Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
03.10.2012, 10:05

Kомпромитирачкo видео пак во фокусот на претседателската кампања во САД

Овојпат е објавена стара снимка во која Обама им вели на Афроамериканците дека на властите не им е гајле за нив

Продолжува објавувањето на компромитирачки видео снимки во годинешниве претседателски избори во САД. Овојпат целта е претседателот Барак Обама. На објавената снимка, направена за време на негов митинг во 2007 година, Обама со силен афроамерикански акцент и зборува за населбите на Афроамериканците како „нашите маала“.

- Не треба да градиме повеќе автопатишта во предградијата. Треба да инвестираме во бизнисите на м��лцинствата, во нашите маала, вели Обама, правејќи разлика меѓу предградијата на американските градови каде живеат главно белите граѓани, и централните делови населени со малцинствата.

Обама во 40 минутната снимка, ја обвинува администрацијата на претходниот претседател Џорџ В. Буш не сакала да им помогне по ураганот Катрина поради расна омраза. Обама обвинува дека на Буш „не му е гајле за луѓето од Њу Орлеанс“ бидејќи таму живеат главно Афроамериканците и дека властите не дале доволно финансиска помош за градот кој беше поплавен од ураганот Катрина, додека дале повеќе пари по терористичките напади врз Њујорк и ураганот Ендрју.

- Што се случува во Њу Орлеанс? Каде се вашите пари? Нешто ми вели дека не им е гајле за луѓето во Њу Орлеанс, вели Обама.

Во други делови на снимката, Обама зборува за гневот на Афроамериканците и за насилните протести на расна основа во Лос Анџелес во 1992 година. Снимката била направена за време на предизборен митинг на Обама во градот Хемптон во Вирџинија во пресрет на кампањата во 2007 година.

Во публиката имало главно Афроамерикански свештеници, верници и студенти, а меѓу нив бил и контроверзниот Џеремаја Врајт од Чикаго, долгогодишниот свештеник на Обама. Обама мораше да се откаже од пријателството со свештеникот Врајт и јавно да го осуди, откако за време на кампањата беа објавени снимки од неговите богослужби, на кои Врајт ја проколнува Америка и поттикнува омраза кон белците во САД. На снимката, направена пред Обама да се дистанцира од контроверзнио свештеник, тој го поздравува Врајт како негов пријател и верски водач.

Влијателната телевизија Фокс, блиска до Републиканската партија, ја објави снимката точно во пресрет на денешната дебата, на која за првпат треба да се соочат Обама и републинаскиот кандидат Мит Ромни. Настапот на Обама бил објавен уште во 2007 година, но според Фокс, медиумите не известувале за спорните изјави на Обама и ова е првпат јавноста да ја види целосната снимка.

Во транскриптот од обраќањето, објавен од кампањата на Обама, биле избришани најконтроверзните изјави на актуелниот претседател. Ова е најновата во низата контроверзни снимки објавени во текот на кампањата.

Во претходниот видео-скандал, во тајна снимка објавена на интернет страницата на левичарското списание Мајка Џонс можеше да се види Мит Ромни како вели дека 47 проценти од Американците кои не плаќаат данок на доход и добиваат државна помош, сигурно ќе гласаат за Обама.

На еден месец од изборите, анкетите покажуваат дека се намалува предноста која Обама ја разви по конвенцијата на неговата партија во Шарлот. Неколку анкети вчера покажаа дека Ромни му се приближува на Обама на само неколку проценти разлика на национално ниво, но новите анкети во важните одделни сојузни држави како Невада и Вирџинија покажуваат дека Обама ја задржува својата предност.

Се очекува решавачки за изборите да бидат дебатите на кандидатите - Ромни и Обама ќе имаат три дебати, додека потпретседателските кандидат Пол Рајан и Џозеф Бајден ќе се соочат еднаш.


Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар



СДСМ ќе се појави на координација кај Вељаноски
Родители и петмесечно бебе повредени кај „Мајчин дом“
Сирија и се извини на Турција за вчерашниот напад
Ќе се градат 100 повеќенаменски игралишта
СДСМ - Вељаноски се обидува да ја опструира расправата за доверба на Владата
Бесими ќе отсуствува на гласањето за доверба
Тодоров не сака театрални изјави на преговорите со лекарите
ФФРМ една деценија ги едуцира земјоделците
Иванов бара помош од БиХ за смртта на Трајковски
Иванов - Имаме Времена спогодба и таа треба да се почитува
„Индекс мунди“ - Македонија 21. во светот по невработеност
Турскиот парламент одобри воена опeрација во Сирија
(ФОТО) Илјадници граѓани го преплавија „Скопје сити мол“
Владата го добила и ќе го разгледа писмото од Аврамопулос
ДДВ за компјутери и за сончеви колектори останува 5 отсто
„Сосиете женерал“ ја продава грчката филијала „Геники“
Светска банка бара 600 милиони нови работни места до 2020
„Аман“ отсега на протести во саботите
Владина делегација повторно замина во Индија
САД бараат шест млрд. долари од Иран за 11 септември
Ештон бара воздржаност од Турција и Сирија
Почина застреалниот жител од скопско Копаница
Претседателот Иванов во посета на Босна и Херцеговина
Аврамопулос предлага меморандум за договарање на рамката на преговорите
Tурската армија ги гранатира сириските позиции
Во првата рунда Ромни го победи Обама
„Арчелор Митал“ инвестира 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување
Немало пресметка меѓу ученици во Чаир
Петмина добитници на наградата „11 Октомври“
„Аутомобиле СК“ застапник за легендарниот „џип“
Со туѓи пари плаќале роденденски забави
Апелациониот суд ги потврди казните за „Фаланга“
Мартин Треневски го продаде радиото
Во Белград уапсена секретарката која намерно ширела ХИВ вирус
„Гугл“ пред „Мајкрософт“, „Кока кола“ на врвот
Демонстрации во Техеран поради падот на вредноста на риалот
Абдул Алили е осомничениот за двојното убиство во Италија
Отворен Информативен музејски простор на „Александар Велики“
Расмусен реизбран на челната позиција во НАТО
Јанкулоска - МВР нема нови сознанија за атентатот врз Глигоров
Австријци ќе инвестираат во еколошки проекти
(ФОТО) Скопје Сити Мол пoчнува со работа
Бесими - Македонија придонесува за регионалната и глобалната безбедност
Исламисти извршија јавна егзекуција во Мали
Бивш командант на ОНА пронајден мртов во штипскиот затвор
Kосовските емигранти испраќаат дома 600 милиони евра годишно
Атина дојде до Грците со сметки во Швајцарија
Генерален штрајк на Белгиската железница
Седумнаесет години од атентатот врз претседателот Глигоров

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |