11.06.2012, 14:02 Досега одземени 105 возила на диви таксисти
Илустрација
Во акцијата „Сив пајтон“ во текот на мај привремено се одземени вкупно 23 возила со кои бил вршен нелегален превоз на патници
Во акцијата „Сив пајтон“ што ја спроведува Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за внатрешни работи, во текот на мај привремено се одземени вкупно 23 возила со кои бил вршен нелегален превоз на патници.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека од почнувањето на акцијата досега се одземени вкупно 105 возила на лица кои не ги почитувале законските обврски и вршеле превоз без соодветните дозволи и лиценци.
Акцијата се спро��едува претежно на влезно-излезните места од градовите и во сите општини во Република Македонија.
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца. Освен предвидената глоба, предвидено е привремено одземање на возилото што било користено за превоз на период од шест месеци до една година.
Акцијата „Сив пајтон“ континуирано продолжува да се спроведува во сите градови во Република Македонија со цел воведување ред во превозот во патниот сообраќај, доследно почитување на законските прописи, намалување на нелојалната конкуренција и овозоможување сигурен и безбеден транспорт за патниците, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски. |