04.03.2009, 20:24 Дневен хороскоп
Овен
Од настаните што следуваат би можеле да имате голема корист. Бидејќи сте во хармонија со себе и со околината, тоа значи двојна добивка, и на професионален и на емотивен план. Доколку се соочувате со здравствени проблеми, не грижете се, бидејќи се од минлив карактер.
Бик
Денот е создаден за успех. Покрај тоа што ќе славите, ќе имате можност да ја проширите соработката и со луѓето околу вас. Конечно успеавте да ја повратите самодовербата, а со тоа и вербата во луѓето. Не откажувајте се од ништо, бидејќи планетите укажуваат на позитивен исход од настаните.
Близнаци
Се нервирате и повеќе отколку што треба. Бидејќи ситуацијата во која се наоѓате бара да го намалите темпото, би било подобро да се осврнете на друг вид активности кои, пред се', ќе направат да се чувствувате посилно. Доколку успеете да се изборите со тврдоглавоста, резултатите ќе дојдат побрзо од очекуваното.
Рак
Без никакви причини постојано се чувствувате тензично. Иако се обидувате причините да ги пронајдете кај другите, сепак, иницијалната каписла лежи во вас. Барате проблеми и тогаш кога ги нема. Можеби сте свесни дека понекогаш навистина се чувствувате безволно и уморно од се'.
Лав
Желбата за доминација е нешто од кое ќе се водите во текот на целиот ден. Околината ќе се обиде да ве игнорира кога се буди шефот во вас, но умеете да се изборите за она што го сакате. Свесни сте дека располагате со голем квалитет, но тоа не мора секогаш да значи дека треба да се натпреварувате со другите.
Девица
Не дозволувајте некој да си поигрува со вас, бидејќи нема потреба за такво нешто. Работата ќе ви претставува дополнителен напор, па затоа исцрпеноста и намалениот имунитет ќе бидат главна одлика неделава. Емотивната состојба е ставена под прашалник поради вашата несигурност во партнерот.
Терезија
Иако работата од вас бара целосна концентрација, авантуристичката природа на знакот ќе ве натера да се фокусирате на сосема поинакви нешта. Нервниот систем е изложен на напрегање, па можеби е подобро да ги стивнете страстите и да сфатите дека не може секогаш да ја терате својата страна од приказната.
Скорпија
На пат сте да решите бројни животни проблеми, кои ќе ви овозможат многу подобро да функционирате во иднина. Мора да бидете рационални со трошењето на средствата, бидејќи финансиската ситуација го налага тоа. Не сте секогаш во право, особено кога станува збор за проценувањата на луѓето.
Стрелец
Сега може да започнете со планирање на некое патување или нова работа. Емотивната ситуација е стабилна, па немате причини за грижа и нервоза со партнерот. Уживајте во убавите мигови и искористете ја поволноста на планетите.
Јарец
Потребни се драстични промени кои може да ви помогнат да го изнајдете вистинското решение. Внимавајте во секој поглед. Не избрзувајте, независно дали станува збор за некоја одлука поврзана со работното место или, пак, за нешто приватно. Започнете со планирање, но за реализацијата почекајте подобри времиња.
Водолија
Потенцијалните проблеми успеавте да ги решите навреме, па затоа сега имате доволно простор да се посветите на она што ви причинува задоволство. Внимавајте на системот за варење, бидејќи се можни проблеми кои ќе ви пречат во извршувањето на редовните активности.
Риби
Ќе успеете да го постигнете долгоочекуваниот баланс во себе, што дополнително ќе придонесе да се чувствувате задоволно. На работното место од вас ќе се бара да донесете некоја конечна одлука, која по бројните препреки ќе се покаже како најсоодветно решение. На ваше лично изненадување ќе успеете во својата замисла.
|