10.10.2012, 14:10 Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Нов претседател на Советот на јавни обвинители на Република Македонија е Костадин Кизов од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар.
Советот соопшти дека Кизов бил избран едногласно на денешното продолжение на конститутивната седница. Тој раководеше со Советот и во претходниот состав во последните две години.
За заменик-претседател на Советот на јавни обвинители е избран Миралем Асани, кој и досега ја извршуваше оваа функција. |