16.08.2013, 18:40 На Иванов не му треба советник за безбедносни прашања
„Утрински весник“ во повеќе наврати го постави тоа прашање, но ниту еднаш не доби конкретен одговор од Кабинетот на претседателот
Татјана Поповска
Претседателот на државата Ѓорге Иванов веројатно е меѓу ретките, ако не и единствен шеф на држава кој целиот мандат ќе го помине без советник за национална безбедност, кој всушност треба да биде клучна фигура во кабинетот на еден највисок државен функционер.
„Утрински весник“ во повеќе наврати во текот на мандатот на Иванов, кој завршува за шест месеци, го отвори ова прашање, но ниту еднаш не доби конкретен одговор од неговиот Кабинет зошто нема советник за национална безбедност. Одговор на ова прашање, но и за тоа како претседателот Иванов функционира без советник за национална безбедност и со кого се консултира за овие теми, не добивме ниту вчера, иако прашањата беа доставени пред два дена. Особено што Иванов, како претседател на државата е и претседател на државниот Совет за безбедност кој го сочинува целиот државен врв – претседателите на Собранието и на Владата, министрите за одбрана, за внатрешни и за надворешни работи, како и надворешни експерти.
Без советник за национална безбедност во моментов е и премиерот Никола Груевски. Но, тој за разлика од Иванов во својот седумгодишен мандат имаше советник за национална безбедност – актуелниот амбасадор во Холандија Никола Димитров , кој за ова прашање беше советник на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот премиер Владо Бучковски. Груевски без советник остана откако Димитров беше именуван за амбасадор на Македонија во Холандија. Од Кабинетот на премиерот неодамна информираа дека веќе е распишан конкурс за прием на нови шест советници, меѓу кои и за национална безбедност. Очекуваат дека наскоро ќе заврши постапката за избор на новите советници, бидејќи првата фаза од постапката е завршена.
За поранешниот премиер Владо Бучковски е целосно неприфатливо двајцата клучни функционери во државата да работат без советник за национална безбедност. Тоа особено важи за претседателот на државата, бидејќи тој е и врховен командант на Армијата на Република Македонија.
„За мене е дикутабилна одлуката на шефот на државата цел мандат да го помине без советник за национална безбедност. Не може претседател на една држава да биде експерт за овие прашања. Всушност советниците за национална безбедност се клучни и многу важни членови во кабинетите на претседателите. Иванов сега е на крајот на мандатот и веќе и не е важно дали ќе назначи советник за овие прашања“, коментира Бучковски.
Тој смета дека Груевски очигледно сфатил дека е корисно да се има советник за национална безбедност и затоа распиша оглас за негово вработување. Поранешниот премиер потсетува дека кога тој станал прв човек на македонската влада само ја продолжил практиката на неговите претходници и за сите безбедносни прашања се советувал со експерти.
„Во мојот кабинет советник за безбедносни прашања беше амбасадорот Никола Димитров, кој дојде на ова место откако му заврши мандатот во амбасадата во Вашингтон. За национална безбедност се консултирав и со експертот за меѓународни прашања Александар Матовски“, потсетува Бучковски.
Според хиерархиската поставеност во претседателските кабинети, не само во земјава, советникот за безбедност е еден од тројцата најблиски соработници на шефот на државата, покрај генералниот секретар на кабинетот и советникот за надворешни работи. Негова обврска, меѓу другото, е да контактира со службите за безбедност и со резидентите на странските служби. Советникот за безбедност е и секретар на Советот за безбедност - советодавно тело на шефот на државата во кое членуваа�� претседателите на Владата и на парламентот и министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, како и тројца надворешни членови.
Претседателот Иванов, според информациите од неговата официјална интернет-страница, има шест советници. Во неговиот советнички тим се Лубен Арнаудоски - заменик генерален секретар за правни и финансиски работи, Иле Масалковски - заменик генерален секретар за организациски и протоколарни работи, полковник Васко Ѓурчиновски - Аѓутант на Претседателот, Дарко Костадиновски - државен советник за надворешна политика, Ахмед Ќазими - државен советник за економски прашања и
Љуљета Ќуфлију - советник за меѓунационални односи.
