11.10.2012, 14:46 Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви, што е со цел да се спречи поскапување на лебот. Според огласот кој е објавен, ќе се интервенира со 2.900 тони меркантилна пченица, со почетна цена од 12 денари по килограм. Јавното наддавање ќе се одржи следната недела, а ако има барања поголеми од понуденото количество, ќе има пропорционална распределба на бараните количини.
Инаку, од неодамна дел од мелничарите и пекарите најавуваа поскапување на лебот за над 10 отсато. Како причини ги наведуваа повискоките цени на житото, зголемувањето на цената на енергенсите и помалиот принос поради сушата. (Ек.Р.)
|