03.10.2012, 09:09 Генерален штрајк на Белгиската железница
Железничкиот сообраќај во Белгија денеска е во целосен прекин поради генералниот 24-часовен штрајк на вработените, кои бараат повторно разгледување на најавените реформи во управувањето на железниците.
Поради штрајкот не сообраќаат домашните и меѓународни возови, што се однесува и на супербрзите возови „Еуростар“ и „Талис“ кои го поврзуваат Брисел со Париз и Лондон.
Штрајкот на белгискиот синдикат на железнички работници е против најавите на Владата за поделба на државната железница на две јавни претпријатија, што според работниците отвора можност голем дел од нив да останат без работа.
Белгискат�� железница на државата и должи повеќе од четири милијарди евра. Сериозен проблем претставува и трошењето на подвижниот состав, со средна старост од 25 до 50 години на локомотивите. Една од целите на реформата е тоа да се промени. |