10.06.2012, 19:39 Си земала 500.000 денари и пријавила разбојништво
Секторот за внатрешни работи-Скопје до скопското Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Г. (49) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека на вчера лажно пријавила кривично дело „разбојништво“, со цел да се стекне со противправна имотна корист од 500.000 денари.
Според соопштението на МВР, В.Г. како вработена во Македонски пошти во експозитурата лоцирана на ул.„Коце Металец„ во Скопје, била должна сите уплати напаравени тековно, секој ден, да ги внесува во персоналниот компјутер. Но, во засега неутврден временски период, пријавената со несовесно работење и лажно преставување на фактичката состојба во експозитурата, успеала да се стекне со противправана имотна корист од околу 500.000 денари.
В.Г. свес��а дека неможе да ги врати противправно стекнатите средства, вчера, околу 9:30 часот, во Полициската станица „Гази Баба“, лажно пријавила дека непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништо во експозитурата, при што одзело околу 500.000 денари, средства кои таа наводно ги спремала да ги предаде на Службата за обезбедување на Македонски пошти.
Веднаш по пријавувањето на кривичното дело, полициски службеници од СВР Скопје, заедно со одговорни лица од Македонски пошти извршиле увид на местото на настанот. Од извршениот увид, пописот на документите и персоналниот компјутер во експозитурата, пописот на паричните средства, како и од анкетирањето на граѓани е дојдено до сознание дека В.Г. лажно пријавила кривично дело „разбојништво“, со цел да се стекне со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.
По ова, врз основа на наредба од Основен Суд Скопје 1, извршен е претрес во домот на пријавената, при што се пронајдени 30.000 денари, кои се дел од парите кои истата успеала противправно да ги присвои.
|