Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
18.05.2012, 12:29
МАНУ: Македонија да биде примена во НАТО со референца


На тој начин НАТО ќе даде решавачки придонесе за побрзо завршување на преговорите меѓу двете страни и ќе ги спречи негативните последици

Македонската академија на науките и уметностите смета дека се исполнети сите услови, на претстојниот Самит на НАТО во Чикаго или на кој било иден собир на негови овластени претставници, на Република Македонија да и биде упатена покана за членство под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, со уважување како рес јудицата на пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција не може да се противи на нејзиниот прием. На тој начин НАТО ќе даде решавачки придонесе за побрзо завршување на преговорите меѓу двете страни и ќе ги спречи негативните последици во сите подрачја на општествениот живот.

Се потсетува дека предмет на Привремената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција од 1995 година и Резолуцијата на Советот за безбедност на ООН 817(1993), е исклучиво името на државата Република Македонија што ќе се употребува во ООН.

Според МАНУ, спротивно на основните начела на правото и правдата е проширувањето на тој предмет врз прашањата за етно-културниот идентитет на македонскиот народ, името на македонскиот јазик, уставното име на државата, името под кое Република Македонија е призната во билатералните договори со други држави или воопшто употребата на името Република Македонија и атрибутот македонски надвор од ООН.

„ Етнокултурниот идентитет на секој народ е историска и културна придобивка и колективен сублимат на природното човеково право на припадност кон определена заедница, на национално и државно-правно определување, а јазикот сврзно ткиво на националната и културната заедница и основна карактеристика и услов за нејзината посебност, опстојување и иднина. Името на секоја држава, како и правото на именување на поединецот и народот, е меѓународно признато основно човеково право, велат од МАНУ.

Од Академијата потсетуваат дека со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5 декември 2011 година е утврдено дека Република Грција ја повредила својата обврска да не го спречува пристапот на Република Македонија во меѓународните организации под нејзината референца.

На крајот се додава,дека пресудата фрла нова светлина врз одлуката од Самитот на НАТО во Букурешт (2008) и врз условниот прием на Република Македонија што треба да следи по решавањето на спорот за името. Пресудата констатира дека преговорите помеѓу двете страни успешно се одвиваат во добра вера за нивно продолжување и завршување, дека Република Грција веќе прифатила привременото име да го содржи зборот Македонија и дека Република Грција не ставала приговори при приемот на Република Македонија со референцата во други меѓународни организации, се истакнува во соопштението. (П.Р)




Статијата е прочитана 1142 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



Пречекорување овластувања е во рез.817СБОН, 47-225 ГСОН, 18.05.2012 13:48:55
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
Mark, 18.05.2012 15:16:20
Hi hi hi, majtap-drzava! Do skoro bese Dont FYROM me a sega Please FYROM me! Za grevoi sme...
Franko, 18.05.2012 16:31:59
Slepci nizaedni.Sto cekavte 20 godini za da go predlozite ova.I vrapcite na drvo znaea deka toa e joker-sto ke ne vnesese vo EU i NATO.Sega e malku prekasno.Vozot pomina.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култу��а | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |