03.10.2012, 11:57 Kосовските емигранти испраќаат дома 600 милиони евра годишно
Депозитите на косовските емигранти годишно изнесуваат 600 милиони евра, што претставува 14 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) на Косово.
Овие податоци се изнесени на панел дискусијата „Улогата на косовската дијаспора во економскиот развој на Косово“ организрана од Министертвото за дијапсора и Инситутот за развојни истражувања, РИИНВЕСТ.
Според студијата на Институтот, 41 отсто од косовските Албанци имаат член од семејството кој живее надвор од земјата, а 60 отсто од емигрантите живеат во Германија и Швајцарија. Од нив 58 отсто се вработени, додека 70 отсто од емигрантите на своите семејства во Косово им испраќаат финансиски средства.
Половина од добиените пари се користат за исхрана, 18 отсто за изградба на куќи, 17 отсто за здравствени услуги, 15 отсто за образование, додека само три проценти за инвестиции.
Диелза Гаши, директорка на Институтот РИИНВЕСТ, наведува дека делот што се користи за инвестиции е многу мал, додека парите од странство главно се користат за исхрана. |