11.10.2012, 12:12 Честитка од Иванов за Денот на народното востание
Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод Денот на народното востание, истакнувајќи дека прославата на 11 Октомври е уште една можност да се присетиме и да им се заблагодариме на сите знајни и незнајни херои од НОБ, кои ги дадоа своите животи за слободата на Република Македонија.
Претседателот потсетува на придобивките што за идните генерации ги оставиле борците на НОБ пред 71 година борејќи се против фашизмот и потоа, на Првото заседание на АСНОМ, поставувајќи ги темелите на независна Република Македонија.
- Благодарение на нив дене�� можеме слободни, свои на своето, сами да ја градиме и да решаваме за својата иднина...На овој светол празник уште еднаш да се потсетиме дека Македонија била, е и секогаш ќе биде на страната на прогресот, демократијата и слободата. Оттука, нашето членство и припадноста во евроатлантските структури, како репери на денешниот напреден свет е сосема природно и заслужено, стои во честитката на шефот на државата
|