11.06.2012, 11:27 Нафтата поскапе по одобрувањето помош за Шпанија
Нафтата на Њујоршката берза е во пораст од два долара и сега чини 86,10 долари за барел
Нафтата денеска во Азија поскапе над 86 долари за барел откако еврозоната и понуди на Шпанија 125 милијарди долари заем за спасување на шпанските банки.
Нафтата за испорака во јули во електронското работење на Њујоршката берза е во пораст од два долара, на 86,10 долари за барел, откако во петокот беше со цена од 84,10 долари, 72 цента поевтино отколку претходниот ден.
Во Лондон марката Брент за ист термин за испорака поскапе за 2,09 долари на 100,56 долари за барел. Нафтата минатиот месец поевтини од 106 долари бидејќи банкарската криза во Шпанија се закани да забрза успорување во економиите во зоната на еврото што би ја намалило побарувачката за „црното злато“. |