04.03.2009, 20:16 Што прават денеска
Борис Трајанов
баритон Денеска патувам во Штип за да им одржам предавање на моите студенти од ФМУ на Универзитетот „Гоце Делчев“. По предавањата, веднаш се враќам за Скопје, бидејќи ме очекува состанок околу организацијата на „Денот на дрвото“ што ќе се случува на 14 март.
Петар Ренџов
музичар
Бидејќи синоќа имав „долгометражен“ настап, денеска утрото ми се случува околу пладне. Веднаш се растрчувам по собирање докази за УЈП, по фирмите за кои сум настапувал минатата година, па да поднесам даночна пријава. Во 15 часот играм тенис со ќерка ми, а вечер настапувам во ноќниот клуб „Миднајт“.
Ристо Поповски
рак. на финансии на ФК „Работнички“
Покрај редовните обврски во клубот, се' уште сум под импресии од турнирот во Варна, каде што ветераните на „Работнички“ во силна конкуренција го освоија првото место. Финалниот меч беше пренесуван од Бугарската национална телевизија. Денеска за овој успех ќе ги почестам ветераните „Кај Вршац“ по нивн��от тренинг.
|