Како е во регионот
Наспроти практиката на Иванов, неговите колеги од регионот не си дозволуваат да функционираат без советници за безбедност. Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ на пример има голем советнички тим, а за безбедносни прашања го советува Саша Перковиќ, кој му бил советник и на поранешниот претседател Стипе Месиќ. Српски претседател Томислав Николиќ, за советник за одбрана и безбедност го поставил пензионираниот полициски генерал Милорад Симиќ, а претседателот на Словенија Борут Пахор за безбедносни прашања го советува Урош Крек. |
Статијата е прочитана 957 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.08.2013 00:13:03 | Ima toj *sovetnici* vo kabinetot kolku sakas, sinovi/kerki na razni partiski vojnici. No kako i da e, veke ne mu ni trebaat sovetnici. I onaka si odi. |
| mk-1, 17.08.2013 05:35:19 | Sto ke mu se razni sovetnici na prcedatelot Horhe pa gi ima metuzalemite M.Manevski so gospozata mu vkupno imaat 200 godini ha,ha,ha, sovetnici par ekselans - na budjet na RM i na siromasnite gradjani- ziveat i uzivaat kaj Horhe. |
| ZEMJATA, 17.08.2013 07:52:42 | Na Horhe ne mu se potrebni sovetnici a najmalku sovetnik za bezbednosni prasajna.Dodeka e tuka Pastirot toj e obezbeden od sekakva opasnost. |
| JAS, 17.08.2013 08:21:09 | Zasto ke mu e sovetnik????
I onaka toj ne odlucuva za nisto |
| SMK, 17.08.2013 09:22:05 | Najdoboro da go stavi prof. IGOR JANEV. Toj e najsilen struchnkak na Balkanot za diplomatija i megunarodnite odnosi. (ima 200 trudovi vo meg. spisania i 20 knigii vo oblasta na megunarodnite odnosi). |
| Mr. Presedatel, 17.08.2013 09:35:04 | Da be treba vas zabeganite da ve prasa toj ne raboti protiv Drzavata i vo 4 oci. |
| cile, 17.08.2013 11:11:15 | si ima toj sovetnici ama vie ne gi gledate od ververickite na vodno.
|
| od ostrijot, 17.08.2013 11:17:07 | na predsedatelot nemu trebat sovetnici on itaka neodlucuva nisto one samo marioneta vo kabinetot na grujo. |
| Marjanco, 17.08.2013 12:58:08 | Nema podobni licnosti od Republika Makedonija koi ja podrzjuvaat politikata na Vladata, taka da donesenata ili nasledena sistematizacija vo kabinetite na Pretsedatelot i Premierot ne se popolnuva.Sto ima strasno tuka, nemaat sudska izvrsna presuda po primerot na Presuda na OS Kumanovo 2 RO. br. 70/08 od 05.12.2008 godina (ne e Haska presuda ovaa, se razlikuva godinata, doprva ke sleduva i proces i Presuda od Hag za slucajot), za vrakanje na rabotnik vo MVR na rabotno mesto vo SVR Kumanovo.Za nesproveduvanje na sudskata presuda dokolku podnesete krivicna prijava protiv rakovoditelot na SVR Kumanovo po, primerot na Lj.Gjurceski (zamislete koj pusta predlog za rasporeduvanje na rabotnikot a se povikuva na sproveduvanje na sudskata presuda)do OJO ke Vi odgovori Vanco Muzelov, nema elementi za gonenje po sluzjbena dolzjnost, a naredniot rakoivoditel ke Vi odgovori deka MVR vo razgovori go ubedilo deka sudskata odluka e zadovolena, so pomala plata na rabotnikot i rabotni obvrski razlicni odn |
| Trofej na Vodno, 17.08.2013 18:24:09 | A sto ce mu na Horhe sovetnik, koga negovata uloga i onaka e cisto titularna i kurtoazna, Imame pretsedatel koj ama bas niosto ne odlucuyva i sluzi samo kako nekoj trofej vo kucata na Vodno |
| kumanovac, 17.08.2013 22:14:50 | Tocno e, Ivanov e marioneta na Vmro i na gruevski.Vo toa nema somnenie. Isto taka nema somnenie deka e podobra ova verzija od prethodnata, koga Crvenkovski bese marioneta na samiot sebe, i premier i predsedatel istovremeno tie dve godini dodeka sdsm bese na vlast. Kako sto vidite imalo poloso, a poloso bese prethodnoto, zatoa i se tamu kade sto se sega Sdsm. |
| Mirko, 18.08.2013 18:53:30 | Do kumanovec! Tropna i ostana ziv! Kakva ti e sporedba Branko, so Ivanov? Si cul za pogovorka = Kako Bog i sesirdzija! |
| bezanec, 18.08.2013 18:58:48 | Што да се пече-единствено како во цртаните вилмови- „Мек и Маер момци за се„ |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Ведро
|
Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест |
|