27.11.2011, 11:57 (ВИДЕО) Пандев кон тренерот Мацари: „Губи се!“
Според италијанските новинари, Горан Пандев при напуштањето на натпреварот помеѓу Аталанта и Наполи (1-1) имал вербален конфликт со тренерот на наполитанците Валтер Мацари.
Според видеоснимките кои веднаш беа публикувани во италијанските електронски медиуми, Пандев му рекол на Мацари: „Губи се“, односно ги искориситил зборовите „Vaffa“.
Нашиот интернационалец го напушти теренот во 62. минута иако се покажа во добро светло после повредата а две минути подоцна Аталанта постигна погодок, но наполитанците останаа непоразени благодарение на Кавани кој изедначи во 94. минута.
Горан не се поздрави со тренерот и нервозно седна на клупата, а голем број на навивачи на Наполи на социјалните мрежи побараа клубот да го врати во Интер во јануарскиот преоден рок.
Веднаш после натпреварот, Валтер Мацари даде изјава во која кажа дека можеби Пандев требало да игра повеќе, но појасни дека неговата замена е поради физичката подготовка.
Во синоќешното дерби, фудбалерите на Јувентус минимално славеа со 1:0 на гостувањето во Рим против Лацио и се вратија на првото место на табелата во Серија А. Единствениот гол беше дело на Симоне Пепе во 34. минута на асистенција на Матри.
Новара со пресврт дојде до бодовите против Парма (2:1). Гостите поведоa со автоголот на Центуриони во 29. минута, а за целосен пресврт се погрижија Рубино и Риџони во вториот дел. Во последниот вчерашен дуел, Катанија со голот на Баријентос во 90. минута го порази Лече.
Il vaffa di Pandev a Mazzarri from Olef Nistrom on Vimeo. |