10.10.2012, 14:27 Исчезнатиот овчар пронајден жив
Шеесет и деветгодишниот овчар од Мавровско, кој во неделата беше пријавен за исчезнат, е пронајден жив, но со тешки повреди. Како што соопшти МВР, Ќ.З. (69) од долнореканското село Скудриње, е пронајден вчера во вечерните часови во подножјето на Бистра. Во лоша здравствена состојба и со повреди на телото, итно бил пренесен и задржан во кичевската болница.
Според првичните изјави што ги дал, 69-годишникот се изгубил и не можел да се снајде, при движењето задобил неколку повреди од паѓање, а и бил нападнат од диви животни. Тој во неделата заминал со стадото овци на напасување, но до доцна вечерта не се вратил. (Х.Р.)
|