21.10.2011, 14:43 Масловар нов селектор на македонската ватерполо репрезентација
Тој доаѓа на местото на Игор Гочанин во паузата меѓу двата бараж-дуела со Франција за пласман на ЕП 2012 во Холандија.
Црногорецот Зоран Масловар е нов селектор на машката ватерполо репрезентација на Македонија. Тој доаѓа на местото на Игор Гочанин во паузата меѓу двата бараж-дуела со Франција за пласман на ЕП 2012 во Холандија.
Масловар во моментот е на кормилото на рускиот прволигаш Штурм. Едно време беше селектор и на Србија и Црна Гора и неколку клубови на просторите на поранешна Југославија.
Дебито на македонската клупа Масловар ќе го има на 29 октомври во Скопје во реванш мечот со Французите во кој ќе се обидеме да ја достигнеме негативата од два гола од првиот натпревар во Париз и да се пласираме на завршниот турнир во Холандија. (С.Д.)
|