на самитот во декември.
Подоброупатените сметаат дека и на Брисел веќе му здодеа од чекање, па затоа прави дополнителен притисок врз двете земји, како дел од искрените намери државава да почне да се доближува до европското друштво. Иако повеќето од нив се на ставот дека на моделот на Брисел не треба да се гледа со недоверба, како на рецепт од некое надрилекарско здружение, сепак, некои предупредуваат на внимание, бидејќи, како што велат, евентуaлното брзање во решавање на спорот поради слабата позиција на Македонија во ЕУ може да биде погубна замка.
Бившиот премиер Владо Бучковски вели дека ова е сериозен обид на Брисел, (притоа претпоставувајќи дека е координиран со Вашингтон) да излеземе од ќор-сокакот, кој може да трае до недоглед. „Не се прави залудно обид временски да се обврземе. Очигледно во домашната јавност како сите да кренаа раце дека со Владата на ВМРО-ДПМНЕ може да се реши проблемот. Во таа насока ова е позитивно изненадување, позитивен сигнал дека постои излез, во ситуација кога главниот проблем кој сите го нотираа е застојот во евроатлантските интеграции“, смета Бучковски.
Според него, сега се' зависи од Атина дали ќе го прифати овој модел. „Мислам дека станува збор за координирана работа. Не случајно Филе замина во Атина и не случајно оттаму дојде меморандумот. Симптоматично беше и што министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и претседателот Ѓорге Иванов даваа позитивни изјави околу можноста за отпочнување преговори со Унијата, во моментите кога експертската јавност беше песимистички настроена“, додава Бучковски. Според него, ова може да биде пресвртница во спорот, па дури и рамка која може да биде врзана и со следниот самит на НАТО во Чикаго, па, како што вели, со еден удар да „убиеме две муви“.
Бившиот вицепремиер за евроинтеграции, Ивица Боцевски, предупредува дека Македонија не смее да прифати медијаторска улога на ЕУ во спорот со името.
„Проблемот со името во самата суштина претставува дефиниција на македонскиот идентитет и државност. Оттаму не може да го врзуваме со никакви рокови. Се наоѓаме во една долга борба како Македонци и Македонија. И на Ирска не и' било лесно кога ја правела својата државност, а потсетете се кои били противниците, па, сепак, опстоила. Македонија не треба да брза и да трча, бидејќи тоа ќе биде само на нејзина штета“, вели Боцевски.
Според него начинот на донесување на одлуките во ЕУ ја става Македонија во страшна асиметрична положба.
„Тоа е како вие да сте во судир со мене, а во арбитражата членуваме јас, мојата сестра и сопруга. Која е арбитражата за другата страна?“, прашува Боцевски, кој додава дека треба мошне паметно да се игра и дека Македонија треба да биде инволвирана во секоја дебата.
Професорот Стево Пендаровски, пак, смета дека во тешката шаховска игра сега на потег не е Грција, туку нашата Влада. „Ова е прв извештај на Европската комисија во кој експлицитно се кажува дека проблемот со името мора да се реши. И тоа во рана фаза. Прецизно не е кажано што значи тоа, но сигурно не станува збор за три години. Решение треба да има отприлика за една година“, смета Пендаровски.
Тој вели дека извештајот е наменски со цел дополнително да се засили значењето на решението на спорот со името. Смета дека не станува збор за никаква заткулисна игра на Унијата, но е сомничав дека Советот во декември ќе дон��се позитивна одлука. „Филе јасно кажа дека треба децидно да ја следиме волјата и дека сега ние треба да излеземе со свој предлог, да ги преточиме своите идеи во меморандумот. Грција ќе бара јасна гаранција до декември, на убави очи и ветувања нема да има решение. Можно е да се забележи видлив прогрес во претстојниот период, но јас лично не верувам“, резонира Пендаровски.
Во тој контекст и политичкиот аналитичар на „Јутарњи лист“ и долгогодишен дописник од Брисел, Августин Палокај, во интервјуто за МИА констатира дека „за жал, единствено е важно како Грција ќе ја чита и препознае оваа препорака“.
„Другите држави-членки на ЕУ со ова нема ниту да се занимаваат, оти сите се согласуваат со Комисијата дека Македонија ги задоволува сите услови за почеток на преговори. Но, ако останатите знаат дека грчкиот став останува да не се дозволи почеток на преговори за вашата земја, тогаш тоа нема ниту да го стават на дневен ред на Самитот. Едноставно, така функционираат работите во Унијата“, дециден е Палокај, кој открива дека Хрватите во текот на нивните пристапни преговори пресметале дека и откако ќе се отворат преговорите, секоја држава-членка на ЕУ има можност 72 пати да ја блокира државата-кандидат.
Бернд Поселт
Предлогот на ЕК реална шанса да се стави крај на грчката блокада
Германскиот европарламентарец Бренд Поселт изрази задоволство од позитивниот извештај на Европската комисија за Македонија, повторената препорака за почеток на преговорите и за предложената рамка за решавање на прашањето за името во раната фаза од пристапните преговори со ЕУ.
