Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска Понови вести
Политика
28.09.2010, 18:00

Eдна општина, паралелни светови

Националната институционална рамка е добро поставена, но, сепак, за унапредување на постојните политики и за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог, потребни се доследна примена и одредени измени во законската сфера.

Ова е една од препораките наведени во Извештајот на националните и на локалните капацитети за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка, изготвен од УНДП и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Како дел од проектот за унапредување на меѓуетничките односи со поддршка на програмата на ОН, Секретаријатот и амбасадата на Шпанија во градовите Куманово, Кичево и Струга ќе се спроведува проект што има цел јакнење на дијалогот и соработката меѓу етникумите во земјава.

Вицепремиерот Абдулаким Адеми рече дека овој проект ќе влијае врз спроведување на чувствителни точки од реализацијата на Рамковниот договор. Според постојаниот претставник на УНДП, Весна Џутеска-Бишева, смета политичарите имаат можност и капацитет да ги подобрат меѓуетничките односи, додека граѓанскиот и невладиниот сектор се недоволно искористени.

„Локалните власти во Кичево, Куманово и во Струга укажаа на позитивни примери на унапредување на меѓуетничкиот дијалог и соработка. Граѓанскиот сектор укажува на непостоењето доволно можности за интеракција меѓу младите од различните етнички заедници, кои иако живеат во една општина, се' повеќе живеат во паралелни светови“, е наведено во Извештајот, кој го презентираше Весна Џутеска-Бишева. Истовремено е посочено дека простор за подобрување на организациските и на индивидуалните капацитети постои, особено во однос на ефикасното спроведување на законите поврзани со правата на малцинствата и новите закони што произлегуваат од процесот на усогласувањето на домашната со законската регулатива на ЕУ. (Св.У.)


Статијата е прочитана 1453 пати.

Испрати коментар



Јелникар заминува од Фондот за здравство
Скопје - град што се дели
„Името е име“ помина со аплаузи за премиерот
Стандардот на дното, Груевски на врвот

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Магла

Сабота
Магла
Макс: 12°C, Мин: -4°C

Недела
Магла
Макс: 12°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Понови вести |