11.06.2012, 14:15 ДПС ги суспендира односите со Иванов
Демократска партија на Србите во Македонија одлуката за неприсуство на инаугурацијата ја проценува како е непринципиелна и крајно штетна за односите меѓу двете држави и двата народа
Демократска партија на Србите во Македонија во денешното соопштение до медиумите наведува дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија Томислав Николиќ, е непринципиелна и крајно штетна за односите меѓу двете држави и двата народа.
- Одлуката одлука не е во функција на унапредување на односите меѓу двете држави и двата народа и јакнење на постигнатиот степен на меѓусебна соработка и доверба, и е лицемерна кон припадн��ците на македонската заедница во Србија која на изборите му ги даде своите гласови токму на новиот српски претседател и која во соработка со неговата партија по прв пат стана парламентарна, се вели во партиското соопштение.
За Демократска партија на Србите во Македонија е неразбирливо зошто со својата одлука, претседателот Иванов ја приклучил Република Македонија кон, како што се наведува, „една група на држави, која се повеќе наликува на непринципиелна регионална коалиција, која не го почитува легитимниот и легалниот избор на српскиот народ и не ги уважува неговите интереси, со што на директен начин ја загрозува регионалната стабилност и соработка“. |