Тој оценува дека постои реална шанса да се стави крај на грчката блокада на процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ.
„Треба веднаш да започнеме преговори за пристапување со Македонија, бидејќи реформите и успесите на Владата на Груевски заслужуваат целосна поддршка“, вели европратеникот Поселт во изјавата објавена на веб-страницата на ЦСУ, сестринска партија на германската владејачка партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. (МИА) |
|
Статијата е прочитана 2273 пати.
|
Испрати коментар
|
|
тепало_пп, 12.10.2012 00:40:26 | Македонија со добрата меѓународна политика го зададе својот удар сега Грција нека му ја мисли |
| pile, 12.10.2012 00:55:50 | Na poteg e diplomatijata na Republika Makedonija.Prvo i osnovno bidejki dosega bese premolcano od site;Premierot da dostavi nota na nezadovlstvo do EK za nepocituvanje na VS od 1995 godina, odnosno ne samo bilateralno prasanje koe so VS e spogodeno tuku i po bilo koj osnov R.Grcija ne treba da ja blokira R.Makedonija, tuku da ja podrzji vo EU i NATO.Vtoro:Ministerot Poposki po diplomatski pat da se obrati do MSP vo Hag da pobara sovetodavno mislenje za nacinot na odnesuvanje na R.Makedonija vo slucaj na idni blokadi od strana na R.Grcija po osnov na prekrsuvanje na VS od 1995 godina, i treto,Pretsedatelot Ivanov po diplomatski pat da go informira Generalniot sekretar na OON G-din Ban Ki Mun za na memorandum dostaven od R.Grcija i za neserioznata sodrzjina vo istiot.Gore navedenoto e rezultat na neseriozniot priod na sosedot koj nerespektirajki gi zaednickite sojuznici i prijateli dozvoluva javnata blamazja so nametnatiot spor da prodolzjuva.Gruevski javno da ja objavi notata
i baran |
| Nekoj, 12.10.2012 01:25:18 | Makedonija treba da bide na poteg se dodeka ne se najde resenie za ovaa situacija. Toj sto ima postaveno cel odi i ne zastanuva. Ne e vazno dali ovaa situacija ke ja narecete problem ili ne, dali nekoj imal ili nemal namera da ne brise kako makedonci (iako toa najmnogu go pravat samite makedonci), zatoa sto seto toa e relativno i nevazno. Ne e vazno sto misli Grcija ili Evropa, vazno e sto Vie kako narod sakate i na kade se dvizite. Koja e vasata cel. Ako visinskata zelba na Makedonija i makedoncite bese da se bide vo EU kako Makedonija, dosega ke bevte tamu i kako Makedonija. No spored rezultatite Makedonija niti znae sto e, niti znae sto saka, niti na kade se dvizi, pa ja poturnuvaat od site strani bezuspesno. |
| mene, 12.10.2012 03:58:58 | Otvaranjeto na pregovori pod uslov za istovremeno resavanje na sporot e nepovolna situacija za MK (osven ako resenieto za sporot/promenata na imeto ne e veke odnapred ispazarena). |
| ФЕЛИКС, 12.10.2012 07:31:53 | Како прво и основно треба да се види дали соседот се согласува да преговорите за влез во ЕУ и за проблемот со името да течат паралелно,досега беше ,,прво името па потоа преговори за ЕУ,,.Паралелизмот треба да се случи и за НАТО,оти истиот проблем е и таму со името.Значи влез во НАТО и решавање на проблемот со името.Дали меѓународната заедница ќе успее во ова, останува да покаже времето. |
| Tina, 12.10.2012 07:41:55 | ne mozam da ve razberem.
Koj poteg Makedonija treba da go napravi, koga nie sme Makedonci i toa go znaeme.
Grcija toa go neznae i se pravi budala vo umot.
Nasha pozicija e chista, Grchkata e nerazberliva.
Grcija treba da mrdne co 21vi vek, ili da ja oslobodi nashata zemja.
Makedoncite sakat uedinjenje na nashiot identitet.
A toa e Grchka bolka i tezok potez na Grcija.
