10.10.2012, 13:32 Потврдени затворските казни за две од трите девојки од „Пуси рајот“
Апелациски суд во Москва ги потврди двегодишните затворските казни за две од трите панкерки од групата „Пуси рајот“, кои беа осудени за хулиганство.
Третата членка на групата беше ослободена, откако нејзината казна и беше променета во условна.
Колегиумот на Московскиот градски суд ги потврди казните за Надежда Толоникова (22) и на Марија Аљохина (24).
Триесетгодишната Екатерина Самуцевич беше ослободена уште во судската сала, откако нејзината казна беше променета во двегодишна условна казна. |