Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.06.2012, 15:23

Новинарите бараат од судиите да не постапуваат селективно

„Многу тужби, малку слобода“, „Селективната правда е најголема неправда“, „Душевната болка ја лекува вистината“, „Самоцензурата е полоша од цензурата“, „Стразбур му е мајката за тужбите“... Со овие и слични пароли, новинарите вчера точно напладне го изразија својот револт пред најголемиот суд во државата- скопскиот Кривичен суд, во кој се решаваат и наоѓаат најголемиот број предмети поврзани со клевета и навреда.

Новинарскиот протест, организиран од Здружението на новинарите на Македонија, е израз на незадоволство поради лошата практика на судовите во однос на медиумите. Новинарите на вчерашниот протест побараа од судиите да постапуваат неселективно, да не се користат тужбите како средства за вршење притисок, да ги намалат непропорционалните надоместоци за нематеријална штета, како и намалување на долгите и неефикасни постапки.

Бараме судиите да ја следат практиката од Европскиот суд во Стразбур. Големиот број тужби за клевета против новинари, високите надоместоци за нематеријална штета и долгите постапки се резултат на лошата судска практика, беше речено на протестот пред Основниот Суд 1.

„Сакаме да ги поддржиме судиите кои одговорно си ја извршуваат функцијата и да ги повикаме другите да не изрекуваат високи отштети за клевета и навреда за да се умилкуваат кај политичарите. Бараме законот да важи за сите, затоа што селективна правда е најголема неправда. Не може новинарите да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки“, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Според Селмани, време е одговорноста да се индивидуализира и оти не може за лошата работа на мал број несовесни судии да се прокоцка довербата на целото судство. Тој потсети дека судиите се чувари на слободата на изразување и на сите човекови права и слободи и ги повика да ја следат практиката од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 504 пати.

Испрати коментар



Денеска конечно благо опаѓање на температурата
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Високи затворски казни за „франкфуртската мафија“
Повторно ќе се воведе „мајчината книшка“
Чавез поднесе кандидатура за претседател
„Меѓаши“- Во Македонија има злоупотреба на детски труд
Николиќ- Србија ќе продолжи по европскиот пат
Бујар Нишани е нов претседател на Албанија
Жештините ќе траат до четврток
ДПС ги суспендира односите со Иванов
Досега одземени 105 возила на диви таксисти
Димас- решението за спорот е кај Груевски
Грозоморно убиство во Смоларе
Нафта��а поскапе по одобрувањето помош за Шпанија
Црвенковски повторно го повика Груевски на ТВ дуел
Во сообраќајка загина мотоциклист
Си земала 500.000 денари и пријавила разбојништво
Конфискуван српски автобус оти користел „црвена нафта“
Девојче тешко повредено од убоди со нож
Превирања во подмладокот на СДСМ
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |