02.12.2009, 18:15 Државата се мисли колку вакцини да нарача
Вакцинацијата на лекарите се одвива тешко, па Комисијата се' уште не одлучила колкава да биде набавката од Холандија
Државата е во дилема колку вакцини да набави од Холандија. Комисијата за пандемски грип се' уште се мисли колку дози да нарача од вакцината против пандемскиот грип поради тоа што вакцинацијата кај здравствените работници се одвива тешко. Комисијата стравува да не се повтори истото тоа и со вакцинацијата на ризичните групи, па да не се потрошат вакцините.
„Комисијата се' уште нема дефинирано колку вакцини ќе ни требаат. Количините ќе зависат и од тоа како ќе се одвива вакцинацијата на лекарите“, ни изјави министерот за здравство, Бујар Османи. Според него, не треба да се стравува дека ќе останеме без вакцини зашто Македонија е прва на листата на земји што ќе имаат право да купат од вакцините на Холандија, зашто со оваа земја преговараме уште од септември. Холандската влада одлучила да продаде 8 милиони дози од вкупно 34 милиони дози колку што купила. „Цената на вакцината е околу 9,11 евра. Така ме известија од амбасадата“, ни рече министерот Османи, кој не откри која вакцина ќе ја нарачаме, на „Глаксо“ или на „Новартис“. Тој не знаеше ни дали цената е со ДДВ или без него и дали во таа цена е вклучен транспортот.
Во меѓувреме, грипот и натаму зема замав. Училиштата и градинките се полупразни, така што се добива впечаток дека новиот грип се' повеќе ги напаѓа децата од предучилишна и училишна возраст. Но, од училиштата и од градинките велат дека сите не отсуствуваат зашто се болни, туку многу родители не ги пуштаат децата и поради тоа што се плашат да не се разболат.
Во текот на вчерашниот ден, во Скопје се регистрирани триесетина нови сомнителни случаи на новиот грип. Од нив 18 се примени на Инфективната клиника, со што вкупната бројка на болничко згрижени пациенти се искачи на 89. Од новопримените болни, една пациентка е во потешка здравствена состојба и е поставена на апарат за дишење. На респиратор е уште и 25-годишното момче. Сите други заболени се во стабилна здравствена состојба. На Инфективното одделение во Воената болница се примени шест нови случаи, со што во ова болница вкупно од новиот грип се лекуваат 35 пациенти. На Детската клиника се лекуваат 70 деца, на возраст од шест месеци до пет години од кои три се нови случаи. Три деца се со потешка форма на бронхопневмонија, но дишат самостојно, додека другите, по препишната терапија, се во подобра здравствена состојба. (Ј.Ј.) |
|
Статијата е прочитана 1092 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Баба Ката од Секулицу, 03.12.2009 01:11:19 | Од проекте и рекламе на Владу која ме спашава од тутун, а качи ми “жту тиквеш“ за 50 денара, досади ми и што сам јоште жива. Друга РАБОТА. Овуј вакцину од НОВАРТИС у Словенију била 5 ЕВРА, у Србију 8 ЕВРА,а куде нас се купује за 9,11 ЕВРА. И с’г ако ставеш превоз, манипулативни трошоци, ДДВ ете, брат брату, нема да бид под 15 ЕВРА! Некој дебело ќе се омрсе и пред Божиќ! Синко ГРУЈО неќу да иду на БАЊУ!Дај ми две шишиња Ж’ТУ и мој глас ќе биде твој. Ако не, нема! Т’ка да знаеш! Немој отпосле з’што направи ткој баба Като! |
| Petre, 03.12.2009 07:29:12 | Prvo Ministerot za zdravstvo da se vakcinira za primer.. |
| SPIRIDON, 03.12.2009 09:55:49 | U start da rasčisteme,ne e za vregjanje rabotata.A be mlado voa ministerčeto,ne e lošo,ama nema iskustvo,ne videlo svet, i sea sekoja belosvetska manguparija,skriena zad fabrika za vakcini,ke ti prodava "vakcini",oti tuka e gripo,puščen e.I sea deteto koj kraj da go fane,a pošteno e,poznava se,stvarno.Da go praša dedo mu kako pominuval so gripo,oti vaa belja ne e ot sea,a sigurno e živ i zdrav i pet pari ne dava za modernio,svinski grip,modi,šo da praeš,ke mu kaže.Luk dete.Toa e spaso za Makedonija.Luk so malku ocetče,može po novo i so jogurt.A po nego tri četiri lista magdanos,da izđvaka i ne miriše.Pa mesto 15 evra za vakcina,ne znaeš šo se ima u nea,vladata da podele po edno kilo luk na narodo,u venec ili rasturen,naš makedonski,em ke pomogne na zemjodelcite,te rabota za kumo na Nikolčo,em ke ostane neščo u kasata,em zdrav narod.Magdanos sekoj sam da si kupe,neli.Aj da vidam tugaj grip li,holesterol li,pritisok li.A be izmislena rabota e luko,ne slučajno.Pa toa bile vampirite porano |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 17°C
|
Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|