Na nas ne ni se potrebni nikoji potezi. |
| цацко, 12.10.2012 08:19:56 | Oва е ноќен кошмар за груевци.И во ЕУ сфатија со кого си имаат работа,и ако во овој извештај има притисок тој е само врз Македонија,а Грција само си чека.Замислете грците да прифатат паралелни преговори(тие секако ништо не губат)а Груевски за шест месеци да го реши спорот за кој сите го знаеме крајниот исход.Затоа нема еуфорија,нема изјави,нема сликање само тн.експерти верглаат за се и сешто само не за тоа што треба(пр.Мирка немирка откри дека клетата А1 досега не кочела во Брисел,туго мене). |
| srebre, 12.10.2012 10:20:52 | predlogok na ek nisto ne znaci nit za grci nit za nas posto toa e ist predlog vece 4 god...nese raboti za stapica tuku isto 22god pridavka ili grci nese soglasuvat tuka eu,ek,on ama bas nisto nemozat a vo on vel brit i franc odamna ja poddrzaa grcija a tie dve zemji imat veto znaci problemot e ist kao pred 22god dali ce prifatimi pridavka ili ne. |
| за Боцевски, 12.10.2012 10:36:50 | Ако проблемот со името во суштина претставува „дефиниција на македонскиот идентитет и државност“,тогаш тоа е упатено на владата на ВМРО која има проблем со нашиот македонски идентитет и државност.Само за владата на ВМРО нашиот идентитет е ПОТОМЦИ НА АНТ.МАКЕДОНЦИ, а нашата држава е НАСЛЕДНИЧКА НА АНТ.МАКЕДОНИЈА.За цел свет,вклучувајќи ја и Грција,ние сме потомци на Словените,а нашата државност произлегува од нашето учество на страна на антифашистичката коалиција во Втората светска војна.Значи никој не го напаѓа идентитетот и државноста КОЈА ЈА ИМАМЕ,туку СИТЕ(Советот за безбедност,ГС на ОН,НАТО,ЕУ) го напаѓаат идентитетот КОЈ ВМРО ГО КРАДЕ.А што се однесува за примерот со Ирска,нема никаква врска.За Ирска не беше донесена Рез.од СБ на ОН како Рез.817 за нас со која се укинува името РМ,се доделува привремено име ФИРОМ и се бара во преговори со Грција да најдеме ново име за да се зачува МИРОТ ВО РЕГИОНОВ.Тоа не и`се случи на Ирска. |
| Дебелогазец Храбар, 12.10.2012 11:38:12 | Се разбира дека Македонија е на потег. Нема што да е Грција - Таа е заштитена воено од НАТО и економска инфузија нон стоп тече од ЕУ. Македонија е на потег и тоа ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО - или нема да постои како држава. Сите тенденции водат кон тоа - зарем не гледате??? Притисоци од надвор, Албанците од внатре.. не е тоа случајно...
Значи драги патриоти - вие сте на пот��г.. Или сменете го името - или изгубете ја државата |
| Трпе, 12.10.2012 12:36:10 | На Грција им одговара мечот да го одвлекува до бесконечност, таа нема проблем.Проблем има македонскиот народ тој е затворен во резерват.Зато мора да се принудуват да земат бугарски пасоши.Во случај да ја уплашиме Грција дека ке им објавиме војна. |
| Mark, 12.10.2012 13:53:16 | Do D.Hrabar - Bravo, me nasmea na ovoj tmuren den! Bugarite bi rekle - *Tova e tova, sickoto drugo e izmama*!! |
| Дон_пп, 12.10.2012 14:26:47 | Нека му ја мисли грција ние моментално имаме добран надворешна политика и јасни црвени лини барем владата има а за опозицијата и не сум сигурен |
| Миле - Охрид, 12.10.2012 15:54:52 | Република Македонија нема да си го промени името. Она што е сигурно е дека тоа нема да го стори доброволно. Името можат да ни го променат странските непријателски сили со помош на домашните „дебелогасци“. „пријатели“, „итри пејачи и свирачи на туѓи инструменти“, „трпевци“.
Македонците знаат што треба да прават. Ги имаат светлите примери на борците за Македонија. Зарем Питу со четата не знаеше што го чека па остана пред триесетиљаден турски аскер? За разлика од давајгсците како Сарафов и компанија кои ја спраштија. Зарем партизаните на 11-ти октомври не знаеа каква сила стои пред нив кога се впуштија во борба за Македонија? За разлика од многу колаборационисти кои повикуваа на наведната глава. Заради нив ние имаме шанса да ја продолжиме борбата и знаеме дека ќе победиме. Ако не ние, тогаш некои наши потомци ќе продолжат да се борат повикувајќи се на фактот дека ние не сме се предале. Не е исто да се самоукинеш и насилно да те укинат. Ние немаме право да го прекинеме континуитетот |
| BitolaHamiltonCanada, 12.10.2012 20:56:02 | Ministerot br.1 mu gi ispra mozocite na negovite ovci anticki so parolata ZHIVOT DAVA IME NE DAVA i sega najnovo NE SAKA DA BIDE PREMIER PO SEKOJA CENA.Ako sega taa SEKOJA CENA e imeto,treba da bidi dosleden i da reci deka cenata e skapa i nemozi da ja plati.Neka go dadi zhivotot(ostavka) i mu prepushti na drug da ja plati taa skapa cena.Ne veruvam deka ke se najdi takov od majka roden junak
da ja plati taa cena.Zatoa G-din Premier,toa shto 6 god. si drobeshe,sega treba i da si go srkash.Predizvikot e golem,isto i nagradata e golema.Ako go zacuvas imeto shto site go sakame....PREMIER ZA CEL ZHIVOT. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Обилни врнежи
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|