Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.06.2012, 12:41

Грозоморно убиство во Смоларе


Куќата во која се случило убиството

Триесет и петгодишна жена ја убила сосетката, удирајќи ја со тула по глава

Грозоморно убиство го потресе селото Смоларе. Триесет и петгодишната Маја С. ја убила својата 76-годишна сосетка Вера Цветанова, удирајќи ја со тула по глава. Жителите на село Смоларе се згрозени од убиството. Коментираат дека причината за суровото убиство биле нарушените односи меѓу двете сосетки.

Убиството се случи завчеравечер околу 20 часот во ходникот од куќата на сосетката Динка Н. (91). Со неа седела Вера, кога дошла Маја и со метална коса и бекатон-тула и' нанела смртни повреди во пределот на главата. Деведесет и едногодишната старица се обидела да ја спречи Маја, но не успеала. И таа била нападната при ш��о и' била нанесена повреда на десната рака во пределот на подлактицата и зглобот, по што успеала да се извлече и да избега кај соседите. Веднаш била алармирана полицијата која со истражен судија и заменик-јавен обвинител извршиле увид, а пристигнал и лекар кој ја потврдил смртта кај старицата.

Жителите на село Смоларе се згрозени од убиството и велат причината за тоа биле нарушените односи меѓу Вера и Маја.

„Подолго време не беа во добри односи, често се расправаа. Убиената Вера беше многу лоша жена, со ножови влегувала во дворот на Маја, ја плашела и неа и децата, а пред некој ден со камења фрлала по прозорците. Пријавиле и во полиција. Маја викаше ’вака не се живее, мора да ја уништам таа жена’. И така се случи“, раскажуваат соседите. Според нив, Вера била кај соседите кога била забележана од Маја.

„Но, бидејќи имала епилепсија, во тој момент и' се слошило и паднала. Но, кога се освестила уште мамурна ја зела косата и веднаш отишла да се пресмета со Вера. Со косата ја пресекла по главата, а потоа зела и една тула и ја убила. Се' признала и викала ’ја отепав оти ме малтретираше мене и децата’. Штета голема“, раскажуваат жителите на Смоларе.

Според нив, една од причините за постојаните кавги меѓу Вера и Маја била љубомората на Вера. Таа ја обвинувала Маја дека била во врска со нејзиниот сопруг.

„Вера постојано се расправаше со Маја и викаше оти била во врска со маж и' и тој постојано трчал по Маја, поради тоа често се расправаа и ете се случи оваа трагедија“, додава еден од соседите на убиената Вера.

Според некои од жителите, сопрузите на Вера и Маја биле во роднински врска. Телото на убиената старица е дадено на обдукција, а од вчера попладне осомничената Маја се наоѓа во 30-дневен притвор.(С.Т.)


Статијата е прочитана 4393 пати.

Испрати коментар



Денеска конечно благо опаѓање на температурата
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Високи затворски казни за „франкфуртската мафија“
Повторно ќе се воведе „мајчината книшка“
Чавез поднесе кандидатура за претседател
„Меѓаши“- Во Македонија има злоупотреба на детски труд
Николиќ- Србија ќе продолжи по европскиот пат
Бујар Нишани е нов пре��седател на Албанија
Жештините ќе траат до четврток
Протест на новинарите пред Основниот суд 1 во Скопје
ДПС ги суспендира односите со Иванов
Досега одземени 105 возила на диви таксисти
Димас- решението за спорот е кај Груевски
Нафтата поскапе по одобрувањето помош за Шпанија
Црвенковски повторно го повика Груевски на ТВ дуел
Во сообраќајка загина мотоциклист
Си земала 500.000 денари и пријавила разбојништво
Конфискуван српски автобус оти користел „црвена нафта“
Девојче тешко повредено од убоди со нож
Превирања во подмладокот на СДСМ
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Brisel, 11.06.2012 21:18:48
za greota

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |